Денес Италпетроли официјално изјави дека понудата на Американците е најдобра и најкомплетна, исто така еден од членовите на американската групација потврди дека се избрани од страна на Уникредит и Италпетроли... сега веќе барем знаеме кои се нашите потенцијални газди и доколку преговорите во наредните неколку дена или 1-2 недели завршат успешно, АС.Рома ќе има нови сопственици, богати и моќни... сега најверојатно ќе договараат што како треба да биде, се шпекулира дека америте ќе купат 60% од акциите, а 20% ќе останат во рацете на Уникредит додека другите 20% ќе бидат продадени на италијанец, некој од овие вајда (Luca Parnasi, Francesco Angelini и Leonardo Caltagirone)....
ако испадне вака како што пишав ќе биде одлично, што сакате повеќе?? Сопственик америчка групација(моќна и богата), 20% една од најдобрите и најпрофитабилните банки во Европа(главен спонзор на ЛШ) и 20% италијанец кој ќе барате во политиката и ќе не штити од политиката!!!
Еве некои шпекулации околу планот на американците за развој на Рома... Анчелоти доаѓа како тренер, го враќаат Балдини кој ќе биде меначер на тимот(нешто што кај американците претставува пали-гаси), личноста која ќе биде задолжена за трансфери е моменталниот спортски директор на Палермо, човекот кој ги донесе Пасторе,Иличиќ,Хернанес,Касами,Муњоз,Кјаер,Кавани во Палермо.... нешто што многу ме израдува е вниманието кое американците го посветуваат на младите играчи, затоа нов тренер на Примавера тимот би бил Зденек Земан,замислете младинците на Рома ќе имаат класа тренер!!!
Што се однесува до спонзорите се очекува на крајот на годината да се раскинат договорите со Капа и Винд, најверојатно новиот спонзор ќе биде Адидас!!!
не сакам повеќе да шпекулирам да не испадне после ова дека сум ве исполажал, да почекаме да видиме што ќе се случи понатаму... сепак ни престојува светла иднина, всушност после ова што го доживеавме со Росела полошо неможе ни да биде!!!
Форца Рома!!!