Свети Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Св.Кирил и Методиј се родени браќа од Солун , од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Св.Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во македонската и општо во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.

Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.

Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрвин биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.

На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин.

Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.

Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија.

Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на македонски јазик, кој јазик бил разбирлив и за сите Словени. Тие веќе мисионерствувале во брегалничката област и во некои други области низ Македонија, на четвртиот по ред библиски, македонски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил македонско-словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на македонски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и почина на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.

Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.

Светите браќа Кирил и Методиј успеале како Македонци да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание "EGREGIAE VIRTULIS", папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласи за сопокровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.
 
Член од
15 февруари 2007
Мислења
114
Поени од реакции
0
fanatic напиша:
uste eden opran mozok:)da za vreme na alexandar cela bugarija bese pod makedonija:)i vie ste sega makedonci:)http://www.m-p-c.org/Istorija/Sv-Braka.htm
Од истиот саjт на МПЦ:

Sveti Naum Ohridski
Po vra}aweto od Velika Moravija, Sveti Naum bil zadr`an od bugarskiot knez Boris vo manastirot sv. Arhangel kaj Pliska. Tamu bil propovednik na hristijanstvoto na slavjanskiot jazik sedum-osum godini. Duri, koga Sveti Kliment e izbran za episkop na Dremvicko-veli~kata eparhija, toj go uslovil prifa}aweto na ova visoko crkovno dostoinstvo so doa|aweto na Sveti Naum vo Makedonija za svoj sorabotnik. Baraweto na Sveti Kliment carot Simeon ,koj {to do{ol na Bugarija po knezot Boris, vo 893 godina go ispolnil.
http://www.m-p-c.org/Istorija/Sv-Naum.htm
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Охридската школа - светилник на Кирилометодиевската традиција

Вера Стојчевска - Антиќ

Светите книги за таквите пеат пофално зборувајќи: "Ќе се изнајде премудроста на древните, поживејте во пророштвата, сочувајте ги повестите на знаменитите мажи и излезете во симболите на приказните, послужете меѓу големците и јавете се пред игумените, минетепреку земјите на туѓите народи, и доброто и злото во луѓето ќе биде искушано низ вас" - Од "Похвалното слово во спомен на светите и преславни учители Кирил и Методиј" - Климент Охридски Кирило-методиевската традиција во целиот словенски свет ја обелодени основата на литературниот старословенски јазик - јужномакедонскиот дијалект од околината на Солун.

Родени во овој знаменит град, браќата просветителиата просветители и светители, Кирил и Методиј, го понесоа факелот на светлосниот пламен, почнувајќи од Солун, преку Цариград, Олимп, Арапскиот халифат, Хазарската држава, Моравија, до Рим (еден од врвните европски центри), и потоа назад во Моравија. И двјацата Браќа ги изодија земјите на Азија и Европа и ги вредија словенските народи во културните текови на Европа. Самите, со својот беспрекорен пример на епохални затемелувачи на писменоста и просветата. Нивните дела ги издигнаа и во 20. век за копатрони на Европа, заедно со Свети Бенедикт.

Во последната високо вреднувана Моравска мисија, рамо до рамо со Просветителите, чекореа и работеа младите ученици, светите Климент и Наум Охридски. Во опширните житија на Кирил и Методиј, како и во истото на Свети Климент Охридски, не се апострофирани нивните имиња, што говори за нивниот порив да дејствуваат без потреба од слава, а историските факти ја потврдуваат нивната заслуга за текот и успесите на Моравската мисија. Не случајно, светите Кирил и Климент, а најверојатно и Наум, добиле повисоки црковни чинови во Рим, кога присустувале на свечените служби во чест на пренесените мошти на папата Климент Римски, од Херсонес во Рим.

Меѓутоа, историските извори со несмален пиетет говорат за формирањето на една висока школа во Западна Македонија, поточно во омилениот град на Светите Климент и Наум Охридски, во Охрид, чија основа ја положува оо просветна знајност - Свети Климент Охридски. По неуспехот на Моравската мисија, по смртта на Свети Методиј во 885 година во Моравија, учениците мораа да го бараат спасот вон границите. Меѓу највредните, Светите Климент и Наум Охридски ја развиваат својата дејност прво во Бугарија, а потоа во Западна Македонија. Многу бргу, во 886 година, во Охрид се јавува првоучителот на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски, кој ја пренесува целокупната Кирилометодиевска традиција од Моравија.

Во овој центар ќе се школуваат голем број постари и помлади ученици и неграмотните луѓе во епархиите набргу добиваат школувани кадри. Овде, неколку векови по смртта на првоучителите, се негува глаголската писмена традиција, покрај кирилската.

Значи, изгаснатиот подем од Моравија се пренесува во Македонија, а самата Охридска школа не го добива својот тесен локалитет во Охрид, туку многу пошироко во Западна Македонија. За разлика од овој центар, во Источна Бугарија, се развива Преславската книжевна школа, со целосна кирилска традиција.

Не е важна само учителската дејност на првоучителите. Свети Климент Охридски во Охрид го основа расадникот на Македонската православна црква, со сестраната помош на собратот Свети Наум Охридски, кој по назначувањето на Свети Климента за прв словенски велички епископ, неговото учителско место во 893 година го наследи Свети Наум Охридски. Затоа, формирањето на Охридската патријаршија, на чело со царот Самоил во 10 век, беше логична последица за пионерските потфати на Светите Климент и Наум Охридски.

И двајцата учители се прославија и со својата книжевна дејност. Свети Климент Охридски, високо образуван, трудољубив безмерно, а над сў талентиран писател и поет, ги постави темелите на средновековната македонска книжевност, со врвни дела, кои ќе ги препишуваат и практикуваат сите словенски средини. Практичен по дух, со своите бројни поучителни слова слезе во рамништето на полуобразованите или воопшто необразованите сожители, со цел да им го доближи христијанскиот збор. Во похвалните слова авторот е ослободен од таквата намена и ги истакнува вредностите на знаменитите мажи, Кирил и Методиј.

Посебно антологиско место во средновековната книжевност добива "Похвалата на преблажениот Кирил Филозоф". Стилскиот израз открива автор со длабоки познавања на достоинствата на византиската книжевност, но применети во висок индивидуален белег, кој го открива вродениот талент. Во последно време во науката нараснува бројот на подржувачите на мислењето дека и двете опширни житија на Светите Кирил и Методиј се дела на Свети Климент Охридски.

Во науката долго време се претпоставуваше дека и неуморниот Свети Наум Охридски е книжевен автор. Последниве години и ова мислење е потврдено со откривањето на негови вредни химнографски дела. Ако тој лично го поттикнал епископот Константин Брегалнички да го напише "Поучителното евангелие", не можел да не се прифати и лично за делото што го негувал. Меѓу поновите негови творби е "Канонот на апостол Андреј", напишан според сите критериуми на овој црковно-книжевен род. Тој ја воспева дејноста на апостолот, кој под закрилата на Исус Христос, ги разбудил паганците и им влеал во душите нова вера.

И двајцата македонски првоучители во Охридската школа, родоначалници на средновековниот однегуван книжевен збор, здрави втемелувачи на Македонската православна црква, цврсти градители на цивилизаторскиот културен од, ја вдлабиле сопствената традиција длабоко во Македонија. Денешниот пиетет кон нив го оправдува нивниот скромен изоден пат и наследството вкоренето во луѓето и во нашата земја.

(Utrinski vesnik No. 1847 ponedelnik, 8 аvgust 2005 godina)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
- 1 -

Браќата Константин - Кирил и Методиј, славните солуњани од IX век, се централни личности на севкупната словенска самобитност. Нивната заслуга како создатели на првото словенско писмо, првите преводи од грчки на словенски јазик и на најстариот словенски книжевен јазик - старословенскиот, е трајна. Денеска тешко може да се замисли каков ќе бил патот на етничкиот и на духовниот развој на словенските народи и каде би се нашле тие меѓу другите народи во Европа, да не бил тој судбоносен потфат на Солунските браќа.

Браќата Константин - Кирил и Методиј стапуваат на светската историска сцена во еден многу значаен период од животот на словенскиот свет: само неколку столетија по нивното раселување од прасловенската татковина, кога со својата материјална и духовна култура, во родовски општествени односи, дошле во допир со други култури и со различни асимилаторски погубни влијанија. Нивниот акт - составувањето на првото словенско писмо и преводот на евангелските книги на еден јужнословенски дијалект, во 863 година, има чисто религиозни побуди, во духот на раниот среден век, и во својот почетен стадиум е поврзан со животот на Словените во Моравија и во Панонија. Но тој акт далеку ги надминал и своите идеолошки и територијални рамки, зашто со него сите словенски народи стапиле на светската културна сцена, давајќи го својот удел во создавањето на трајни и општи духовни вредности.

