Пак си е ќоро, сега се сликаат како им одговара, па после филтри, од пепелашка слика у живо ќе ти дојде гаргамел. За муабет, ваљда се прескача еден основен муабет, да.
На времето, може бев средношколец или прва факс, сестра ми ќе ми мести другарка. Ова е една од првите што ми ги има местено, и само една беше нормална, асална.
Океј, одиме во парк. Ми вика чекај, сега ќе го викнам девјчето. И знаеш, знам дека се рокери/панкери/металци, па очекувам некоја од тој фазон. И јас тогаш имав долга коса, ама не одев нешто во журки и шутки.
Ми носи едно девојче, јас 182, таа 190. Јас 70 кила, таа 90 кила. Кратка дреч портокалова коса, ставила црна шминка околу очите, абе иста Чаки. Се запознаваме, нешто ми збори, јас демек ја слушам, и си отидов!
Доаѓаме дома, кога почнав да ја пцујам. Топуци носела, имала добра душа, добар карактер, забавна била, интересна... Нѐ слуша татко ни, доаѓа, прашува што е работата, му кажувам, сестра ми му ја покажува на слика, и овој се фаќа за глава.
Не е само да се пикне колку некаде да се пикне. Мора да имаш критериуми и стандарди.