deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 942
Мојот избор пред две години беше Европски универзитет. Искрено сум презадоволен, не сум ни татина ни мамина маза а и не сум богаташ (како што многу зборат дека само такви се запишувале на приватните). Стекнав големо знаење во областа на компјутерите, се надевам дека сум се докажал до сега (студирам Информатика - Софтверско инженерство). Немам што да се пожалам, освен што ми е малце потешко да соберам 2000 евра на почеток на секоја година (но кога би одбрал да студирам на државен во Скопје горе долу би ме фатило исто со сите давачки) Еве мал извадок од сајтот на Европски универзитет:
Повеќе информации на http://eurm.edu.mk исто може да го посетите и форумот http://eurm.edu.mk/forum
Повеќе информации на http://eurm.edu.mk исто може да го посетите и форумот http://eurm.edu.mk/forum
Европскиот универзитет - Република Македонија е првиот приватен акредитиран универзитет на подрачјето на Република Македонија кој изникна од темелите на Факултетот за општествени науки. Акредитиран од одборот за акредитација на 01.06.2005 година Европскиот универзитет – Република Македонија е прв и единствен приватен акредитиран универзитет во регионов кој нуди современо образование и кој постојано ги развива и надградува процесот на стекнување на знаење во согласност со современите светски образовни трендови.
Историјата на Европскиот универзитет – Република Македонија започнува со основањето на Факултетот за општествени науки (ФОН) во 2001 година. Активностите на Европскиот универзитет беа признати на 01. 06. 2005 кога беше акредитиран од страна на Одборот за акредитација на Р. Македонија.
Следната, 2006 година е впечатлива по основањето и акредитацијата (Ноември 2006) на уште три нови факултети: Факултет за комуникации и медиуми, Факултет за јавна администрација и Факултет за арт и дизајн. Дотогаш постоеја Факултетот за економски науки и Факултетот за информатика кои ги задоволуваат растечките потреби за современо образование во Р. Македонија и регионот.
Покрај тоа, истата година (18. 05. 2006) според одлуката Бр. 12 на Одборот за акредитација на Р. Македонија, беше потврдена адекватноста на програмите на Европскиот универзитет согласно европските сдандарди на 3+2 модулот на студирање. Во моментов на Европскиот универзитет – Република Македонија постојат пет факултети:
1. Факултет за економски науки
2. Факултет за информатика
3. Факултет за комуникации и медиуми
4. Факултет за јавна администрација
5. Факултет за арт и дизајн
Покрај овие факултети, во процес на акредитација е и Факултет за политички науки и Факултет за правни науки.
Европскиот универзитет - Република Македонија се етаблира во Универзитет кој контунуирано го развива и унапредува процесот на стекнување знаења и образованието, истовремено создавајќи висококвалитетна едукативна и натпреварувачка средина. И покрај фактот што станува збор за релативно млада институција, ЕУРМ се определи за квалитет, за примена на најдобрите практики на високото образование во сопственото работење. Како резултат на таквата определба, ЕУРМ станува членка на IACBE во 2005, а по исполнувањето на условите се здобива со статус Кандидат за акредитација на 04.08.2006 година. Тргнувајќи од насоките и начелата на IACBE, EURM разви План за проценка на резултати врз основа на кој е извршена самоевалуација во академската 2006/2007.