Познати се голем број извори што се однесуваат на животот и за делото на Солунските браќа Кирил и Методиј. Еден значаен дел од нив се со литургиски и химничен карактер: служби, тропари, канони и проложни житија. Вториот дел е панегиричен. Во него спаѓаат две похвали, едната посветена на Кирила, а другата на обајцата браќа. Сите тие се со високи уметнички и поетски вредности и вдахновено го величаат нивното дело. Во нив е испреплетена љубовта и благодарноста на авторите и на следбениците за големото дело на творците на словенската писменост.

Третата група извори е од посебно значење. Неа ја претставуваат историските извори за Кирил и Методиј. Поголем дел од нив се напишани на словенски јазик, а другите се на грчки и на латински. Од нив се црпат податоци за животот на Браќата и за сите околности во кои се одвивал за нас најзначајниот дел од него - Моравската мисија во 863 година и целокупната нивна дејност меѓу Словените.

Меѓу тие извори на прво место доаѓаат Панонските легенди, најзначаен и најкомплетен извор за браќата просветители, напишан на словенски јазик. Панонските легенди претставуваат опширни житија: житие за св. Кирил и житие за св. Методиј. Во нив има најмногу податоци, историски потврдени, наместа мошне прецизни, и всушност претставуваат заокружени биографии за Браќата.
Освен како историски материјал, Панонските легенди се одликуваат и со своите книжевни квалитети. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Уметничките достоинства на Панонските легенди се состојат во мајсторската композиција, убаво насликаните ликови на личностите што се опишуваат, особено на браќата Кирил и Методиј.
Авторот на Панонските легенди како претставник на своето време не можел, а да не внесе елементи својствени за тој книжевен род во византиската книжевност. Се работи за некои чудесни, легендарни секвенци, кои се за среќа мошне ограничени и препознатливи, така што не го оштетуваат во основа реалистичкото гледање на животот и настаните што се бележат хронолошки.
Во врска со Панонските легенди стојат неколку прашања. Првото е кој е автор на Легендите и кога се напишани, а второто - дали Панонските легенди биле напишани првин на грчки јазик, а потоа се преведени на словенски, или пак нивниот оригинал е словенски.
Бидејќи не е зачуван автограф на Легендите, ниту е означено некаде името на авторот, во науката се искажуваат различни претпоставки за тоа кој би можел да биде автор на овие житија. Живоста и веродостојноста на расказот доведува до претпоставка дека автори на Панонските легенди би можеле да бидат некои од учениците на Браќата, кои добро го познавале нивниот живот и работа. Во последно време се затврдува мислењето дека автор на Панонските легенди е Климент Охридски, најзаслужниот и најистакнатиот ученик на Солунските браќа, најплоден и најталентиран писател меѓу нивните ученици, човек кој го прифатил делото на своите учители и широко го развил. Од анализата на најважните одлики на сигурно утврдените творби на Климент Охридски, споредени со оние на Панонските легенди се откриваат многу совпаѓања што ја потврдуваат претпоставката дека Климент ги составил опширните житија на Кирила и на Методија. Кон тоа наведува уште и фактот дека Климент напишал Похвала на нашиот блажен татко и учител словенски Кирил Филозоф, а според традицијата во христијанската литература, авторот на ваков текст по правило пишувал и опширно житие за односната личност. А Похвалата и Панонските легенди имаат многу допирни точки кои претставуваат уште една потврда за авторството на Панонските легенди.

Иако еден мал број слависти претпоставуваат дека Панонските легенди се напишани неколку столетија по смртта на Браќата, дури во XIII век, и дека претставуваат компилација, од содржината, јазикот и стилот може да се заклучи дека обете житија биле напишани уште во Моравија. Освен тоа, докажано е дека Константин Брегалнички ја напишал службата на Методија околу 890 година и притоа ги употребил словенските житија на Кирил и Методиј, што значи дека тие житија биле напишани најдоцна околу 885 година. А Италијанската легенда потврдува дека Житието на Кирила било напишано најдоцна до 880 година.

