S
Sagan
Гостин
Филм исполнет со ужас...гнев...одмазда... Продолжение на Кога ќе стивнат јагнињата. Не знам кое по ред. Приказна за тоа како Ханибал постанал канибалист. Филмот е потресна сторија за губењето на блиските и судбината да доживееш литвански фашисти, пред твои очи, да ја убијат твојата сестричка и да ја сварат за манџа! за да преживеат (?!) Приказна за создавање на ѕверот во човекот...
За време на Втората светска војна, Литванија е на страната на фашистичка Германија. Естонија дури во 1942 е јуденфрај, земја без Евреи.
Семејството на Ханибал бега од истовремените напади на Советите и Германците во меѓусебните битки и се сокрива во една куќа во литванската тајга.
Русите сакаат да ја заземат куќата во моменти кога германски авиони ја бомбардираат околината. Загинуваат сите советски војници и родителите на Ханибал. Тој останува сам со својата помала сестра и се крие во куќата.
За неколку часа, доаѓа литванска единица и се засолнува со децата во куќата. Сите се обидуваат некако да преживеат. Војниците се обидуваат да уловат некое животно и да зготват јадење, но никако да им појде од рака. По неколку дена, ненормалните мутанти одлучуваат да убијат едно од децата и да го зготват. Проценуваат дека девојчето има ‘‘повеќе месо‘‘. Сцената на убивањето е неописливо ужасна...
Ханибал Лектер и сестра му Миша.
По осум години, тој служи војска во литванската армија. Сите ја пејат химната, тој молчи. Во обид да го удри, еден од десетарите заработува забодена вилушка во раката. Ханибал се спрема за одмазда!
Најпрвин со срп го убива омразениот десетар, по што со воз, илегално, заминува за мал град во близина на Париз, кај својата вујна, инаку Кореанка. Таа го научува на ракување со самурајски меч...