Скулгрл
Queen of the superficial::..
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 5.059
- Поени од реакции
- 70
- Возраст
- 37
Во последно време сум забележала дека многу малку време посветувам на гледање телевизија. Не бидејќи имам обврски и слично, туку дека едноставно нема интересна понуда на програми по нашиве телевизии. Најтрагично е што немам кабелска.
Нема добри филмови (со исклучоци, и тоа ретки), серии чат-пат...Да не ги заборавам и „интересните“ документарци кои се се` едни исти и веќе ги знам напамет. Едноставно нема (скоро) ништо што би го привлекло моето внимание како гледач.
Не велам дека програмата е на тотално незавидно ниво, но споредувајќи ја со онаа на странските телевизии е далеку подосадна.
Тука се наметнува прашањето-дали кабелската телевизија е единствениот „спас“ на македонските гледачи или сепак може да „пројде“ и домашната програма?

ама дома имам 3 телевизори со кабелска во секоја соба, имам сателитска што ги отвара скоро сите канали, Sky Star 2 картичка на компјутерот и ТВ Тјунер исто во компјутерот. Значи во мојата соба имам Телевизор, Скај Стар и ТВ Тјунер и пак не гледам ВООПШТО ниту обична телевизија, ниту кабелска, ниту сателитска. Незнам зошто ама веќе 7-8 месеци го немам ни уклучено телвизорот освен ако треба не вести за нешто да погледнам и толку. Се што треба да се знае, дознавам или од форумов или што читам по порталите и едноставно немам потреба од телевизија.