Што највеќе цените во животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
па шо би реко кралот марко здравјето на прво место. па после иди пријателството и искреноста ... ретко кој да најдиш чоек ваков шо можиш баш заради овие карактеристики да го цениш
 
Ги ценам луѓето кои се искрени,љубовта,вистинското пријателство.
 
Искреност и почитување.Патриотите се една мала група на луѓе,да мала затоа што вистинските се ретки,тие лажните ги има колку сакаш...тешко се распознава кој каков е,но времето ќе покаже.Е тие вистинските многу ги ценам.Се надевам еден ден ќе направам нешто за наша мајка Македонија,па да може некој да ме нарече патриот,сега сум само Македонка што ја сака својата земја.Патриотот е мноогу повеќе од тоа.
Ценам и вистинска искрена љубов(родителска,пријателска....)
 
највеќе пред се го ценам тоа шо ја го имам сработено и придонесено за моиве 21 год....а после тоа иде пријателство и искреност...
 
Најмногу ги ценам пријателите, но пред се моите родители!
 
Здравјето, пријатели и сите они што ме ценат и мене.
 
највеќе ценам коа мојата радост исто ја делат и другите луѓе како и мегусебната помош и соработка....во однос на пријателство а во однос кон дечко највеќе искреноста ! бај бај :helou:
 
Невиност :pos:
Ги ценам луѓето кои се искрени, а малку ги има во мојот круг, а општо и насекаде. Праведност, скромност, вредни луѓе работлии, а не со гзот на стол и седи легачи се чекај на мама и тато, а поголем број од македонците се такви,(за младинава зборам). Ценам луѓе со широки сфаќања, без оној балкански менталитет.
 
Семејството пред се, ништо друго не ми е поважно од она моите дома да се среќни и исполнети. Се друго е релативно, кога тие се среќни, јас сум најсреќен.
 
Еднаш напишав овде дека највеќе ја ценам љубовта, или како и да беше не се сеќавам, каква и да било љубов.
Но сега во моментов ја ценам само искреноста... која сеуште ја нема
 
Добрина, пристапност, отвореност, невообразеност,солидарност, чесност, љубов, нелицемерие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom