Hannibal Rising. Јагнињата никако да стивнат!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
S

Sagan

Гостин
Филм исполнет со ужас...гнев...одмазда... Продолжение на Кога ќе стивнат јагнињата. Не знам кое по ред. Приказна за тоа како Ханибал постанал канибалист. Филмот е потресна сторија за губењето на блиските и судбината да доживееш литвански фашисти, пред твои очи, да ја убијат твојата сестричка и да ја сварат за манџа! за да преживеат (?!) Приказна за создавање на ѕверот во човекот...

За време на Втората светска војна, Литванија е на страната на фашистичка Германија. Естонија дури во 1942 е јуденфрај, земја без Евреи.
Семејството на Ханибал бега од истовремените напади на Советите и Германците во меѓусебните битки и се сокрива во една куќа во литванската тајга.
Русите сакаат да ја заземат куќата во моменти кога германски авиони ја бомбардираат околината. Загинуваат сите советски војници и родителите на Ханибал. Тој останува сам со својата помала сестра и се крие во куќата.
За неколку часа, доаѓа литванска единица и се засолнува со децата во куќата. Сите се обидуваат некако да преживеат. Војниците се обидуваат да уловат некое животно и да зготват јадење, но никако да им појде од рака. По неколку дена, ненормалните мутанти одлучуваат да убијат едно од децата и да го зготват. Проценуваат дека девојчето има ‘‘повеќе месо‘‘. Сцената на убивањето е неописливо ужасна...

Ханибал Лектер и сестра му Миша.

По осум години, тој служи војска во литванската армија. Сите ја пејат химната, тој молчи. Во обид да го удри, еден од десетарите заработува забодена вилушка во раката. Ханибал се спрема за одмазда!

Најпрвин со срп го убива омразениот десетар, по што со воз, илегално, заминува за мал град во близина на Париз, кај својата вујна, инаку Кореанка. Таа го научува на ракување со самурајски меч...
 
S

Sagan

Гостин

Како прва жртва на туѓа територија, наоѓа еден рибар кој ја навредил вујна му. Со сабјата го прави ‘‘кременадли‘‘.

Пронаоѓа и неколку преселени литвански војници ‘‘воени злосторници‘‘ и ги убива на, за него својствен начин.

Се запишува на медицински факултет и работи како патолог и форензичар.
 
S

Sagan

Гостин
Полицијата му е во трага, но вујна му вешто го покрива.

Откако ги суредува сите во Франција, се враќа во родната Литванија и го суредува главниот виновник за смртта на сестра му. Пред да го убие, настанува интересна дискусија за тоа дека морал така да постапи, ако не сите ќе умреле од глад, муабети за нагонот за живот и самоодржување, за тоа дали вреди ееден да умре и со тоа да ги спаси останатите десетмина... и т.н.

Би можеле да дискутирате и на таа тема: го оправдувате Ханибал, сфаќате зошто е таков каков што е во ‘‘Кога ќе стивнат јагнињата‘‘ или сметате дека тоа што го направиле војниците е исправно?
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Згоден актер,дури и би ми било мило да ми го изеде носот:)
Сепак како Ентони Хопкинс нема друг.Човеку,ако од нешто се плашам,тоа е неговата појава хехе.
Бат,лукинг форвард да го гледаме филмов.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Филмовите за Ханибал се класика но никој не може да го замени Антони Хопкинс
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Значи точно е дека Филмов во поглед на жанрот е УЖАС!!!!!
Викаат дека е ненормално страшен!!!!!
Обавезно ќе го глеам
 
Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Ааа филмот обавезно ќе го гледам!!!
 