На прашањето дали изворниот текст на Житијата бил старословенски или е преведен од грчки, науката одговара дека изворниот текст на обете житија е словенски. Покрај тоа што нема докази за изворен грчки текст, Кириловото житие е напишано со толку совршен стил и толку во словенски дух, што отпаѓа секаква помисла за превод од грчки. Истото тоа се докажува и за житието на Методија.

Настрана од сето тоа, се искажува претпоставка дека можеби постоеле и житија на Кирила и Методија пишувани на грчки што можеби ги составиле нивните ученици, грчки образовани, набргу по нивната смрт. И ова наоѓа потврда во Италијанската легенда која од една страна има податоци што ги нема таму и што упатуваат на некој друг грчки животопис.

Покрај Панонските легенди, меѓу другите словенски историски извори за кирилометодиевското дело припаѓа и т.н. Солунска легенда и Краткото Кирилово житие или Успение Кирилово. Некои тука ја вбројуваат и Херсонската легенда или Слово за пренесување на моштите на преславниот Климент папа римски, што му се припишува на Кирила.

Солунската легенда и Успение Кирилово се единствени извори во кои се зборува за дејствувањето на Кирил меѓу македонските Словени по Брегалница. Освен овој момент од животот на Кирила, тие содржат, а посебно Солунската легенда, и други настани што ги нема во Панонските легенди. Од друга страна Успение Кирилово се сложува во многу податоци со Панонските легенди. Со нив како историски извори повеќе се сметало во постарата наука, а денес поретко, зашто нивната историска веродостојност е ставена под голем прашалник. Солунската легенда е апокрифен текст во форма на автобиографија и содржи повеќе анахронизми и легендарни елементи што се толкуваат како резултат на подоцна редакција. Има и толкување дека се работи за замена на личности и дека тоа е всушност автобиографија на Кирил Кападокиски од VII век, а не на Кирил Солунски. Во секој случај се установува дека не може да се смета со историската вредност на расказот.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
- 2 -

Иако веродостојноста на историските факти изнесени во Солунската легенда и во Успение Кирилово стои под прашање, тие се сепак драгоцено сведоштво за култот на Солунските браќа и за континуитетот на кирилометодиевската книжевна традиција. Има различни мислења кога настанале. Во секој случај се сметало дека не се порано од XI-XII век. Но бидејќи е утврдено дека Успение Кирилово е настанато во XIII век, би требало да се смета дека Солунската легенда е од покасно време зашто е очигледно дека во многу нешто таа го има за извор него.

Најзначаен грчки извор кој содржи и многу важни податоци за Кирил и Методиј е пространото житие на Климент Охридски од охридскиот архиепископ Теофилакт, од последните години на XI век.

Меѓу латинските извори челно место зазема т.н. Италска легенда, Vita cum translatione s. Clementis. Други латински извори се сведоштво на Анастасиј Библиотекар, писмата од папите и писмата упатени ним. Меѓу изворите, пишувани на латински јазик најзначајно место зазема Италската, односно Римската легенда, условно наречена „Животот со пренесувањето на св. Климент”. Некои учени сметаат дека последниов наслов не одговара наполно на содржината на текстот, зашто во него не станува толку збор за житието на свети Климент, вториот Римски папа, туку за житие на Кирил, во кое се вклучени опширни известувања за пренесувањето на моштите на св. Климент, пронајдени од Кирила во Херсон и донесени во Рим. Во таа смисла, повеќе би одговарал насловот: „Житие на св. Кирил со пренесувањето на св. Климент” (Vita s. Kyrilli cum translatione s. Clementis). За автор на оваа Легенда се смета епископот на Велитри - Гаудерик, современик на Браќата и воодушевен почитувач на делото на св. Климент Римски. За да го возвелича неговото дело, Гаудерик го ангажирал учениот ѓакон Јован Химонид да го напише житието на св. Климент, а го задолжил исто така учениот бенедиктинец Анастасиј Библиотекар, добар познавач на грчкиот јазик, да преведе на латински јазик се што ќе изнајде за овој светец во грчките списи. Работејќи на овој потфат, Гаудерик бил добро информиран за пронаоѓањето на моштите на св. Климент и за нивното пренесување во Рим и најверојатно се почувствувал задолжен да го одбележи овој, според него, исклучителен настан и во врска со тоа, да му оддаде должно признание на иницијаторот и извршителот на овој чин - Константин - Кирил.

