МЕ ВАДИ ОД ПАТИКИ !

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
1.Што учевте во школо?(одговорот секогаш ми е ништо:))
2.Ајде да јадеш не си јадеш добро во школо.
3.И што сега ќе спиеш ли?(па како да не спијам напладне кога во 6:30 сум станал)
4.Ајде до сега спиеше земи книга сега.(реченица што ме највеќе нервира)
5.И што сега ќе седиш на компјутерот цел вечер.
6.Во 23 часот:Ајде легнувај си утре треба во 6:30 да станеш.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
-Добро,незнајш да го наместиш креветон?Незнајш малце да подзачистиш?(во моменти на преголема мрза..:toe:)
-Шо напрај нашколо? Немате за учење или само ти немаш?(Е тек ова,со самово шо го пишам се нервирам. Нешто што стварно ме вади од патики)
-Поголем е братти,тој шо ќе ти кажит ќе го слушаш, несмејш да му презборвиш. И да те удри убо ти прајт,пак да ти текни да презборвиш.(Добро што е ова дискриминација? Несмеам да имам исти права ко него? Несмеам ништо во однос на него)
-"Мамо сакам да ми купиш..бла,бла бла." Мама : Шо да ти купам? Јас на твои години мислиш имав такво нешто?
-Пази шо прајш..немој да ти текнало да пушиш или да пијаш. Пази дан посегниш по дрога!Порано идај си.(пред секое излегвење)
-Кај си ти досега? Не го гледаш сатон колку е?(после секое излегвење)
-Прекини да штракаш по тастатурата на нерви ми одиш.
-Утре други ден ќе се мажиш,а знајш само три јадења да напрајш!(оригинален цитат од мама)
-Немате никакво поштовајне спрема родител!
-Ко ќе пуштам погласна музика или ко ќе сум на копјутер после 2 сатот,тато доаѓа во соба со коментарот: Ти си за Демир Хисар(или Бардовци,свеисто е ). Ој лечи се!
Можда имам лоша навика за викенди пред да излезам се пробувам и се фрлам во спалнана и ко ќе се вратам алиштата таму. И сабалјето осеќам некоја тежина на нозеве и секој викенд истото: алиштата ми се фрлени на креветот т.е. на мене додека спијам. Ова страшно ме нервира.
Морав да ја надополнам листава:
Секој ден истото нешто што ме збудалува начисто: Весничеееее ела мамино да јадиш и сеа ќе им речам ќе дојдам, и после 2 секунди истото пак, ајде злато ајде ела да јадиш и сто пати ќе го повтори истото дури не станам и да не одам да јадам.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Воа летото:
* Бел ден немаш видено...денски спиеш навечер дремеш.

* Научи барем едно јадење да си направиш, утре ќе отидеш на фкас, кој ќе ти прави таму.

* Стани малку од компјутерот, ќе заборавиш да комуницираш со луѓе...ФАК:shok:
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Треба сите да ве цитирам и да кажам дека и моите се такви :nerv:, за некои работи незнаат од доста, премногу гушат да не речам не ме оставаат да живеам по мое...
Ама нека има помин, ќе се помирам што во глобала повеќето родители се такви :)
 
А

Александра Д.

Гостин
Мајка ми ме вади од патики само за 1 нешто...Дека ќе се омажам на 15 години или ќе забременам!:pos2:
Другото..знам дека е во право така да не се бунам.
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
-Ајде легнувај си касно е (секоја ве4ер после 12)
-Немаш ли за учење? Кажи ми кога си седнал книга да чепнеш?
-Само пари тражете цел ден, за тоа, за овоа.....
-Ај стани 10 саатот е кога ќе се спремаш за школо? 9Секој ден кога сум 2 смена )
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Најмногу ме вади од патики кога мајка ми ќе дојде нанервирама од работа и сега нема на кој да се истури и оп на мене..За се и сешто ми се дере,урла и така ќе ми нареди се лошо што сум правела или за се што има замерки од почетокот на моето постоење па се до денес..И одкако ќе и заврши епизодата се си е мирно..т.е. она е смирена..а јас :nerv:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
е нервира климаксот на мајка ми и нејзините епизоди на хормонални избувнувања. Не е крива жената, па ајде уште ние и фалиме да се буниме..
 
