- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 34.543
- Поени од реакции
- 73.167
Пристапот на клубот е лош кон трансфери, погледни ги скаусерите за 24 часа сменија менаџер, а исто го прават и со играчите нашите секогаш одуговлачаат.
Напротив. Не испружија за Балеба 100 милиони претходното лето како што бараше Брајтон, и договорија генерално добри, докажани играчи кои не се скапано јаболко по карактер за релативно добри суми. Шешко можеби е нешто повеќе, ама тука очигледно дека плаќаат за потенцијал.
За Андерсон, Форест сака цената на Каиседо да ја земе како репер. Уште веднаш може да ти кажам дека трансферот за таа сума нема да се случи, барем не во Јунајтед. Самиот играч не дава никакви јасни индиции каде сака да иде. Практично, би дошол и во Јунајтед, ако Јунајтед ги даде парите што ги бара Форест, и ако му дадеме иста плата како во Сити. Никогаш нема да се случи.
Со Тонали ако мислиш дека лесно ке се договориме, гадно се лажеш. Њукасл не сметаат за ривал, иако ние не ги ставаме на онаа ствар во тој поглед. Гледај што правеа за Исак, а ливерпул ни приближно не го сметаат како ривал, како што е случајот со нас. Друг аспект е што нашиве се моткаат и околу Хол. Ако го купиме Тонали, шанса нема во ист преоден рок и Хол да ни го продадат, ке им го запалат стадионот. Па верувам дека е можно нашиве да дискутираат по кого од овие двајца да се тргне. Сигурно ке ни бараат луда сума за Тонали, а се шушка дека има високи барања и за плата.
Чуамени, не знам што клубот може да направи, кога Реал не сака да го продаде.
Кај Фернандеш се слагам дека би можело нешто повеќе да се случува, иако сметам дека Вест Хем ке сака да одлага, како повеќе клубови би се вклучиле по него, и би можеле да ја качуваат цената. Веќе се шпекулира за португалска средина во ПСЖ.
На крајот на денот, брзината на трансферите не значи и квалитетен играч. Не би имал против и нешто покасно да земеме играчи, ако е на наши услови, и играчот е квалитетен.

