Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Како основа земам универзални метрики што и самата Русија ги користи за да следи свој прогрес (HDI, економски развој, социјална мобилност, GINI, и тн). Истиве мерки се користат од Кина до САД, до Русија и цела планета. Ако овие метрики не ги бива да мериме успех на систем, како да мериме дали било која земја (немора да е Русија) оди напред?
Какви официјални (западни) метрики постојат за држави против кои се водат активни војни, па притоа не само што не се во зијан туку и просперираат? Некогаш нема подбра „метрика“ од здрав разум. Или ОК, продужи со наративата. Кажи на пример дека РФ нема БДП ни колку една Италија, и таквити слични моменти.


Момак, на секој пост што го постирам враќаш со "ова е пропаганда" или "ти викаш русите се орки" работи кои не се пишани. За мене несоодветно е да се измислуваат работи кои не се кажани бидејќи не ти се допаѓа мислењето што е напишано. Во ред е и да немаме исто мислење, али немора да измислуваш зборови ако не ти се допаѓа нешто што е напишано или да го интерпретираш како напад на се што е поврзано со Русија. Ако мислиш дека е погрешно мислењето, објасни со аргумент, со мислење, без измислување, што е потребно за здрава дискусија.
Колега, па не сметаш ваљда дека само ти имаш ексклузивно право на користење метафори и паралели, и иронична употреба на често употребувани наративи од меинстрим медиумите?

Инаку „момак“ е прифатено ословување, како за некој значително помлад или за некој со кој си познаник/пријател. Јас и ти извесно не влагаме ниту во првото ниту во второто.


Во ред неманипулиран човеку со широк светоглед, али темава е Русија, и ако темава беше САД, ќе зборувавме за технократија во САД и воено-индустриски комплекс или што и да е. Тука викам "Русија има олигархија и не треба да има корупција" и ти на тоа враќаш "тоа е реалноста" или "во САД е полошо, ти си изманипулиран". Ај да не правиме муабет ако не, само да пишуваме "во Русија се е супер".
Се обидувам да ја посочам поголемата слика. Проблемот е глобален, не е дека РФ има проблем со олигархија туку - во целиот свет сите држави имаат проблем со олгархија. Скроз не можеш да ја издвоиш Русија како единствен ниту па најлош пример. Напротив, во Русија олигарсите немаат контрола и посебно не врз надворешната политика. Додека во САД креираат политики како почнување на прокси војна против РФ, или ти како што кажуваш „држава со 5К+ нуклеарки“.

Кажи ми кога на запад, Трамп или дури и англиските монарси, ќе можат ваков јавен шамар да му ударат на Ротшилд или некој друг од кабалот, па уште и пренесувано на телевизија во живо.



Пошто на запад друг е односот на „лидерите“ со олигархијата. Но како што велиш ти - кажи со аргументи - а за фотграфиите велат дека зборуваат повеќе од илјада зборови, па еве една фотографија со Ротшилд и кралот што ќе објасни повеќе од мои 1000 зборови.

iu
 
Нема потреба од никаков рамковен договор ако ги уживаш сите права и слободи пропишани како малцинство, значи училишта на руски јазик и слободна употреба на истиот итн. Сето тоа се суспендира, со lex specialis мислам. После распадот на СССР немаат проблеми балтичките земји со руското малцинство ниту во годините кои следат, мислам дека откако се консолидира Русија во подоцнежните години започнуваат да ги активираат мрежите и да тегнат малку мускули низ Балтикот. Сега балтичките земји се повикуваат на историски ревизионизам и како тоа тие руси се доселени во СССР и се неавтохтоно население. Од друга страна пак Путин се повикува на историскиот ревизионизам за окупираните територии во Украина и руското малцинство таму.
Па да им дадеме и ние нови плави пасоши на Албанците да не може да гласаат.

Пошто, нели, тоа се тие најбољи права што ги уживале Русите у балтичките земји.

Иначе, не ме боли уво за твоите двојни аршини, со ова сакам само да ги потенцирам двојните аршини на Западот.
 
Пак мантрата за руски империјализам а од друга страна мижење на двете очи кога некој бомбардира држави на 10 000 км од него како (карикирам) мулите би можеле да носат миниќи.
Чекај сега, целава војна во Иран е за мулите да можат да носат миниќи?:eek:
 
Од кој спрат паѓаат овие?
 
