...многу негативна енергија имаш, чатгпт и АИ е иднината, во неколку секунди ги прелистува сите податоци во светот за проблематиката која се прашува, веќе енциклопедии и книги не се потребни во моментот, затоа што е потребна брзина за информации, податоците не се само така паушал земени туку сум инволвирана во сите тие процеси во здравството,
... шифрарникот е важен да не дојде до грешки меѓу исти лекови но со различна јачина и форма зошто содржи единствен код на тој единствен лек и на тој начин е точна таа дигитална база на податоци преку е-рецепти да функционира точно и без грешки посебно во Мој Термин, а тој субспецијалистот во својот извештај кога ќе внесе препорака за терапија, тој МОРА да користи кодови од шифрарникот, а тоа што Системот преку шифрарникот контролира дали одреден субспецијалист на пример, кардиолог или ендокринолог има законско право да препорача тој специфичен лек или не смее, е тука е болката со шифрарникот и субспецијалистите што не одговара секој да си го препишува од својата област, а не хаос ин Лаос!
... многу добро знам како функционира ,,Мој термин“ штета што не си прочитал кој тоа треба да го ажурира и проблемите околу тоа, а не дека таму некои ИТ служби можат да го средат тоа иако државата управува со него, софтверот и техничката инфраструктура на „Мој Термин“ се одржуваат од приватна ИТ компанија Sorsix со склучување на договор меѓу моменталната Влада и фирмата, арно ама во октомври 2026 година, министерот за здравство др Сашо Клековски јавно посочил дека 18 месеци Министерството за здравство немало потпишано активен договор за одржување на системот „Мој Термин“со што немало ни континуирано сервисирање и ажурирање, па со тоа и проблеми со работењето на платформата „Мој Термин“.
... многу погрешно мислење имаш за мене и а за тоа е твое право да се однесуваш така, иако со ништо провоциран или навреден, сепак форум е ова, секој си одбира кого ќе слуша, но немој со закани или слични набедувања кога не знаеш кој седи позади мониторот.
... ние сме мала држава, би рекла никој и ништо во ЕУ, така да како се држиме сега за сега во здравството не сме толку лошо, но може и подобро ако се постават вистински луѓе на одговорни места помалку партизирани.
Негативна не, реална енергија, резултат на твоите реформатори. Со такви бубашваби у МЗ и ФЗ, тоа е, врвот. А
дека си далеку од реалноста за здравството само затоа што си од гатачкиот дел на шалтерот, тоа е факт.
Да збориш за некое подобрување, нешто дека функционира на подобро, да не беше жалосно ќе беше смешно.
Те прашав конкретно подобрени области за пациентите, не добив одговор, само џемини дискусија со џемини податоци.
но немој со закани или слични набедувања кога не знаеш кој седи позади мониторот.
Точно, можеби болничарка или сестра, шеф сале, не знам. Можеби лихвар, бачко некој, ефбиај, ама ич не ме интересира.
За полесно да сфатиш, сиже оти очигледно тешко ги спојуваш муабетите и секогаш погрешно, накратко ништо не сфати.
Јас не ти се заканувам, животот се врти, животот ти се заканува, реалноста, староста, болестите. Ако на доктор мора да му цртам, налет.
И таков доктор кој нема чувства за пациенти, кој нема појма што се случува по ходниците и шалтерите, за мене (па и за другите нормални луѓе) е се само не е доктор. Па ако сака нека е и примариус.
За негативност, суета или исфрустрираност многу добро ја познавам докторската фела во МК, ваљда имате огледало. И ти и секој оној кој не знае психолошки или човечки да пристапи кон пациентот/граѓанинот туку го гледа од небесните височини.
Толку, фали ги "реформите" и понатаму.