Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Колку можам да забележам, на (дел од) народов веќе му е текнато на 2 начини:
- неповратно иселување и
- зголемена неизлезнот на секои наредни избори.

И покрај тоа, власта не ја боли „п*тката„ па си продолжува „по свое„ со она што остана од народ во „нашата земјата„, како ништо да не се случува по прашањето на незапирливото иселување и вкупниот пад на животот на секој план.

Битно е дека „нашите„ се на власт и дека плата „на први„ ќе им дојде...

Неизлегувањето на избори не е решение, дпмне/сдс/дуи си го имаат членството кое е доволно за да си напраат излезност и глумат избори. Плус и ако се види излезноста на изборите 2024 во споредба со 2020 парламентарни избори има 80к гласови повеќе!
 
Излегувањето на избори и гласање за „истите„-и тоа е е решение.

Членството од партиите, како и до сега нели, гласа само за „нашите„.

Тоа што ДПНЕ имало повеќе гласови во 2020-тата споредено со 2024-тата е одраз на гневот од (дел од) народот кон дотогашната власт, а не зголемен (и залужен!) рејтинг од ДПНЕ кај истиот тој народ,.

На последните/локалните, ДПНЕ е губитник, гледано по бројот од нивните гласачи, гледано по бројот од нивните негласачи и гледано по процентот од неизлезнот!
 
Сдсм во моментов не знаат дека се живи и се први на листата за отстрел. Треба да работиме да се затворат како партија. Да не постојат. Да бидат избришани од Централен Регистар како субјект и да не се знае дека некогаш постоеле.

Втори на таа листа се ВМРО.
Кога би можеле да ги избришеме во тандем би било најидеално. Сдсм е во нокдаун и се послаби и полесни за уништување.
Дел од причините за тоа е фактот дека Филипче е под директна контрола на Бозо и за крупните прашања најчесто се во комуникација и договор.
До пред неколку месеци Инфомакс беше опозиција на Мицко. Откако ја прерипа оградата, опозиција немаме ниту како медиум, а камо ли партија.
Они ти се едно говно поделено на 2 дела.

Но фактичката состојба е дека вмро е власт на секое ниво во државата и имаат набутано свои луѓе на секоја позиција почнувајќи од портир па до судија.
Со многу моќ доаѓа и многу одговорност.

Тоа што секој ден гребеме по дното е по нивна заслуга.

Тоа што е Инфомакс на страна на Мицко е чист знак дека бродот му тоне. Тие баксузи во 1945 да сменеле страна од германците за сојузниците, во 46 Германците ќе биле во Москва. На чива страна се они, во најдобар случај, ама најдобар стагнира. Вообичаено или затвор те чека или ќе изгубиш пацерски. Од нив што подалеку треба да се бега.
 
Затоа ли Левица не доби двоцифрен број пратеници? Грешка му беше на Апасиев што ги кооптира во кампања и си навлече лоша карма? :D

Додуша ги следи нив таква среќа уште од Љубе времето, за тоа си во право.
 
Излегувањето на избори и гласање за „истите„-и тоа е е решение.

Членството од партиите, како и до сега нели, гласа само за „нашите„.

Тоа што ДПНЕ имало повеќе гласови во 2020-тата споредено со 2024-тата е одраз на гневот од (дел од) народот кон дотогашната власт, а не зголемен (и залужен!) рејтинг од ДПНЕ кај истиот тој народ,.

На последните/локалните, ДПНЕ е губитник, гледано по бројот од нивните гласачи, гледано по бројот од нивните негласачи и гледано по процентот од неизлезнот!

