Не ми се допаѓа новиот предлог закон на Левица за коцкањето. Таму мора да влезе УЈП и финансова полиција затоа што данокот кој го плаќаат, во однос на вкупните приходи, е смешен. Мора да се пречешлаат нивните расходи.
Одредени градови, како Гевгелија, преживуваат од овој бизнис. Каде државата не сака да вложи ни шајка во одредени градови во оваа држава, па уште сака да им го намалат капиталот. На овој начин се креираат и нови работни места, пак, поради останатите сегменти во нашето општество, не само поради бизнис климата, тешко се носи свеж странски капитал.
Не се потребни дополнителни политики за уништување на приватниот сектор кој и онака го немаме. Дури и политиките на дислокација се глупи. Треба да најде нов локал да го најми и уреди, да се премести и да го затвори прашањето со стариот. Тука е и целокупната тековна документација која мора да се промени, УЈП, ЦРМ... Крајно нелогична мерка, во спротивно треба да забранат продажба на цигари и алкохол во радиус од 500 метри на училиштето! Па и се останато што е штетно по здравјето на детето.
Не знам зошто им се трн во око пред се на овие кои немаат интерес од некоја алтернативна форма на коцка. Пак тропаат во тенџериња наместо да се фокусираат на сериозните проблеми во ова наше општество. Пре би ги ставил извршителите под државна капа, така и државата ќе има корист од нив и сите средства ќе одат во буџетот, односно ќе можат да се контролираат наградите, што е поволно за граѓаните. Ова е еден од најголемите проблеми на секојдневниот човек. Претходно направија амортизација во однос на наградите и каматата, но може да се решат и на ваков чекор, како што е во некои европски држави.
Еве, левичари, нека тргнат и против звучките во верските објекти. Не може едно нешто да претставува нарушување на јавниот ред и мир, а друго не. Башка, во Куранот никаде не се спомнати, така комотно можат да се забранат без да им бидат нарушени нивните права. И да, во непосредна близина на Правниот факултет има неколку џамии. Кога ќе почнеа во хор, беа прекинувани предавања, па и еднаш не фати на расчекор на испит. Вознемируваат и народ, и тоа во чисто македонски средини, каде нема гол шиптaр. Па нека бидат на тест сите партии од македонскиот блок, чисто се сомневам дека барем еден ќе гласа За овој предлог. Ама тука не се левичари, практикуваат сегментално левичарство!