J

JohnnyMass

Гостин
Еј, страва филм.Го гледав пред еден месеца околу 1 мај.На кого и да му го раскажувам почнува да се тресе и да гади.Мада немаше нешто многу крвопровевање(па дури не видовме ни како ја јадат Миша, само блесокот на секирчето), ама и покрај тоа самото гледањето на Ханибаловата насмевка ги плаши луѓето.
Само една дилема ми остана по филмот:
- Дали и Ханибал грицнал малку сестра си?
Ова мое сомневање настана кога оној главниот од разбојниците кои ја убија Миша кога Ханибал се спремаше бавно да го убие на бродот, овој му рече нешто како "Не јадевме само ние...и ти јадеше Ханибал.Како инаку би преживеал?"(Малиот Ханибал го најдоа Руски војници во полето).У тој момент Ханибал почна да хистерише и одеднаш рипна да го грицка овој за образите.
Па сега јадел ли Ханибал од телото на сестра си?
 
Да, и јас мислам Ханибал има јадено од сестра му, мислам дека тогаш на бродот се сети на тоа и зато така мизерно ко гризеше на тој
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Rising не ми се допадна многу... :toe:
Али претходните се генијални, сите ми беа одлични, на чело со Silence of the Lambs.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.826
Поени од реакции
22.868
Го гледав, мене ми се допадна...
 
V

Viktorijabt

Гостин
Филм исполнет со ужас...гнев...одмазда... Продолжение на Кога ќе стивнат јагнињата. Не знам кое по ред. Приказна за тоа како Ханибал постанал канибалист. Филмот е потресна сторија за губењето на блиските и судбината да доживееш литвански фашисти, пред твои очи, да ја убијат твојата сестричка и да ја сварат за манџа! за да преживеат (?!) Приказна за создавање на ѕверот во човекот...

За време на Втората светска војна, Литванија е на страната на фашистичка Германија. Естонија дури во 1942 е јуденфрај, земја без Евреи.
Семејството на Ханибал бега од истовремените напади на Советите и Германците во меѓусебните битки и се сокрива во една куќа во литванската тајга.
Русите сакаат да ја заземат куќата во моменти кога германски авиони ја бомбардираат околината. Загинуваат сите советски војници и родителите на Ханибал. Тој останува сам со својата помала сестра и се крие во куќата.
За неколку часа, доаѓа литванска единица и се засолнува со децата во куќата. Сите се обидуваат некако да преживеат. Војниците се обидуваат да уловат некое животно и да зготват јадење, но никако да им појде од рака. По неколку дена, ненормалните мутанти одлучуваат да убијат едно од децата и да го зготват. Проценуваат дека девојчето има ‘‘повеќе месо‘‘. Сцената на убивањето е неописливо ужасна...

Ханибал Лектер и сестра му Миша.

По осум години, тој служи војска во литванската армија. Сите ја пејат химната, тој молчи. Во обид да го удри, еден од десетарите заработува забодена вилушка во раката. Ханибал се спрема за одмазда!

Најпрвин со срп го убива омразениот десетар, по што со воз, илегално, заминува за мал град во близина на Париз, кај својата вујна, инаку Кореанка. Таа го научува на ракување со самурајски меч...
Хмм... јас колку што сфатив вујна му беше Јапонка...инаку како ќе го научеше на оние вештини со катаната, па оние пергаментите, идолите - јапонска култура. Инаку филмот го гледав сношти и ЗАКОН Е. Претходно само дел имав гледано. Ги имам гледано и Црвениот Змеј и дел од Јагнињата... Ова е Ханибал Рисинг ај сега да не менувам поддршки мака ми е...
Не е страшен бе луѓе туку те тера да се замислиш и да ѕирнеш во умот на една истрауматизирана личност...Јас го поддржувам Ханибал 100% дури и ако несвесно каснал од сестра му...
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
GO gleav,Ne e ic strashen,ali e dobar film,odlicen. Me bendisa.

Ali nikad nema da moze da se sporedi so bilo koj del od SAAAAAAWWWWWWW!!!!!!!! RAAAAAAAWR !! >:[-<
 
Kajgana Shop

На врв Bottom