Blind Guardian - Tales From the Twilight World
01 Traveler in time
02 Welcome to dying
03 Weird dreams
04 Lord of the Rings
05 Goodbye my friend
06 Lost in the Twilight Hall
07 Tommyknockers
08 Altair 4
09 The last candle
10 Run for the night (Live)
Со овој албум почнав да навлегувам во водите на Power металот. Се деси тоа пред 2 години, кога уште бев релативно нов слушател на метал. После една година слушање на Maiden, Metallica, Apocalyptica, Slayer решив нешто ново да слушнам (а малце почнав да забегувам накај блек тој период) и му дадов празно DVD на еден другар да ми сними некои ствари. Му реков да ми сними mp3 од одредени албуми и бендови и ако остане уште место да сними нешто по негов избор.
Кога ми го даде снимениот диск, прво нешто што направив беше browsing за да видам што све има. Tales From the Twilight World беше единствен албум од Blind Guardian и кога го отворив фолдерот, ми падна во очи песната Lord of the Rings. После нејзино слушање си реков "Интересно ми изгледа бендов" и земав да го преслушам цел албум.
Прва песна, Traveler in Time, си викам "Добар бил ова Power металот". Welcome to Dying - многу моќна песна, си викам "This is the shit!" После следеше второ слушање на Lord of the Rings, па Goodbye My Friend, за веќе на Lost in the Twilight Hall, Blind Guardian да станат мојот нов омилен бенд. Не знаете како се осеќав додека ја слушав прв пат песнава, цел се наежив, такво чувство не се осеќа често. Со големо уживање го дослушав албумот, па после до крај на денот го ислушав уште 3 пати. На третиот пат веќе сфатив дека претерав и ми здосади малце, па затоа одма отворив каталог од CD Shop Prince (хехе немав добар интернет тоа време), видов дека има mp3 од Blind Guardian и уште наредниот ден си го порачав. Испадна дека тие 150 денари ми беа најдобра инвестиција во животот, ги добив сите албуми освен последниот. Кога земав да ги слушам... кој од кој подобар!
Забегав малце у пм, али нема везе. Сакав да кажам дека иако Blind Guardian имаат многу подобри албуми, сепак Tales From the Twilight World највише ми лежи на срце.