Најстариот препис на оваа Легенда е еден Ватикански ракопис, кој потекнува од втората половина на XII век (1182) од манастирот Касаурија. Овој ракопис е доста оштетен од влага и, се чини, дека на некои места не е сосема точно препишан од архетипот. Значително посочуван и поточен е Прашкиот препис (Codex Pragensis) пронајден дури 1954, а издаден веќе наредната 1955 година.
Италската легенда е значаен извор за изучувањето на кирилометодиевската проблематика. Таа содржи податоци, што се совпаѓаат со одредени места во словенските Житија на Браќата, но и такви, што ги нема во последниве. Во таа смисла, овој латински извор ги потврдува и ги дополнува нашите сознанија за животот и дејноста на солунските браќа, што ги добиваме од нивните словенски житија.

Можен значаен извор претставуваат и сведоштвата на веќе спомнатиот Анастасиј Библиотекар, содржани главно во неговото познато писмо до Велитренскиот епископ Гаудерик и приказот на острата расправа меѓу Константин - Кирил и цариградскиот патријарх Фотиј, вклучена во предговорот кон извештајот од VIII вселенски собор, одржан во Цариград, на којшто Атанасиј присуствувал и чиишто протоколи, преведени на латински, тој му ги доставил на папата Хадријан II. Анастасиј бил мошне образован монах, му припаѓал на високото римско општество, бил кандидат за папа, но кога не успеал во кандидатурата за понтификат, станал антипапа, паднал во немилост и во 833 година бил дури и екскомунициран. Папата Николај I го рехабилитирал, а Хадријан II го назначил за библиотекар на Светиот престол и на таа функција останал до крајот на својот живот (879). Тој лично ги познавал Браќата и им стоел на услуга за време на нивниот престој во Рим. Затоа неговите сведоштва се сметаат за доста сигурни и веродостојни. Неговиот книжевен опус е обемен, пишувал житија, служби, хроники, а за најзначаен труд му се смета Историјата за животите на римските папи (Historia de vitis Romanorum pontificum). Бил активен деец во политиката на црквата, особено во спорот меѓу Западната и Источната црква. Неговото писмо до Гаудерик е особено важно сведоштво и поради тоа, што со него речиси се потврдува мислењето дека Гаудерик е автор на Италската легенда (некои делови од писмото скоро буквално се совпаѓаат со расказот за пронаоѓањето на моштите на Климент во Италската легенда), а со тоа се определува не само авторството, туку и времето на постанувањето на тој текст.

Особено интересни и индикативни се некои писма на поглаварите на Римската црква, имено, на Јован VIII и на неговиот наследник на папскиот престол, Стефан V. Во нив јасно се оцртува односот на Светиот престол кон делото и дејноста на солунските Браќа, особено, ставот кон словенската богослужба и статусот на Методиј како архиепископ на Панонската диоцеза. Очигледно е дека папата Јован VIII му давал голема поддршка на Методиј во неговиот судир со германското свештенство. Од неговите писма, упатени до епископите - противници на Методиј, станува сосема јасно дека тој, со својот папски авторитет, стои зад личноста и дејноста на архиепископот Методиј, дека ја одобрува и поддржува. Нападот врз Методиј, извршен од страна на германското свештенство, Јован VIII го оценува како акт на непослушност и непокорност кон Светиот престол и во таа смисла неговата реакција и интервенција во полза на Методиј е енергична. Со одбраната на Методиј, Јован VIII не ја штити само словенската богослужба, туку својот авторитет на врховен првосвештеник, зашто ја насетува се повидливата тенденција кај германското свештенство за црковна автономија. Ова последново, јасно се гледа од фактот што германскиот клер си ја зема слободата да донесува важни одлуки, како што е онаа за сменувањето на Методиј од архиепископската функција, што не е во доменот на нивните, туку во компетенциите на Светиот престол. Тие дури и не чувствуваат потреба да го побараат мислењето и ставот на Светиот престол во врска со ваквите акции, туку самостојно, без знаење и одобрување на Рим го лишуваат Методиј од неговиот архиепископски чин и го изложуваат дури на физички малтретирања. На ваков акт, природно, Светиот престол не може да остане рамнодушен и реагира остро и одлучно.

