Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ниту повреден ни ништо. Едноставно оваа година или ако сакате втората полусезона не играа и то е то. Да не збораме поќе за џабе, да трошиме нерви, време и зборој.
Кај Лино нема така, ќе си седи на трибина, ќе игра друг. Лино е име. Не знам дали разбирате дека нема талент во регионот, посебно Хрват кој не сака да работи со Червар.
 
Червар ке напрај многу нови македонски играчи, посебно Павле и Самоил ке просперират многу со него оти ги имат сите предиспозици за да станат врвни ракометари
 
Червар ке напрај многу нови македонски играчи, посебно Павле и Самоил ке просперират многу со него оти ги имат сите предиспозици за да станат врвни ракометари
Мислам и Хаџиќ ќе го игра и ќе го учи ко шо треба
 
Не очекувајте дека нешто спектакуларно ќе се деси за наредна сезона. Едноставно е касно многу за добри играчи.
Наредна сезона треба да служи за стабилизацика и структурални промени, резултатите нека се во втор план.
Тек од сезоната после неа, со наврмена селекција на играчи ќе можи да очекуваме и резултатите полека да го видат денот.

Она шо јас го имам како очекување е промени во сите структури на клубот, напредок во полето на маркетингот и привлекување на нови спонзори со реномето на Червар. Клубот да стани интересен за потенцијалните спонзори и талентирани а анонимни за јавноста играчи од екс-ју просторите.
 
Гледам репка не знам фитиљот повреден беше овие два три месеци имаше некој проблем шо беше работата но штета шо му ја дадовме титулата на 1961 мора да земат 2место и некако ако има шанса да се бара вајлд карта на ЛШ греота е тој па и децата да играат таму некој ебиветер куп а не е лошо да го земат митев или пак да одат странство кај шо ќе играат иако следната сезона треба да биди уште појака и конкурентна сепак чинам треба да се пробаат и на страна но прва опција ми е да го земат овај малиот кој се гледа после повредата е уплашен ша да го вратат тука кај нас во живите а жнпгу важно ќе биди и шо голман ќе земиме самоил топ мо кондиционо изгледа не спремен на два три напади одма после паѓа а близнаците мора да играат кај нас за да напредуваат но прашањето е дали ќе бркаме резултати или ќе прајме играчи и помагаме на репрезентацијата како и да одлучат голема штета ако не играме ЛШ појма немам сега како ќе биди форматот и дали има проширување нека пиши некој шо разбира ;)
Горан јас како шо знам брат како шо имам читано и ми имат кажвано разбирачи од 16се на 24ри се проширва
Во тие 8плус екипи ќе барат швеѓаните една португалците ке барат уште една и шпанците уште една
Е сега балканците слован вардар и партизан е сега во овие ако нешто за македониа му дат за две екипи дека веке сме во топ 4ри во европа со јаки екипи зависи пак ке има од ехв новости за брзо пак ке речам има шанси од македониа и за втор да земи али се до нив
 
Кузмановски растура со Словачка.
Толку Лазаров знае да постави игра за него, или беше друго?
Или едноставно немавме среден?
Во секој случај треба да го задржиме капитенот, бидејќи прави разлика.
Ednostavno nemame sreden so ke mu namesti sut,bez premnogu da se maci fitilot.Samo gledajtegi utakmicite na repkata I ke vidite koja e vistinskata pozicija na Kuzmanovski
 
Лино почна да си ја прави селекцијата на играчи или ова му беше планирано уште пред да дојди Лино?

Сепак нека е му е со среќа на братот

иначе позиција десно крило.

1778844074823.png
 
Денес фирмите на Панделевски(Пелистерка, Млекара Здравје и ЗИК Пелагонија) ќе го потпишат договорот за спонзорство на Пелистер.
 
Последно уредено:
И со играчо му честита изгледа и тој е следен
Автоматски споено мислење:

Уште една новост има серафимов имал понуди од кај арапите за турниро во јуни
 

Attachments

  • Screenshot_20260515_140814_Instagram.jpg
    Screenshot_20260515_140814_Instagram.jpg
    122,3 KB · Прегледи: 61
Последно уредено:
НОВА ПОДДРШКА ЗА РК „ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на објавата на влегувањето на нови спонзори во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“. Станува збор за групацијата на „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.

Претседателот на клубот Зоран Стерјeв кажа дека во изминатиот период многу интензивно работеа на продолжување на ракометната платформа заедно со општината, на привлекување дополнителни спонзори кои што ќе го зајакнат капацитетот на клубот.

„Ќе помогнат во наредниот период клубот да остане на нивото на кое што е и овие изминати години, активно да се бориме за највисоките дострели, во националното првенство за освојување на шампионатот на нашата држава и се разбира националниот куп, а на меѓународен план колку е можно да стигнеме подалеку во некои од европските натпреварувања“ рече Стерјeв.

Истакна дека чест и задоволство е што денеска се официјализира влегувањето во клубот на еден голем спонзор, а тоа е групацијата на „ЗК Пелагонија“, „Пелистерка“ и „Здравје Радово“.

Стерјев искажа голема благодарност до сопственикот на групацијата Цветан Панделевски и неговиот тим за како што рече, разбирањето кое што го имаат кон клубот, желбата да се помогне и идејата заедно да се направи повеќе.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека успешната приказна на „Еурофарм Пелистер“ и Општина Битола преку платформата со ова нова додадена вредност која ја имаме сега со спонзорството, продолжува и понатаму за што сме горди со овој клуб.

„Вие сте брендот кој го осветли образот и на општината и на градот и на државата во изминатиов период. Со ова денеска објавување, официјализирање на овој партнерски однос, ова спонзорство, значи многу, значи една стабилност која ќе ја зајакне спортската платформа меѓу Општина Битола и „Еурофарм„ и нов поттик за вас секако како спортисти, за градот уште посилно и во едни стабилни услови да продолжиме понатаму да го градиме името на Пелистер“ рече градоначалникот Коњановски.

Договорот во име на групацијата го потпиша сопственикот Цветан Панделевски кој кажа дека му е чест што ја доби можноста финансиски да помогне на овој успешен клуб да продолжи со успехот кој досега го имаше.

„Со тој успех клубот го претставуваше градот Битола и Македонија надвор од границите. Како општествено одговорна фирма која има три компании во Македонија, особено во Битола „Пелистерка“, „Здравје“ и „ЗК Пелагонија“, сакаме да помогнеме овој клуб да го задржи нивото и да има уште подобри успеси, а со тоа преку клубот да може да не претставуваат и нас како производители, стопанственици на квалитетни и врвни производи“, рече Панделевски.

По потпишувањето на договорот, Панделевски од страна на клубот доби дрес со неговотото презиме и бројот 27, кој всушност е денот на неговиот роденден.
 
Лино почна да си ја прави селекцијата на играчи или ова му беше планирано уште пред да дојди Лино?

Сепак нека е му е со среќа на братот

иначе позиција десно крило.

Прегледај го приврзокот 477721
Citajte komentari na fb kakvi pacienti imame site odma so negativni komentari i demek koj pointeresen ke se napraj.
Mem da potpisi kaj nas pak lajna ke jadat odredeni eksperti po rakomet i sport.

Inaku so sreka neka mu e i doprva ke ima i drugi igraci ;)
 
Back
На врв Bottom