A
anaveno
Гостин
Историските врски на народите кои ги населувале териториите на Украина и на Македонија датираат од многу одамна.
Зачувани се документарни сведоштва за тоа дека во средината на IV век пр. н. е. Скифското и Македонското царство уредиле непосредни меѓусебни контакти, а скифскиот цар Атеј дури ја предложил својата ќерка за сопруга на македонскиот цар Филип II, кого бил подготвен да го признае за "син" и "наследник" за сметка на воената помош. Всушност, претходниците на нашите прадедовци многу добро знаеле едни за други.
Во периодот на владеењето на Македонската династија (867-1057) се сложил цел систем од економски, дипломатски и културни врски меѓу Македонија и Киевска Рус, кој особено зајакнал по прифаќањето на христијанството од страна на Киевска Рус.
Многу познати истражувачи, меѓу кои украинскиот историчар Иван Огиенко (митрополит Иларион), тврдат дека христијанството во Рус, всушност се пренело токму од Македонија. Во тој процес македонскиот град Охрид одиграл главна културолошка улога.