За разлика од Јован VIII, неговиот наследник Стефан V не го дели мислењето на својот претходник во врска со словенската богослужба, изрично ја забранува, настојувајќи наполно да ја истисне. По смртта на Методиј, тој одлучно се спротивставува Горазд да го заземе испразнетиот архиепископски престол на Методиј, протежирајќи го за ова место и назначувајќи го германскиот свештеник, епископот на Нитра Вихинг, кој бил потврден противник на словенската богослужба.

Изворите напишани на латински јазик, заедно со оние од словенската провениенција ни овозможуваат да се оформи и заокружи мозаикот на нашите сознанија за личноста, животот и дејноста на двата славни солунски браќа, чие дело останува засекогаш подвиг и споменик од неизмерлива и непроценлива вредност за сиот словенски свет.

Извор: „Сведоштва за Кирил и Методиј”


Во истава книга ги има:
- „Спомен и житие на блажениот учител наш Константин Филозоф, прв учител на словенскиот народ”
- „Спомен и житие на блажениот наш отец и учител Методија, архиепископ моравски”
- „Успение Кирилово”
- „Солунска легенда”
- „Италска легенда”
- „Сведоштва на Анастасиј Библиотекар”
- „Од уводниот збор на Осмиот цариградски синод”
- „Писма од римските првосвештеници”

Нека си каже некој ако е заинтересиран да чита, не ми е проблем да ги средам текстовите и да ги пуштам на форумов.
 
Член од
26 мај 2007
Мислења
10
Поени од реакции
0
Misirkov напиша:
Охридската школа - светилник на Кирилометодиевската традиција

Во овој центар ќе се школуваат голем број постари и помлади ученици и неграмотните луѓе во епархиите набргу добиваат школувани кадри. Овде, неколку векови по смртта на првоучителите, се негува глаголската писмена традиција, покрај кирилската.

Значи, изгаснатиот подем од Моравија се пренесува во Македонија, а самата Охридска школа не го добива својот тесен локалитет во Охрид, туку многу пошироко во Западна Македонија. За разлика од овој центар, во Источна Бугарија, се развива Преславската книжевна школа, со целосна кирилска традиција.

Не е важна само учителската дејност на првоучителите. Свети Климент Охридски во Охрид го основа расадникот на Македонската православна црква, со сестраната помош на собратот Свети Наум Охридски, кој по назначувањето на Свети Климента за прв словенски велички епископ, неговото учителско место во 893 година го наследи Свети Наум Охридски. Затоа, формирањето на Охридската патријаршија, на чело со царот Самоил во 10 век, беше логична последица за пионерските потфати на Светите Климент и Наум Охридски.
сичко е jaсно, без едно-две нешта..
- коj го назначил Свети Климента за прв словенски велички епископ
- коj e финансирал кампаниjaта - обучение на ученици, строеж на цркви, jaгнешки кожи /за пергамент, тогаш е немало хартиja/..многу пари са били потребни и многу jaгништа да се купат

знае ли некоj ?

тоа дека сите овие собитиja са ставали таjно од бугарските окупаторски власти во Македониja по това време е jaсно и се знае. кнезот Борис I така си умрел човекот, без да знае какви велики собитиja се случили во jугоизападниот дел на неговата држава..не рабрал за това и син му Симеон, коj го наследил на тронот

Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија.
а коj може да е бил овoj "туѓ цар"...тоа наjмалку значи дека Кирил и Методиj не било од грчко потекло по баштина линиja
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Од каде потекнува старословенскиот јазик*?
Од околините села на градот Солун.
Како тогаш старословенскиот јазик* го создале болварите, кога Солун никогаш не бил под болварско водство? о.0

*најстариот словенски литературен јазик


дополнување

Теоријата за потеклото на најстариот словенски литературен јазик ја дал Ватрослав Јаѓиќ, а ја потврдил и докажал неговиот ученик Ватрослав Облак. Татковината на овој јазик овие теоричари ја барале во Македонија. Поттикнат од истражувања на својот учител, Ватрослав Облак престојувал во Јужна Македонија, односно СОЛУН и ги проучувал говорите на селата од околината на овој град. Јужно македонските дијалекти се од посебно важење за науката. Тие го решаваат и прашањето за потеклото на старословенскиот јазик. Научникот ги забележал, заменувањата на носовките и еровите. И тој дошол до заклучок дека оваја замена е посебна речиси за целата Македонска јазична територија. Исто така, зборовите во старословенскиот јазик* содржат зборови како: замп (заб), дамб (даб), пент (пет), чендо (чедо), кои сеуште се среќаваат во јужномакедонските говори. Што е и доказ дека старословенскиот јазик потекнува од Македонија, т.е. дел што никогаш не бил под болварска територија.