Па нема да гласаш за истите, ќе гласаш за партија што не била на власт ете јас Левица ги гласам (иако не се согласувам со нивната идеологија 100%) ама се каква таква надеж во оваа држава дека може да бидат коректор на некоја иднина власт да не забегуваат со политиките и крадат. Дали може и они да флопнат како еден куп други ? Секогаш може ама до сега се чисти, и друга опција немаме

Дали ќе има Дпмне 430к гласови или 380к исто така не е многу важно, битно имаат едно 300к партиски административци кои ги гласаат по секоја цена и им се доволно за да останат на власт. Истото важи и за Сдс ама кај нив дел се прешалтаа во Знам за да останат на власт и да уживаат привилегии

Инаку Дпмне на наредни избори ќе изгуби едно 40.000 гласови само од земјоделците оти водат многу „добри“ политики во тој сектор
 
Не гледам проблем во ова, отсекогаш данок се плаќало од вредноста на недвижноста. Не може да се фалиш дека имотот ти вредел 2000 евра од квадрат а сакаш да плаќаш данок на 1000 евра од м2 што бил пред 6-7 години на пример. Плус овој данок оди директ во општинската каса, значи ќе има повеќе пари за проекти во тие општини а Арачиново и Сарај ќе чекаат милостина од владата

Е тоа што општините еден куп од овие пари наместо на проекти ќе го потрошат на ухлебување на партиска војска е друга работа

Треба и прогресивен данок на имот, секој 2-3-4 итн стан значително повеќе да се даночи а обратно многудетни фамилии кои ја подобруваат демографијата да бидат ослободени од плаќање данок на имот или истиот да биде со некоја симболична сума
Кон болдот; не е „друга„ туку „прва„ работа.

Кога на власта ќе и‘ зафалат пари, власта се „сеќава„ дека може дополнително да брцне во сечиј џеб.

Се чини дека на „локалните„ од ДПНЕ не им се доволни ненормалните комуналии од по преку 100Е/м2 па сега удираат на „пазарна„ цена од имотот и негово оданочување...

Ете, јас се прашував зашто не ми е стигнат данокот на имот, кога...власта се сетила дека треба да биде покачен!

Ако, пак да си ги гласате!

Да објаснам само отприлика каква е структурата на просечен буџет на општина во град Скопје. Патем ќе зборувам само за оперативен буџет, значи без дотации за плати за професори, итн ... зошто тоа се пари кои општината не смее и не ни може да ги допре, само ги зема и ги префрла понатаму. А сумата најчесто е некој 50% од буџетот.

  • Приходи:
    • 40-60% се од даноци по различни основи, во најголем дел данок на имот
    • 30-50% се од комуналии
    • 10% се трансфери од централна власт, изнајмување на општински имот, итн...
Со тоа што комуналиите се меч со две острици. Комуналиите се "супер" извор на пари, ако се делат маркици на локации со веќе изградена инфраструктура ( Центар, Карпош, Аердром до пред некое време). Во моментот кога повеќе нема градежни маркици кај веќе изградена инфраструктура и не можеш да ги земеш парите и само да ги потрошиш. Е тогаш комуналиите одеднаш стануваат пирамидална шема.

Да дадам пример, Гази Баба моментално гради кај Фон и гради во Ќерамидница, Аеродром кај Табак-сити, Кисела Вода кај ќе стигне. Али проблемот е што градат на места каде што нема претходно изградена инфраструктура, за тие луѓе треба да се обезбедат сервисни улици, игралишта на најважно школо и градинка. Просечна цена на изградба на школо е од 3-5 милиони евра, истото важи и за градинка. Сите пари кои они ќе ги земат од комуналии треба реално да бидат вложени назад на локацијата за да може да функционира таа нова населба, а прашање е и дали би стигнале сегашните комуналии за да се изгради се потребно.

Проблемот настанува зошто парите од даноци не стигнуваат доволно ниту за најосновно функционирање на општината. Одржување на зеленило, чистота, урбана опрема и јавни институции. Па они цело време позајмуваат од комуналииите да пополнат дупки, и со тоа оставаат непокриени трошоци за во иднина, со што мора да доделуваат уште повеќе маркици за градба за да ги покријат дупките кои ги оставиле претходно.

Единствен начин да се има функционална општина само со даноците е општината сите надлежности сама да ги извршува преку јавни претпријатија и да биде мин-мах организирана. Друг начин нема. Али тоа би барало пеколно многу работа и прекинување на целиот тендер систем, што на никој на памет не му паѓа од сегашниве.
 
da naucime:

uspeh na drzavata ne e eliminiranje na problemite i/ili opasnostite na kulturnite nasledstva i nivno odrzhuvanje, tuku odlozhuvanje stavanje na listata na svetskoto nasledstvo vo opasnost (vo koe realno e).

uste diplomatski uspeh? ova diplomatski uspeh??
 
Проблемот настанува зошто парите од даноци не стигнуваат доволно ниту за најосновно функционирање на општината. Одржување на зеленило, чистота, урбана опрема и јавни институции. Па они цело време позајмуваат од комуналииите да пополнат дупки, и со тоа оставаат непокриени трошоци за во иднина, со што мора да доделуваат уште повеќе маркици за градба за да ги покријат дупките кои ги оставиле претходно.

Единствен начин да се има функционална општина само со даноците е општината сите надлежности сама да ги извршува преку јавни претпријатија и да биде мин-мах организирана. Друг начин нема. Али тоа би барало пеколно многу работа и прекинување на целиот тендер систем, што на никој на памет не му паѓа од сегашниве.

Како нема да позајмуваат кога институциите за одржување на општините се неефикасни, многу администрација а малку работници на терен. Баш гледав за нашава општина споредував со иста во Словенија по бројот на жители, таму администрација со работници на терен соодносот е 20 према 80 % и тоа сигурно многу подобро опремени со механизација со се. Кај нас во градов е скоро 50-50% еден куп непотребни сектори, па раководители на се и сешто, па советници итн тоа што може 1 да го сработи они го поделиле на 3ца
 
Мислам дека Левица треба да коалицира со Палчо и Бачев за да се ојача пред наредни избори :kafence:
 
Како нема да позајмуваат кога институциите за одржување на општините се неефикасни, многу администрација а малку работници на терен. Баш гледав за нашава општина споредував со иста во Словенија по бројот на жители, таму администрација со работници на терен соодносот е 20 према 80 % и тоа сигурно многу подобро опремени со механизација со се. Кај нас во градов е скоро 50-50% еден куп непотребни сектори, па раководители на се и сешто, па советници итн тоа што може 1 да го сработи они го поделиле на 3ца

Не е ни 50-50, негде 60-40 или 70-30 е соодносот админситрација - работници Општините имаат по фул вработени во оделенија како, оделиение за Еднаквост и права, и оделение за образование. Значи по 6-8 вработени, плус координатор, плус заменик координатор. И тие буквално доаѓаат на работа да се видат со колегите и да си прават муабет.

А ако се земат тие плати што се трошат за истите може да се најмат 4 мајстори во локалното ЈП, кои ако работат по 8 часа на ден за две години цела општина ќе ја поправат. И ќе може да бидат сосема респектабилн платени за истото.

А реално и од овие е многу лесно да се ослободиш, зошто се што треба да направиш е нова систематизација, да ги укинеш сите позиции и надлежностите да ги префрлиш на една, максимум две личности. Не треба воопшто да се замараш со долгата процедура од 2 години каде што ќе треба да докажуваш дека не работат ништо. Секоја општинска админситрација може да биде скратена за 20-30% во првиот месец. И после 6 месеци повеќе не
 
Последно уредено:
Како нема да позајмуваат кога институциите за одржување на општините се неефикасни, многу администрација а малку работници на терен. Баш гледав за нашава општина споредував со иста во Словенија по бројот на жители, таму администрација со работници на терен соодносот е 20 према 80 % и тоа сигурно многу подобро опремени со механизација со се. Кај нас во градов е скоро 50-50% еден куп непотребни сектори, па раководители на се и сешто, па советници итн тоа што може 1 да го сработи они го поделиле на 3ца

Прва грешка што се прави во контекст на оправање на Северен Фиром е споредбите со Словенија. Ние можеме да правиме споредби и да црпиме искуства само со земји од Отворен Балкан и по некој турски и бугарски регион/провинција.
Тоа што со Словенија сме биле во таа заедница и имаме сличен број на население, не нѐ прави соодветни за споредба.
 
Back
На врв Bottom