На некој начин убава анализа но се една мала фалинка ..... премногу е еднострана....
И тој таканаречен запад не се разликува многу....
Коректно. Се слагам со тебе и за воени интервенции и империјализам, и за работнички права, али ако велам дека Русија оди во лош правец, тоа не значи дека тврдам дека западот оди во добар. По мене и западот оди во лоша насока, али темата на дискусија овде е Русија заради тоа и постот се фокусира на неа. За разлики/сличности меѓу двете земји може да зборуваме, али тоа би било друга тема.

Какви официјални (западни) метрики постојат за држави против кои се водат активни војни, па притоа не само што не се во зијан туку и просперираат? Некогаш нема подбра „метрика“ од здрав разум.
За тебе просперитетна ера за Русија е период на стотици илјади убиени руси, повредени и раселени? Интересен здрав разум. :zver:

Кажи ми кога на запад, Трамп или дури и англиските монарси, ќе можат ваков јавен шамар да му ударат на Ротшилд или некој друг од кабалот, па уште и пренесувано на телевизија во живо.
Смешен муабет ми е малце ова. Подбрани се пред камери луѓе кои направиле милијарди од државата. Еден од дечкиве на твоето видео што е "јавно подбран" е Олег Дерипаска. Видеово е од пред 15-20 години. До ден денес он е еден од најбогатите луѓе во Русија, може да не купи во пакет со Грција и Албанија. Што сака авторот да каже со ова? Карани се на ТВ? Во ред, еве Трамп викаше Маск дека бил клошар на твитер. Не капирам што е поентата.

Пошто на запад друг е односот на „лидерите“ со олигархијата. Но како што велиш ти - кажи со аргументи - а за фотграфиите велат дека зборуваат повеќе од илјада зборови, па еве една фотографија со Ротшилд и кралот што ќе објасни повеќе од мои 1000 зборови.
Ако зумираш во левото око на Чарлс ќе видиш пирамида со око, што е следното ново лого на Ќебапчилница Тетекс. Ако го спелуваш Тетекс наназад, што добиваш? Васил Тупурковски. Помножи го Васил Тупурковски со 666 и што добиваш? Вистината. Се е поврзано и има смисла вака логички кога е објаснето.
 
@Harry the dog
Ти ветив дека ќе ти одговорам за Русија. Морав само празни цитати бидејќи испадна текст од над 1800 карактери. Морав и на два дела да го поделам, не ме остава да го испратам.

За да се сфати навистина Русија треба човек да има добро познавање од историјата на таа земја, географија,внатрешната,надворешната политика и екононија.
Но и најбитно е човек да живее некој период таму, но без претходни напумпани предрасуди за таа земја. Не е тоа земја, туку една цивилизација.
За да може да направи некој добар, солиден и издржан аналитички осварт.
Русија е најголемата земја во светот. Територијално, со огромен дефицит на население. Едноставно таа земја неможеш да ја развиеш без да имаш минимум 500 милиони жители. Мислам до таа смисла да потполно го исполни својот потенцијал.
Европа колку само за пример e околу 60 проценти од територијата на Русија. Те. можеш горе доле плус минус две Европи во Русија да имаш. По население 450 милиони наспроти 150. Три пати повеќе поголем маркет. Доволен показател.
Неможеме да споредуваме земја-град со држава-континент. Како да развиеш пазарна економија каде најблиското населено место е 500км? Русија има огромни фиксни трошоци само за да одржи некоја базична инфраструктура на таа територија. Не е проблемот тука само корупцијата туку едноставно ти следува географски данок. Италија има 60 милиони жители на мала територија во доста густо населен дел од Европа. Ова делува и на таа пресметка на номинален БДП. Не е едноставно океј да се прави споредба само преку номиналниот БДП само да се докаже дека Русија имала помала економија од Италија а да се исклучи БДП по куповната моќ кој вели дека Руската економија во време на 20.000 санкции стана поголема од таа од таа на Германија,и е најголема во Европа. Факт е дека лош индикатор е да се користи номиналниот БДП за земја која произведува храна,енергија, и други реални добра наспроти услуги. Мал осврт кога збориме за економиите. Неможе да има нефункционална економија кога во време на најжестоки санкции земјата станува поголема од Германија. При тоа нели земјата веќе не извезува енергетски ресурси во толкав обем како претходно со што требаше да колабира до сега. Тука говори фактот дека земјата има доста развиен технолошки сектор. И пазар на услуги кои за жал многу малце говори. И кои допринесоа за доста солидни резултати откако пазарот беше напуштен од западните технологии. Русија е една од ретките земји покрај Сад и Кина. Со сопствени социјални мрежи,пребарувачи,ГПС и нуклеарна технологија. Нешто за што доста развиени земји можат да сонуваат. Но сепак тоа не е доволно. Ама искрено од 1990-2002 земјата беше не се знаеше кој јаде кој пие. Тука исто така одговор лежи онаа нели демократска Русија која одговара. Енормен напредок е постигнат од 2002 до 2014. Период на некоја стабилност, кога непријателите како да ги оставија на мира пред се поради војните во Афганистан и Ирак. Русија многу направи во тој период. И тука почнуваат повторно непријателствата бидејќи напредувањето не им се допаѓаше на западните земји. Се случува конфликтот во Грузија како најава за Украина подоцна во 2014. После 2014 беше јасно дека нема назад. Ахиловите пети се тие на Русија. Енормна територија со доста мали земји на периферијата кои под палката на трети се обидуваат секогаш да дестабилизираат. Дома доколку се почне со либерализација секогаш испаѓа тој либерал да ти е на платен список од Западот соработува со нивни агнеции. И слично. Повели дејствувај така во Сад и ќе видиш како ќе завршиш. Треба да Русија да применува малце по хуман третман во такви случаеви. На такви продадени души, цела фамилија конфискација на се што поседуваат. Економската смрт е поболно од секоја чорка во денешно време.