за поглупавите:
1. Св. Кирил и Методиј биле родени во јужна Македонија, или Солун, КОЈ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОД БОЛВАРСКА ТЕРИТОРИЈА!
2. Глаголицата ја напишал КИРИЛ, што очигледно не бил БОЛВАР!
3. Немоат болварите да тегнат за кирилицата дека потекнува од болварија, кога неа ја напишал НЕКОЈ (значи еве ви буква по буква Н-Е-К-О-Ј) од учениците на Кирил и Методиј. заклучок: неможи да се оспорува дека е блварска.

97.8% текстов беше за болварчета другарчета.
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Монголите користат кирилица, и не само тие.

Некако застарена ми наликува реченицата СЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ, рецидив од времето на панславизмот ... , а ?
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Тие и туѓа историја користат па никому ништо.Поентата ми беше дека не е како што тие тврдат дека : Нихата абука научиха ги сите на нивнио език.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
51
Поени од реакции
0
Охридската школа - светилник на Кирилометодиевската традиција
Дали случајно си пропуштил да споменеш која д'ржава с'здаде и спонсорира Охридската школа , изучи за нјаколко години илјади свештеници, които на един голем празник - во сите цркви отвориха ц'рковните книги и запејаха словото Божие на езика на лугето на таја д'ржава
за ужас на грчките попове !?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Прва работа, Кирил и Методиј не измислиле никаква азбука! Словените отсекогаш биле писмени, уште од времето на Александар, само што тогаш пишувале со хиероглифи, или демотско слоговно писмо, а Киро и Мето од слоговно, азбуката ја преправиле во гласовна, и секој глас имал свој знак. И таа азбука имала 38 знака и се викала глаголица!

Втора работа, доста ги делите луѓето во Х век по националност. Тогаш не постоеле нации како што постојат денес. Тогаш луѓето се делеле по религија, односно верници и пагани. И да, се согласувам, Киро и Мето биле бугари, односно вулгари, ама тоа не значи етничка припадност, тоа значи негрк. Така да, доаѓа дека тие биле вулгари од Македонија, родени во околината на Солун, и многу веројатно православни христијани.
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Dali nekoj misli deka Kiril i Metodija se ideoligizirani , neshto kako recidiv od panslovenskiot romantizam , neshto kako odziv na deloto na Orbini ..... , ima li takvo neshto ?
Jas mislam da !
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Ти направо ме ф'рли во музиката - врз тапанот.Тука навистина човек може да си оправи настроението.Какви словени по времето на Александ'р, какви пет динара? Човече, мај трјабва да четеш учебниците от п'рви клас !?

Не знам дали ти треба да читаш или јас???

Објасни ми како грст луѓе кои живееле зад Карпатите, пази, не само што се доселиле, туку успеале да ги асимилираат (наводно) писмените грци и албанци, кои (наводно) живееле на територијата на Македонија. И не само Македонија, и не само Балканот, туку и 50% од територијата на Европа?!

Ти треба да прочиташ нешто друго, поразлично од учебниците! Не е вистината во учебниците.


Dali nekoj misli deka Kiril i Metodija se ideoligizirani , neshto kako recidiv od panslovenskiot romantizam , neshto kako odziv na deloto na Orbini ..... , ima li takvo neshto ? Jas mislam da !
И јас мислам така. И колку повеќе размислувам на таа тема, се повеќе сум убеден во тоа!
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
51
Поени од реакции
0
Дали на нас со тебе ни изнасја или не,
по времето на Александ'р по нашите земи
е имало секакви други племена, освен славјани.

Но темата тук е за за друго,
за това как един мал'к народ даде на другите народи
писменост и духовност.
И това не е станало случајно,
нито п'к азбуката се е родила "случајно".

И сега за тебе имам прашане:
Која е п'рвата канонизирана руска светица ?
Кој е п'рвијат Киевски и Всерусијски Митрополит?
Отдека е, чиј ученик е ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom