nihilista, несериозно е да генерално зборуваш во името на сите научници и да ги ставаш нивните верски убедувања во еден ист кош, кога е факт дека постојат научници кои се недефенирани теисти, но има исто така и научници кои се христијани, потоа научници кои се протестанти, католици, православни, адвентисти, потоа научници кои се евреи, муслимани, будисти, хиндуисти итн.
Значи не може да се каже "научниците веруваат вака или онака", затоа што верата и лично убедување и секој научник си верува како што си верува. Затоа и јас избегнував да зборувам во името на група научници, туку се трудев да давам лични изјави/цитати од самите научници за да можеме да видиме од прва рака кои се нивните лични гледања околу верата во Бог, Библијата, христијанството и сл.
Сепак, мојата поента беше да го разобличам митот на кој е базирана оваа тема дека науката и верата во Бог се две спротивни нешта и за тоа се послужив со фактот дека многу врвни научници веруваат во Бог. А понатаму не сакав да одам. Кој научник како верува во Бог не ја засега конкретнава тема. Важно беше да се истанке дека огромен број научници веруваат во Бог, а бидејќи науката е множество од научниците и нивните дела, следува дека науката не го исклучува Бог, а тоа пак ја прави анкетава "Дали верувате во Бог или во науката" - БЕСМИСЛЕНА!
ako bog postoi toj e daleeeeku od ona sto nie lugeto mu go pripisuvame.
Ако Бог постои, тогаш можно е Тој да превзел иницијатива да им се објави на своите созданија.
Некои веруваат дека Бог не превзел таква иницијатива.
Некои веруваат дека Бог се објавил преку Библијата.
Некои веруваат дека Бог се објавил само преку Стариот Завет.
Некои веруваат дека Бог се објавил преку Кyранот.
Некои веруваат дека Бог се објавил преку ангелот Мормони и неговиот потпарол - Џон Смит.
Некои веруваат дека Бог се објавил преку делата на Елена Гоулд Вајт.
Некои веруваат дека Бог се објавува преку Габриеле од Вирцбург.
Некои веруваат дека Бог се објавил преку поголем и помал ланец на пророци.
Некои веруваат дека Бог се објавил само преку еден ограничен ланец на пророци и сите други "објави" се лажни објави кои се дело на Ѓаволот со цел да ги замрси Божјите откровенија и да ги упати луѓето во погрешна насока.
Итн.
Како што гледаш, голем е лавиринтот на можни опции доколку ја прифатиме тезата дека Бог постои. Доколку некој е расположен да го истражува овој голем и авантуристички верски лавиринт, би му препорачал да истражува од
изворните објави, книги, учители, пророци и сл. а не од нивните подоцнежни честопати погрешни практикувачи и злоупотребувачи на одредената вера/религија.