Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Абе дете праиме тука муабет за продажба на станови а не за кој е купувач а кој продавач. Епа цвеќето у дворот нема да ти ја качи цената на куќата ако нема заинтересирани и ако сакаш да ја продадеш
Во уредување на двор, квалитетна сума на пари може да отиде...

А знаеш зошто некои што се помудри... Кога купуваат куќа, пред да се пазарат го прашуваат сопственикот кој ја правел, он или таткому?
 
Не знам зошто ама еве пример во Велес становите вредат пет пати повеќе од куќине е ај кажи ми зашто, а и во Скопје еве пример куќа во Ѓорче вреди помалку од стан во Влае, Карпош, Центар, итн
 
Абе дете праиме тука муабет за продажба на станови а не за кој е купувач а кој продавач. Епа цвеќето у дворот нема да ти ја качи цената на куќата ако нема заинтересирани и ако сакаш да ја продадеш
Дете?
Очигледно живееш надвор од реалноста.
Ја не ти зборев за цвеќиња. Али реално таквите како тебе се тие што се жалат и спамираат за цените нели?
 
Не знам зошто ама еве пример во Велес становите вредат пет пати повеќе од куќине е ај кажи ми зашто, а и во Скопје еве пример куќа во Ѓорче вреди помалку од стан во Влае, Карпош, Центар, итн
Сигурно оти има многу куќи. Голема улога има и локацијата, дали има пристап со кола, гаража, кога е градена итн...

Во секој случај, куќа е подобра опција од стан...

Е сеа не може некоја куќа од плитар за рушење да има иста вредност колку стан... Рачунај, тој што купува, всушност го купува плацот, па ќе има додатни трошоци да руши за да почне да гради...
 
Не знам зошто ама еве пример во Велес становите вредат пет пати повеќе од куќине е ај кажи ми зашто, а и во Скопје еве пример куќа во Ѓорче вреди помалку од стан во Влае, Карпош, Центар, итн
Па како може да споредуваш периферија со центар? Секако дека во центар станот повеќе ќе вреди од куќа на периферијата. Друго, трошоците за одржување куќа и стан не се исти.
 
Дете?
Очигледно живееш надвор од реалноста.
Ја не ти зборев за цвеќиња. Али реално таквите како тебе се тие што се жалат и спамираат за цените нели?
Абре чоек кој се жали кај виде ти дека се жалам, јас само напишав информациија дека продажбата опаднала за 27% во првиот квартал од 2026 или вториот беше не знам а и вториот има опаѓање не знам од колку мислам дека е од 16%. Дискутираме, јас не сакам да купам стан не сум заинтересирана, ниту куќа во мк. Темава е за дискусија
Автоматски споено мислење:

Па како може да споредуваш периферија со центар? Секако дека во центар станот повеќе ќе вреди од куќа на периферијата. Друго, трошоците за одржување куќа и стан не се исти.
Ѓорче не е периферија баш, 5 км е од центарот.
 
Баш тоа де, тие 5 километри во шпицот се 15 километри. Едно е од Центар да си тргнеш пеш или со точак, а сосема друго секое утро да палиш кола, да висиш на секој семафор по Партизанска и на крајот повеќе пари месечно да оставаш на бензински пумпи. Јбг, некогаш и времето и мирот се купуваат.
 
Не знам зошто ама еве пример во Велес становите вредат пет пати повеќе од куќине е ај кажи ми зашто, а и во Скопје еве пример куќа во Ѓорче вреди помалку од стан во Влае, Карпош, Центар, итн
кои куќи вредат 5 пати помалку од стан?
оние на: јурија, камено брдо, црна џамија...
знаеш колку чинат куќите на: лазо осмаков, крсте мисирков, никола карев...
тие куќи ако си од велес точно знаеш зошто немаат вредност.
 
Не знам стварно еве просветли ме.
 
за почеток ниедна од пристапните улици не е поширока од 3м, нагиб >15%, први соседи цигани...
 
Да а што е со пристапните, еве во дворови врти еден оглас 28.000 ја спушти куќата на 26.000 пакне му ја купува никој, затоа што се тоа за реновирање куќи затоа, а становите не се за реновирање, тоа е разликата.
 
точно ја знам куќата и човекот што ја продава за да дојдеш до влезната врата треба да минеш низ пат максимум 1м ширина, тоа што е на два спрата е доплнителен проблем поради неприкладен распоред според денешни стандарди, реновирањето е плус.
 
Да, но куќата ево центар не е на рид, самото место вреди, а излегува замена за кола
 
напротив местото не вреди ништо тотално неупотребливо, за да направиш било што таму има да се соочиш со танталови маки, куќата дури е и лепенка со други куќи... не случајно не се продава
п.с сум живеел во дворови точно знам што зборувам.
 
Резултат на шугава глупа младина, пре ќе куца на компјутер за 30к место да лепи плочки за 60-70к.

И нормално се створи дефицит, допрва ќе гледаме за ова.
Епа дечко, јас сум лепел плочки и сум куцал на компјутер. Ексик тие 60-70, грбот секогаш гол, кичмата после пола саат не е твоја, а невечер ни ваљак од 5 тона не те исправа. Подобро ќе растам хемороиди за пола пари, него тоа.
 
Back
На врв Bottom