Нов формат на Лига на шампиони

П

Паспарту

Гостин
предлогот е добар, но според мене има уште многу да се работи на него за да биде идеален, еве зошто:
кога веќе натпреварувањето се вика лига на шампиони, подобро е да биде како порано во него да играат шампионот и второпласираните екипи од најсилните 3-4 првенства, а не вака 1/3 од екипите игра во лига на шампиони, втората во куп на уефа и третата третина од клубови се бори за опстанок што е стварно тапа. ЛШ моментално е составена главно од клубови од 5 земји и уште некој залутан тим :) со самото тоа финансиски најмоќните европски клубови дупло повеќе се богатат, а оние посиромашните се повеќе и повеќе тонат. затоа редно време е да се направи еден голем рез и да се дозволи на оние помалите земји да успеат да дојдат до дел од тој ‘‘колач‘‘, затоа што како што тргнале работите за 10 години фудбал ќе играат само најбогатите и најмоќните. сепак друга работа е што ако им се дозволи на помалите да се вмешаат во борбата за пари одма ќе се јават најголемите фудбалски клубови од европа и ќе си формираат своја лига и во таа лига нормално ќе си диригираат по свои ноти. европските гиганти не ги интересира фудбал, ги интересираат само парите запомнете го ова!:helou:
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.276
Поени од реакции
977
Многу добар предлог.Секој предлог кој ги зголемува шансите за да имаме преставник во лш го подржувам.со тоа автоматски би се подигнал и квалитетот на лигата.
 
V

Viktoranius

Гостин
нас ќе ни се допаѓа,дали ќе им се допаѓа на тие што имаат по 4 претставници?
Па сигурно дека нема да им се допага...ама кој ги прашува...
Тоа е Г-14 тоа е најмокната елита во фудбал во кој спагаат (Англија, Италија, Шпанија, Франција, Германија) тоа се 5-те најразвиени фудбалски земји и редно беше да се одзеде по еден претставник од овие земји...нека играат по 2 екипи директно и таа што е 3 место нека игра кфалификации...мислам дека така е фер и за екипите од послабо развиено фудбалските земји...па можеби ке имаме шанса да видиме некоја Македонска екипа во елитно европско натпреваруванје...:helou: :helou:
 
F

fantomX

Гостин
Од ваков формат најмногу би профитирале екипите од Романија, Украина, Грција, малку Австрија, па и Хрватска и Србија. Скоро сите од наброениве би добиле место во ЛШ. А за нас и другите земји со послаб рејтинг ништо погоре од второ квалификациско коло, можеби не ни тоа, за жал:toe:
 

ive

Член од
19 март 2007
Мислења
199
Поени од реакции
3
Абе фантом дали ќе бидам Романија, Украина, Грција, дали Македонија тоа не е важно.Важното е тоа што да речеме на помалите клубови од тие земји ќе им се пружи можноста да го искусат тоа натпреарување и со текот на времето да се доближат на моменталните доминантни клубови и земји на полето на фудбалоти да им парираат,а не да речеме само богатите клубови од Англија, Шпанија и Италија да доминираат.Не е интересно само за едни исти клубови да се збори низ годините.Мислам дека оваа промена ќе помогне за развитокот на фудбалот на овие подрачја.
 
F

fantomX

Гостин
Абе фантом дали ќе бидам Романија, Украина, Грција, дали Македонија тоа не е важно.Важното е тоа што да речеме на помалите клубови од тие земји ќе им се пружи можноста да го искусат тоа натпреарување и со текот на времето да се доближат на моменталните доминантни клубови и земји на полето на фудбалоти да им парираат,а не да речеме само богатите клубови од Англија, Шпанија и Италија да доминираат.Не е интересно само за едни исти клубови да се збори низ годините.Мислам дека оваа промена ќе помогне за развитокот на фудбалот на овие подрачја.
Само потенцирам дека ние не би имале скоро никаква корист од тој предлог, за другите земји ама ич не ме интересира. Нашите клубови се борат ама никако да влезат во групите а со вој предлог не би се променило тоа многу.:toe:
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Водечките европски фудбалски тренери меѓу кои се и Жозе Мурињо, Арсен Венгер, Отмар Хицфилд, Роберто Манчини и Хуанде Рамос го поддржаа планот на претседателот на УЕФА, Мишел Платини за промена во Лигата на шампиони.

Платини предложи победниците на националните Купови во 16-те најдобри лиги по рејтинг, меѓусебно да се борат за четири места кои би воделе во Лигата на шампиони.

„Одржавме квалитетен состанок со водечките европски тренери и тие поддржаа некои предложени промени. Многу сме задоволни бидејќи на состанокот немаше никакви негативни забелешки“, откри специјалниот советник на Платини, Вилијам Гаљард.

На состанокот со претседателот на УЕФА не присуствуваше менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон кој се противи на „туркање“ на победниците на Куповите во ЛШ.

„За разлика од него, Мурињо и Венгер беа воодушевени со овој предлог“, додаде Гаљард. Тоа го потврди и Португалецот во разговор со канадскиот дневник на италијански јазик Кориере Канадесе.

„Визијата на Платини за фудбалот е иста како и мојата. Ги поддржувам промените во квалификациите за Лигата на шампиони и мислам дека тоа е одлична идеја“, изјави менаџерот на Челзи.


Меѓутоа, предлозите на Платини не добија поддршка од сите. Во својот план за реорганизација на елитното фудбалско натпреварување, Платини сака на водечките лиги да им го одземе правото на четири претставници, што предизвика многу негативни коментари кај елитните клубови.

За возврат на тоа, наместо системот 2+2 (првиот и вториот се пласираат директно во групите од ЛШ, додека трето и четвртопласираниот играат квалификации), со предлогот на Платини сите три клубови од елитните лиги директно ќе се пласираат во натпреварите по групи.

Се очекува одлуката за новиот систем да биде донесена во ноември на состанокот во Нион.

Поздрав до Јове и до Г-14 или како да е това :pipi:
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
pa stvarno, so e povazen prvako na anglija od prvako na makedonija, osven to so imat pojke pari i so se popopularni?? nisto
Не е само што имат повеќе пари и што се популарни... работата е во тоа што првакот на Македонија не може да ја помине Левадиа од Естонија (една просечна екипа)...А првакот на Англија може сите тие екипи на еден начин да ги ЗГАЗИ! :smir:
 
F

fantomX

Гостин
Не е само што имат повеќе пари и што се популарни... работата е во тоа што првакот на Македонија не може да ја помине Левадиа од Естонија (една просечна екипа)...А првакот на Англија може сите тие екипи на еден начин да ги ЗГАЗИ! :smir:
Е затоа се сите планови за промени, за да силата на прваците од помалите земји се поизедначи со прваците на сите тие големи фудбалски велесили
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Е затоа се сите планови за промени, за да силата на прваците од помалите земји се поизедначи со прваците на сите тие големи фудбалски велесили
Се е океј...али мислиш ли дека силата ќе се изедначи?
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Да има целсона изедначеност е тешко остварливо, ама колку толку и помалите клубови да бидат поблиску до нивото на европските гиганти
Другар ...се слагам со тебе, и јас сакам некој наш клуб да игра во Лига на Шампиони, но сеуште е далеко до целосна изедначеност:smir:
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Хаха, страв му е на Фергусон изгледа :pos:

Абе шо сака нека биде! Таму има платени штручњаци шо најдобро знаат шо како треба, и што и да одлучат, тоа најверојатно ќе биде најдобрата одлука :)
 

Sprite

Bayern Fanatic
Член од
23 јули 2007
Мислења
447
Поени од реакции
36
"Помалку клубови од најбогатите и најмоќните земји, победниците на националните купови ќе се пласираат директно во Лигата на шампиони, а финалната утакмица на ова гламурозно натпреварување од 2009 год. ќе се игра во сабота. Мораме да осигураме правилна и урамнотежена распределба на развојот на фудбалот и парите во него, како не би богатите станале уште побогати " - Мишел Платини

Главни Платиниеви предлози за Лигата на шампиони:

- Англија, Шпанија и Италија би имале 3 клуба кои директно би се пласирале во Лигата на шампиони
(моментално имаат по 4) Прваците на дванаесет најдобри земји би имале загарантирано место во фазата со групи
- победници на Купот
од 16-те најдобри земји би влегле во квалификации за ЛШ
- 6 места во групите би биле загарантирани за прваците на земјите од европското дно
кои по коефициент заземаат од 14-то до 53-то место.Тие за 6-те места би играле меѓусебно 3 преткола. Тоа најверојатно значи дека нашиот шампион во третото предколо нема да добие толку јак противник како до сега.
- финалето би се играло во сабота навечер на стадион со не помалку од 75000 гледачи од кои за навијачите на двата клуба ќе биде резервиран 75% од капацитетот
Моментално навивачите добиваат трошки затоа што повеќе од пола од капацитетот на стадионот е за спонзорите и за "пријателите на UEFA".Платини за зголемувањето на процентот на картите за правите навивачи го наведе примерот со нередите кои избија на прошлогодишното Атинско финале на ЛШ кога голем број од Ливерпуловите навивачи неможеа да присуствуваат на финалето.
- Интертото купот би се укинал а Купот на УЕФА би го презел форматот на Лигата на шампиони
Лигата на УЕФА би се состоела од 12 групи со по 4 екипи. Првиот и второпласираниот од групите со третопласираните од групите на ЛШ би играле во нокаут фаза од 1/16 финале , па до крај.

"Ако некој не дојде со подобар предлог ќе го прифатиме мојот"
A germanija be kolku tima be 2 aj ne zezaj gluposti bez veze za takvi kako nas kako Vardar treba da ima i poseben kup a ne LS kade ke bidat poslabite timovi a ne kade ke se Barsa


i drugo koga nasiot najgolem stadion ne moze da se napolni za MALEDONIA - ESTONIA da ima samo 7000 gledaci za karta od 100den pa toa e sramota a ne pak nie za Vardar ke navivame poso kartata togas ke bide namalata i od 30eura pa koj ke odi KOMITITE abe ajde so zborite gluposti
 

Kajgana Shop

На врв Bottom