Не гуд, одличен дил е Стоунс во Интер. Ако го земат и Кути Ромеро (а најверојатно ќе го земат), Интер ќе имаат страшна одбрана за во Серија А.
Фановите на ПЛ екипите би рекле дека е киксер, ама да разбираа фудбал тие, немаше да навиваат за англиски екипи.
Нема место за Ромеро во моменталниот Интер, не во контекст дека е лош играч ама и според мене грешка ќе е ако се донесе откако дојде Стоунс. Стоунс дојде за да игра централно во средина каде што играа Ачерби и Де Фрај, кои си заминаа, и под дифолт има првотимски статус, истото важи и за Бастони, истото важи и за Аканџи кој лани имаше одлична сезона.
Клубот верува многу у Бисек ко опција и за ротација но и за прв тим, а и му продолжија договор неделава, и тука е сеуште Павард, плус Ди Марко и Карлос кои се користат ко бек ап опции лево на стоперска позиција.
За да Ромеро дојде, треба да си иде Павард ама и у таква ситуација, дисбаланс ќе направи зашто ќе сака фиксно прв тим да игра и искрено многу чудно ќе ми биде Интер, кои гребат за секое евро, да инвестираат многу во уште еден стопер, нема потреба едноставно у моментов, имаше пред да дојде Стоунс.
Плус читав дека наводно сакал да игра во Шпанија па можно е и кај вас да дојде, иако ова можда е спин од луѓе блиски до Интер јер уште еден трансфер за кој не беа спремни да даваат над 30м евра, али со оглед на околностите, задоволен сум и со Стоунс, ќе заврши работа следни 2 сезони ако нема фрки со повреди.