СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    42
Овој тухел можеше уште еден голман да стави, да го ставам на сите жени во фамилијата негова.
 
Уф сега Анти Јамал и Анти Меси навивачите се на мака. За кој да навиваат за трето место.

Mocking Tom And Jerry GIF
 
Медиумиве во Англија има да го распнат Тухел, и тоа сосема заслужено. Дур утакмицата беше на средината на теренот, Меси беше практично невидлив, дури и на крило одеше на моменти, да земе топка. Мечот беше егал.

Тогаш на сцена стапува генијалецот Тухел, кој 30 минути пред крај на меч вади крило, и става централен бек во игра. Целото тежиште го сели пред голот на Англија, а со тоа и самиот го носиш Меси на свои 16 метри, од каде што нема бранење од таков комплетен играч, кој има и шут, и пас, и може да дрибла, асистира. Не постои посамоубиствен момент од ова можеби во последните 10 години. Eмери имаше некоја таква глупа измена, мислам со ПСЖ, извади напаѓач, внесе бек, и го потопија, само не се сеќавам на кој меч беше.

Пикфорд го знаат дека има кратки раце, Енцо денес 6-7 пати му шутна сигурно, една ке мора да влезе.

За Аргентина, што да се каже. Бековите сомнителни по квалитет, ама надокнадуваат со пожртвуваност. Изгинаа денес, се виде на крај колку им значи. Ке биде пекол во недела.
 
...види ја анкетата како бијонс гласаше за кои 5 екипи за во финале :
Англија, Аргентина, Норвешка, Франција и Шпанија сите ги погодив! :pipi:
...а ти како гледам гласаше, ама само еден погодок - за Англија! :tapp:
Браво, секоја чест. Иначе не знам дали знаеш ама само еден шампион може да има, не 5. :icon_mrgr:
 
Хари Кејн е господин човек,никогаш не сум го видел онаков лоу лајф потег ко белингам да направи а се изнагубил во кариерата
 
Како изгина мојот брат Тухел, реши да се поништи, потпирајќи се целосно на нешто што беше изнудено против Мексико, кога играа со играч помалку.

Реши тоа да му биде еден од главните модели како да продолжи понатаму на првенството.
 
Каков харамбал видовме вечерва од Тукел, епски. Кога ти играат Белингам како централен стопер и Кејн како дмф, не заслужуваш ништо. Its coming home indeed.
 
Ги фати раката на Марадона од небо :D
Добро никој не пиша за однесувањето на Белингам на крај, шо беше она бе, фати го искрши го таму педерче уфилмано.
Кејн најјакиот, не се виде кутриот
Како можи некој Меси да го мрази бе, за Атлетико сум и милина ми е да го гледам, ниту имало ниту ќе има ни приближно некој како него
 
Дали некогаш некој менаџер во битен натпревар сменал напаѓач за петти дефанзивец за да чува резултат и успеал во намерата?
Ете Тухел 2021. Иначе Аморимчо имаше таков обичај да брани 1:0 и скоро никад не одбрани.
 
Тухехехехел. Игра со 6 дефанзивци, става играч од 2 метра во одбрана, ама пак дозволија да ги надскокаат Аргентинциве на кој просек во висина им е 1.80. Геније.

Ама ако, мерак ми е. Никогаш не сум ги сакал гомната инцестоидни. Најпрепотентна фудбалска нација со еден освоен трофеј пред 60 години. А се понашаат како да ги освоиле десет. Ајде, мрш.

Пред полуфиналињава имав само една желба, финалето да не биде Англија-Франција. Фала богу па ми се оствари. Е сега на раат може да се гледа финале, а овие нека се колат за 3. место.

Сеедно ми е кој ќе освои, иако во принцип на првенствава обично навивам за Аргентина. Ама па и оваа генерација на Шпанија ми е скроз океј. Нема некоја суперѕвезда (Јамал е уште рано да се карактеризира како таков), играат тимски, се знае секоја улога. Така да и да освојат нема да ми биде криво, пошто ќе биде заслужено.

Од друга страна и Меси итекако заслужува да се закити со уште еден трофеј. Не е реално како игра со 39 години и ја влече цела репрезентација.

Сите предуслови за добар фудбал ги има, се надевам дека ќе гледаме исто, ако не и подобро финале од минатото СП.
 
Back
На врв Bottom