Z

ZeroStyle

Гостин
У последно време ништо не ме нервира, мислам некако ептен опуштен сум, wweed up :drk:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
32
Поени од реакции
0
i jas vo posledno vreme se mi e smesno premnodu lezerno izgleda gi sfakam rabotite
 
М

Мрак

Гостин
.Татко ми после 12 саат кога ќе не види уште будни:А што вие,пак нова година чекате?

.Мајка ми:Ајде додете да јадетее!
по 3 мин:Деца бе јадењето е готово!!
по 2 мин:Јадењето ќе ви се олади,доаѓајте одма на маса!!!

.Секој ден кога влегува дома од школо.Мајка ми:Добар ден се вика,млада дамо..

.Мајка ми секој викенд:Еее веќе со тој фудбалот,како 2 машки да сум родила!!Излегувај несакам да ги слушам тие глупости,оди гледај во другата соба!

.Мајка ми секој ден кога ќе слушне рап:и ова ти музика го викаш?Еее какви глупости слушаш...

.Мајка ми секое сабајле:Станувај ајде,веќе 7:20 е кога ќе се спремаш за во школо!Станувај!Стани бре..е добро бе касни во школо,нека ти ставаат неоправдани.Немој да мислиш дека ќе те опрабдувам

.Гости:лелее колку си порасналаа!!Од кога не сме те виделе,девојка цела си станала!Бре бре машала,да те мажиме уште малку.А имаш дечко?Ааа имаш имаш,само не кажуваш...а во школо како е?Учиш?Еее па мора да учиш,школото ти енајважно во животот.

.Мајка ми:На што ти личи собава?А?На што личи?Како да паднала атомска бомба!Ова не е соба,ова е џунгла,бубашваби уште флат да почнат да излегуваат!!!

.Татко ми:Ајде изгаси го компјутерот.Што е ова,цел ден на компјутер како заразени во тоа мониторот гледате.Со кој се допишувате на тоа мсн,глупости се тоа.

.Баба ми:Ане ладно ти е така,на баба,облечи јакничево.
Се најаде?Нее,малку ти беше еве уште ова изеди го.
Е каде ќе шетате секоја вечер?Со кого одиш?

.Мајка ми:Јас кога сум била колку тебе и сум чистела,перела,алишта сум пружала и пеглала и и ручек и торти сум правела,а ти несакаш собата да си ја суредиш.Па на што личи ова?Замисли да дојдат гости!Е во ваква соба ќе ги пикнам,да видат во каква соба седиш.

Баба ми:абе надвор излезете на воздух,само во соба пикнати сте пред тоа компјутерот.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Секое сабајле пред да идам у школо
Jaс [на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, 6-ипол е, сакам да се спремам на раат.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина се слуша Bhajans]
Јас[на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, 15 до седум е, не сакам да каснам.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина се слуша Bhajans]
Јас[на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, седум саат е, имам 18 неоправдани.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина СЕУШТЕ! се слуша Bhajans]
Јас [конечно на сестра ми]: Симона ајде бе, 7 и 15 е, излези, можеш во твоето веце да медитираш, остај ме да се спремам.
Сестра ми [искача]: ЕЕЕЕЕ, какви луѓе сте вие, не може човек посабајлечки да медитира.
[Јас, на крај, стигнувам у школо у 15 до осум, среќа живеам блиску, и слушам пола часовно дрвење од било кој професор].

Мајка ми [секој ден после часови]: Леона, до кај си? Ај купи ми [put something here], кога ќе доаѓаш, ме мрзи сеа да излезам.
Мајка ми [петок, сабота навечер]: Леона, не може да излезеш, не си научила. (Јас ќе учам инаку у сабота навечер. Да)
Мајка ми [сабота попладне]: Леона, што да нарачам за јадење? (А да напраеше нешто? :lut:)
Majка ми [било кој ден од неделата кога ќе слушне музика од мојата соба]: Што е ова, гаси музиката, ова само наркомани слушаат! [Неписмена една, полна со предрасуди]
Мајка ми [после караница]: Какво дете сум родила јас? подобро да сум абортирала!
Мајка ми [после бесна шутка било каде, откако ќе се вратам дома]: Што е ова ма, изгледаш ко да си се тепала! Ако те видат луѓе на улица, што ќе си помислат? (Ме боли мене цеф што ќе помислат за мене рандом луѓе на улица).

Сестра ми [било кога гледам фудбал]: Глеј ма нешто друго, само фудбал гледаш, едуцирај се малце.
Океј, јас у знак на револт идам да гледам кај мене у соба, она на мене.
Во меѓувреме зачитувам некоја книга.
Сестра ми: види ја, уште малце мувла ќе фатиш со тоа книгите, земи едуцирај се малце.
(ооокеј, грешна претстава за едуцирање има типката, или погрешно го протолкувала тој збор).
Луди се луѓето, со сите нивни постапки ме нервираат, што да праам. :kesa:
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Прееска брат ми
Брат ми:Абе мали утре јас го зимам точакот на Водно ќе одам да се возам
Јас:ААА ќе го земеш жими куров, јас се возам кој те ебе
Брат ми:Дај бе не ми се занесувај мочко еден ти ќе ми кажеш
Јас:Абе копиљ кај имаш кола, кај секој ден си се возиш па уште и точакот ми го зимаш...не ти го давам мој е си имаш кола кај сакаш вози се...
Брат ми:Абе мајмун еден сакам да се рекреирам малце...ти го возеше прошлата недела сега јас сакам...
Јас:Абе си имаш кола оди кај сакаш...јас се возам со точак ти со кола...точакот е мој и не ти го давам...јас не возам кола и ти нема точак да возиш
Брат ми:Шо ми е гајле ако не возиш кола немаш положено кој те ебе...
Јас:А неможеш да речеш еднаш ај Павел да те однесам на полигон малце да повежбаме...НЕМОЖЕШ?
Брат ми: (се смее со иронија)Ај друг пат ќе те носам...утре го зимам точакот и крај
Јас:Земи го ама до 2 саат да си дошол дома најкасно 2.20 ЈАСНО?!
Брат ми:Кој си па ти да ми кажуваш кога да си дојдам...коа ќе ми текне тогаш тибам селјакот
Јас:На кого бе ти селјак?
Брат ми:На тебе
Јас:На мене а?
Е тука дојде веќе до искри каде што ќе си поделевме некој бокс меѓу себе, дојде до мала турканица...
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Дур бев средно ко ќе и’ кажев на мајка ми “денес праев писмена“ та одма прашвеше “и шо доби?“. Господ да чуват, одма кажват шо добивме.

Сега пак ко ќе и’ кажам “имав испит или колоквиум“ одма прашање “и све напиша? све ти е точно?“ Е добро, ќе ми се сонит дали ми е точно и дали ќе ми го признајт или не.
Или на пример ќе и’ речам, напишав 8 од 10 прашања и та одма, ништо, 7-ка. Ништо не учиш. :nerv:
А ко ќе и’ побарам пари, “е шо напрај само пари бараш, за 2 недели 2000 потроши, луѓено цел месец со толку поминват“. Е добро ак не, да не јадам и да не излегвам. :uvo:
Само со ова ме замарат 2 години по ред, за друго ништо не велит, зш и онака ме гледат еднаш во 1 или 2 недели, и ко ќе си дојдам дома се’ ми прајт ко шо сакам. :pipi:
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
- Цело време од еден екран на друг идеш (од ТВ на ПС)
- А бе само типов го гледаш што седи зад решетки, никако да ја смени собата (кога го гледав Prison break)
- Ајде искочи од компјутерот ми треба нешто мене (седнува татко ми да гледа нешто за железницата низ светот)
- Ај бе одмори малце, кичмата ќе си ја искривиш на млади години.
Мајка ми: -Кај идеш?
Јас : со друштво
Мајка ми: купи леб на враќање

И покрај сево ова што ми го прават, си ги сакам премногу.
КРАЈ!!! хаха :pos2::pos2::vozbud::vozbud: и мене ми рече еднаш татко ми..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom