- Член од
- 8 октомври 2008
- Мислења
- 1.686
- Поени од реакции
- 20
Со огромно задоцнување честитки за победата. Вела, Едуардо и Ебуе се одмаздија за исфрлањето од Карлинг купот.
Каков гол на Вела, трети на исти начин во дресот на Арсенал, прво против Шефилд Јунајтед, па против Виган и сега против Барнли. Се гледа дека има потенцијал во него.
Едуардо, што има повеќе да се зборува, за 2 часа минати на теренот по враќањето од повреда постигна 3 гола, а беше и капитен. Каков само волеј исто како на плажа. Се гледа дека по потекло е Бразилец. Човекот е страв и трепет за противничкиот тим кога се наоѓе во шеснаесетникот. Што се е загубил Арсенал во изминатата година поради Тејлор. А пак само каков пас на Сонг... мешавина од Фабрегас и Метју од минатата сезона, две во едно. Убедливо најдобро издание во целата сезона.
Ебуе се трудеше цел натпревар и конечно го постигна долгоочекуваниот гол. Галас, Сонг пета и Ебуе прекрасен гол. Типична акција на оној Арсенал кој што го гледавме минатата сезона.
Сонг man of the match. Изигра неверојатно добро и скоро сите негови пасови беа прецизни. Ме изненади неговото издание и кога малку погреши веднаш си ги исправаше своите грешки.
Волкот се врати и веднаш промаши зицер, но отсуството од терените си го направи своето. Но подоцна набацената топка кон Ван Перси беше одлична само што Ван Перси промаши цел фудбал, но и тој е човек, на секого може да му се случи тоа.
Следува Хул и ако го помине Арсенал ќе игра на Вембли против Челзи. Колку само ќе ми биде мило да им се одмаздиме за финалето во Карлинг купот пред две години што беше. Финале со Манчестер Јунајтед. Три победи за трофеј.
Рома и Лигата на шампионите. Според изјавите на Венгер, во составот ќе ги вклучи и Едуардо и Волкот. Сеуште не се знае судбината на Туре... мали се шансите да патува во Рим. Најверојатно Џуру ќе биде во тандем со Галас.