Како може Русија да биде во неповолна позиција кон Чеченија? Да не правиш тука грешка бидејќи републиката е дел од Русија.

Историски па горе доле позната ни е историјата на Империјална Русија, СССР и Русија сегашна.
120 години, еден тон крвави војни. И неколку крвави револуции. Жртви од прва светска се нешто под 5 милиони. При што следува крвавата револуција каде што уште 7 до 12 милиони го губат својот живот. Глад, црвен терор. Во рок од 30 години Русија ете и нека биде СССР губат околу 40-50 милиони од своето население. Тоа е енормна бројка. Ова искрено е најголема трагедија што Русија и СССР ги имаат доживеено. Мада и подлабоко ако се анализира, непријателството од Париз, Берлин, Варшава, Лондон е историско кон Москва. Како што тие се чуствувале загрозено од Русија. Русија исто така се чуствувала загрозена од нив. Судир на цивилизации. Ништо не е сменето. Ниту ќе се смени. Интересен факт е што Русија многу ретко напаѓала кон Европа. Претежно дејствувала по својата периферија. Дебата која може доста да разјасни зошто Русија историски секогаш има авторатарен систем. Или тврд. Ти велиш дека Русија е авторитарна затоа што елитите се корумпирани и сакаат да шиткаат ресурси. Што можам делумно и да го оправдам. Навистина после 1990 дојдоа непознати фаци, кои направија една криминална приватизација и што можеа успееа го извезоа на Запад. Ако таква либерална и демократска Русија им одговара на Западот. На Русите не им одговара. Бидејќи таа трагедија во 1990 суште може да се почуствува во Русија. Резултатот е енормно население кое незнаше како после тој грабеж. Слична приказна како и кај нас. Но јас мислам дека Русија е централизирана бидејќи секогаш кога се олабавуала и либерализирала, секогаш завршувала со милиони жртви и енормни разрушувања од странски инвазии. За Русите, силна држава не е луксуз, туку едноставно одбранбен механизам за преживување против тоа историско непријателство од овие погоре што ги споменав. Иако секако може да не се оправдува, но мора да се сфати и изучи историјата.
Додека Европа уживаше во Маршаловиот план за обнова, Русија или СССР мораше од пепел да направи индустриска револуција при неверојатен притисок од САД/Европа и секако лузна со 50 милиони жители, жртви на претходните два воени судири.

Како човек со лично искуство од Русија не се сложувам дека економијата не им е функционална/конкуретна.
Реалноста говори поинаку. Извозот на енергенси се повеќе се намалува и намалува. Внатрешниот пазар е доста развиен на услуги и добра. Па незнам како да објаснувам дека после 2022 и заминувањето на западните брендови се појавија еден тон руски брендови. Од сирење па до кока кола. Дигитални услуги. Па тоа ако не е претприемаштво незнам што е.
Во моментов Русија нели го изгуби пазарот во Европа за гас,нафта, метали, ѓубриво односно се што продаваа и да не се лажеме Европа беше доста голем трговски партнер. Доколку внатрешно како што тврдиш ти, една нефункционална економија се базирала само на тоа. До сега ќе следуваше колапс. Всушност се поби тој мит. Незнам зошто луѓе сеуште го користат.
Статистички Русија не е една од најстарите популации во светот, 39-40 години просек. Пример само Јапонија е 49-50. Италија и Грција се со 48-49,Германија е со 48. Португалија и Грција е 47. Русија е поблиску до Сад кои имаат 39 години просек стара популација. Ова е една дезинформација. Но да, машката популација во просек живее пократко. Иако има тенденција на подобрување. Алкохолизамот и консумирањето на алкохол во голема мера се има намалено. Исто како и наркотични средства.


Ова звучи како дека Русија е само "бензиска пумпа" со нуклеарки. Како што наведов доколку ова навистина беше така. До сега ќе имаше економски колапс. Напротив Русија е една од ретките земји со свој дигитален суверинитет. Имаат свој Гугл - тоа е Јандекс. Имаат свој Facebook тоа е ВК. Свој Убер, тоа е ЈандексГо. И една од најнапредните системи за дигитално банкарство(Тинкофф,Збер,Алфа). Свои Амазон или маркетплејси како Озон, Вајлдберис и ЈандексМаркет. Ова не се ресурси ова е интелектуален капитал.
Русија од нето увозник на храна, моментално е еден од најголемите извозници на храна.
Да не говорам за воената индустрија. Која е во топ 3. Тука веќе станува збор за висок инжињерски потенцијал. Тој сектор е енормен со милион луѓе кои работат(Нижни Новогород, Екатерининбург, Новосибирск). Да не говориме за земјата која има една од најразвиените нуклеарни технологии. 10 нуклеарни централи моментално градат во различни држави. Тука исто имаат енормен интелктуален ресурс.
Да Москва и Петерсбург, се доста напредни. Не само за Русија туку и за Европа. И се таму на врвот со други светски метрополи. Но Казан, Краснодар, Тјумен, Сочи исто така се доста развиени. Ништо полоши не се од пример Полските градови. Твоите уверувања кои гледам се базираат само на западни извори дека Русија е само држава кои ги рента само ресурсите е доста анахорна. Државната сопственост и контрола врз стратешките гранки не е секогаш недостаток. Посебно кога сакаш да бидеш самостојна велесила. Во овој конкретен случај се покажа како фактор за стабилност а не мана. Всушност така е и во Кина и во сите земји кои преферираат некој суверинитет а не да ги продаваат компаниите на западни инвеститори кои капиталот после го слеваат во нивните земји а ти паси офци. Нема Русија луксуз да има систем кој ќе биде фокусиран на ефиканост и потрошувачка. Нејзиниот модел е таков бидејќи мора да обезбеди суверинитет и безбедност.



Дали HDI на Либија, или Сирија, или на било која друга земја спречи да се распаднат? Русија не игра за најдобар HDI, туку за геополитичка сила и независност. Поради тоа е дестабилизирана постојано. Можеш да имаш најсјајен HDI но да се распаднеш во рок од месец дена. Русија гради систем кој ќе биде отпорен на овие шокови предизвикани од надвор. А таквата отпорност често бара жртвување на високиот HDI во корист на воениот и енергетскиот буџет. Всушност тоа што ја спомена Кина е одличен пример, бидејќи Кина стана супер сила буквално кога му се измоча на тој западен економски рецепт. Кина не чекаше социјална мобилност и демократизација по западниот модел на HDI, туку користеше државен капитализам и авторитарна контрола за да извлече 800 милиони жители од сиромаштија.
Го споменуваш GINI како аргумент. Во Русија има олигарси што би рекле на запад милионери. Иако и двете се исто. Нееднаквоста во Сад е често сличен ако не и полош од тој во Русија.Ако тоа е мерило за нефункционален систем, тогаш и американскиот систем е пред колапс? Во Русија сега олигарсите инвестираат исклучиво дома, да тука има улога санкциите кои искрено повеќе придонесоа Русија да се развие отколку да пропадне. И искрено се надевам никогаш нема да ги тргнат.
Лесно е да имаш владеење на право и бизнис клима во град-држава што е на раскрсница од глобалта трговија под закрила на Сад. Русија има 17 милиони квадратни, 11 временски зони и директни граници со качаци на Нато. Плус Кина.
Менаџирањето на Русија не е само менаџмент, туку постојано одржување на систем на рамнотежа на десетици етникуми и религии кои во секој момент можат да бидат користени за сепаратизам. Тоа што ти го критикуваш всушност е безбедносна рамка која спречува граѓанска војна.Повторно ако тој систем е толку неефикасен и неконкуретен. Сега во Русија ќе имавме хиперинфлација и хаос. Или повторување на 90тите. Овде го споменуваш образованието. Неможе од една страна да се тврди дека Русија ја напуштиле милиони стручни Руси кои Западот ги пречека со отворени раце поради нивното образование. И во ист момент да се тврди дека образованието им е тиња. Нивниот СТЕМ систем е сеуште еден од најразвиените во светот.


Прашање до тебе. Ако се ова е точно што го говориш. Зошто едноставно Западот е толку загрижен? Ако Рускиот систем е толку неодржлив и распад систем, еве не според тебе нека биде според западниве аналитичари. Зошто едноставно не ја остават да колабира сама по себе ако нејзините внатрешни проблеми се толку фатални?





Повторно за Сингапур. Сингапур е етнички хомоген остров.Сингапур нема 6.000 нуклеарки и соседи кои сакаат да ја видат поделена територијата на 20 дела.
Кина е 90% кинези.Русија е конфедерација со повеќе народи. Русија мора да биде над правото за да може да интервенира ако започнат сепаратистички движења на Кавказ, Татарстан или Сибир. Тоа што за нас е корупција, всушност е менаџмент. Ништо поразличен од САД пример. Државата им дозволува на одредени на локалните лидери одреден степен на моќ и профит во замена за лојанлност и мир. Иако не се согласувам целосна со таа практика. Повели нека почне Цукенберг или Маск да глуми лудило и нека почне повеќе во Кина да инвестрира па ќе видиш што ќе му се деси.

Русија има хибридна економија. Да имаат државни гиганти посебно во стартешките сектори. Но имаат и доста агресивен приватен сектор.Русија неможе да си дозволи слободен пазар во западна смисла, бидејќи тогаш тој капитал се прелива во некоја од западните земји или во даночните раеви или веднаш е користен како политички сепаратизам.




Околу СССР, искрено не сум фан на тоа време и нивните политики. До смрта на Сталин навистина постигнале многу иако имало енормни репресии. Но после Сталин, системот едноставно еродираше. Премногу продадени души ака надворешни агенти. Не попусто имаме непријателство меѓу Кина и Русија во времето на Хрушчев копукот. Кина отиде по друг пат. А СССР се обидуваше да гради пријателство со Западот. И ете кај се сега. Доколку СССР соработуваше со Кина и градеа заеднички маркет и систем многу поинаква Русија ќе имашае сега, не само Русија можеби и СССР сеуште ќе постоеше.



Прашање исто тука до тебе. Дали доколку Русија навистина реформи по западен терк(судство, пазар,корупција), дали навистина мислиш дека НАТО и САД ќе престанат да ја гледаат како закана? Или само ќе ја направат полесна мета за дестабилизација, како што беше во 90тите?
Автоматски споено мислење:

Продложение.


Лично од мене. Многу ирационална слика има западот и форсира за Западот. Државата е далеку од пропаст.
Со 200000000 санкции, економијата им порасна и е во топ 5 светски економии, пред Германија. Невработеноста е на најниско ниво. Имаа проблем со инфлацијата две години по ред, поради тоа каматната стапка беше 21, сега е 15 и најверојатно ќе успеат да ја спуштат до 12 песимистички оваа година, оптимистички до 10 ако ја задржат моменталнава инфлаторна стапка. Минатата недела инфлацијата беше 0%. Има успорување на економијата моментално, но тоа беше очекувано. Оваа година се очекува понизок економски раст од околу 1 процент. Помал од 2022,2023,2024 и 2025. Но се очекува наредна година во втората половина повторно економијата да расте со нешто над 2 проценти. 2.6%. За споредба Германија без санкции, но секако со енормни системски и енергестки проблеми од 2020 ниту 2% не постигна раст. Постигнаа само зголемување на задолжувањето.
Ќе покажат следниве две години каков раст ќе има Русија, со што повеќе се очекува реалниот сектор повторно да расте со намалување на каматната стапка.


После 2022 во Русија следев еден интересен феномен, започнаа поголемите компании да оформуваат конгломерати нешто налик во Азија, всушнот тие градат еден хибриден систем како во Азија. Сличен на оној од Ј.Кореа и Јапонија.
Русија создаде државни коорпорации како Росатом, Ростех,Роскосмос. Росатом е 450 помали компании од нукеларниот сектор. Предноста тука е што таа индустрија е стратешка за Русија.Росатом го контролира целокупниот процес, од ископување на ураниум, проектирање на реактори до складирање на отпад. Со тоа што Росатом може да понуди ваков пакет на услуги, компанијата работи на десетици прпекти надвор од Русија, која подоцна се користи во дипломатијата. Слабоста е тука да нема максимизација на профитот, државата е 100% сопственик. Нема берзи, нема приватни инвеститори. Но целта е поинаква државна безбедност и влијание. Опасноста секако е корупцијата и неефикасно работење на лицата поставени и ја имаат моќта. Проневера на фондови и тн.

Сличен е и Ростех кој е претежно фокусиран на воената индустрија. Ростех моментално работи на замена на авиоиндуструјата и откажување од американскиот Боинг и Европскиот Аирбас. И мислам дека во наредните две години ќе успеат конечно да го пуштат MC-21 кој подоцна ќе биде база за различни варијати. Од средни дистанци и 160 седишта. До 12.000 километри и 256 седишта. После Суперџетот 100 кој беше произведен до 100 седишта. МС-21 кец на десетка ќе им дојде. Е сега не толку само до авионот. Туку до тоа што целосно Руско произведство се. Од мотори па до сензори и тн.
За воената индустрија ќе треба тон проекти да ги напишам. СУ57 веќе го спремаат за извоз во Индија, Малезија, Виетнам и Индонезија мислам. Алжир веќе доби неколку летала. Ова говори дека веќе спремаат следен ловец. СУ75. Лично мене ме интересира дали конечно ќе го заменат Миг-31. Миг-41 е планиран но нема нешто многу информации.
Заборавив МС-21 е и технолошки скок со тоа што кријлата мислам од композитни матерјали, откако им ги забранија западните копозити. Ова е успех за Русите. Моторот е исто целосно Руски.


Мое единствено мислење е што потфрлија со автомобилската индустрија. Премногу се навикнаа на супериорните западни брендови. За да сега алтернативата се солидните кинески автомобили. Еден Виетнам има електричен автомобил кој е доста одличен во споредба со Русија која нема таква алтернатива.
Можеа барем некој сув/теренско возило да форсираа бидејќи на вакви временси услови само тоа им е спасот. Од 12 месеци годинава 5 беа со снег во Москва. На Сибир не треба ни да разговараме.
Иако го форсираат Аурус. И имаа обиди да ги воскреснат Москвич и Волга со помош на Кинезите.
 
Продолжение 2.

Роскомсос. Откатко го заменија ропакот Рогозин. Многу поефикасно и доста забрзано работат на повеќе проекти. Аналог на старлинк е веќе во фаза на скалинг уп. Прототипите одлично функционираат. Економски со тек на време цената ќе биде прилагодена за да може да биде масивно користен во Русија посебно на далечниот исток и Сибир каде пиле не пее.
Со оглед на тоа дека ракетната индустрија им е врвот. Почнаа да работат на Амур ракетата која треба да биде аналог на СпејсХ. Се планира една ракета да може да врши до 100 полетувања. 2028 е предвиден првиот лет. Историски Русија има доста добро развиена вселенска индустрија. Заглавена во времето на СССР, не само што градат алтернатива на Фалкон9. Го користат своето најголем адут, природниот гас, како ракетно гориво на иднината. Главниот концепт на целата ракета е новиот мотор базиран на метан и се развива во Воронеж. Ракетата ќе биде доста поефтина од фалкон9. Со ова Русија ќе може да се врати во таа сфера. Ах тие 90ти каков потенцијал само демократизацијата и играњето по западни ќејфови ги уништи.

Понатака. Русија гради моментално свој комсодром. Восточни на делечниот Исток. Со што нема веќе да Бајконур во Казакхстан за кој плаќа кирија и е под уцени постојано. Се надевам кога ќе се повлечат ќе го демонтираат и спакуваат во Русија па нека копаат коштани после.

Работат на нова вселенска станица, бидејќи МИР ќе се деактивира после 2030. Новата станица треба да функционира по принцип да може да се земнуваат деловите откако ќе застарат.
Со кинезите ќе соработуваат за проектот да изградат вселенска база на Месечината.Иако проектот е претежно кинески.

Мене лично најитересен ми е проектот за летало на нуклеарен погон. Најнапреден и најекспирементален.Наместо гориво нуклеарна енергија, мотор кој потенцијално би овозможил мисии кон Марс и Јупитер. За вакви проекти секое човечко битие би требало да биде заинтересирано а не да сере. Слично летало е планирано од Сад и Кина мислам. Е сега Русија мора со дадените ресурси да го прави ова се сама. Споредбено со Сад и Кина, нема споредба они имаа поголеми предности посебно финансиски.


И сега откако ќе се запознае човек со овие проекти. Како може да се тврди дека Русија само рента ресурси? Па за ова ти треба институти, знаење, технологија, човечки интелект и ресурси. Како тогаш со тиња образование овие вакви проекти успеаваат да создадат? Русија е единствената земја покрај Сад и Кина, која е во состојба да испрати човек во вселената самостојно. Ловци од петта генерација само Сад и Кина можат да понудат. Тоа не е рентање, туку развиена металургија, софтвер и аеро индустрија.
Да не говорам за хиперсоничните ракети, за кое е потребна развиена металургија која ќе овозможи нови компонетни да издржат таква брзина и топлина.


Ова кратко околу државните нели корпорации кои штетеле на Русија.

Секако можеби со либерализација на овие компании или ако делумно излезат на пазарот, ќе се привлече повеќе капитал и можеби ќе функционираат поефикасно со намалена корупција. Но тука секако постои таа можност да ти се наполнат со кртови компаниите и од ракета да имаш само легури од метал на крај. Нешто што Русија го доживеа во 90тите. Компании што учествувале во ланецот на производство за компоненти за нуклеарни подморници. Да завршат да произведуваат легури за велосипеди.
Јас не познавам некој пример Рус или Кинез да поседува мнозински пакет акции од Боинг, Раетон или пример реинМетал.
СпејсХ пример е приватна компанија на Маск. Повели купи не мора мнозински пакет. Еве нешто над 10-20 % од раетон или боинг. И ќе осетиш што е пазарна економија и слобода. И парите ќе ти ги земат и еден морков ќе ти дадат на крај. Државата тука ќе изреагира дека се доведува во опасност државната безбедност. Еден тон закони има Сад кои спречуваат воената технологија да падне во раце на некој трет. Разликата е всушност како тоа се пакува,софистицирана и продава на рајата. Русите ти викаат директно ова е наше и државно. Сад ти викаат ова е приватно но ние го имаме правото да ти кажеме на кого смееш да продаваш.

Сега нешто за конголмератите кои не се под државна капа. И како се основаа после 2022.

Сбер банката, која од закржлавена бирократска банка се претвори во екосистем сличен на кинескиот WeChat. Екосистем преку кој покрај банкарски услуги преку нив можеш да нарачаш пица, да букураш викендица, да гледаш филм или да нарачаш такси. При што компанијата се развива понатака во дигиталнит свет со тоа што имаат свој АИ и клоуд технологија. Јас не познавам некоја банка во Европа да има ваков напредок.

Сличен е и Тинкофф банката. Кој има сличен модел на работа и е доста развиен. Во 2022 сопственикот почна да јаде бурек па мораше да го продаде бизнисот. Секако тука имаше матна зделка со тоа што беше купена од приватно лице кое е блиско до Кремљ.Потанин. Он го превзеде Тинкофф и Росбанк од французите кои напуштија. Он и претходно беше вмешан во металургијата. Со ова создаде финансиско-металуршки кој директно му конкурира на Сбер.

Јандекс е следен.И можеби најинтересен, најголемиот моментално во Русија.Пред да биде откупен целосно од руски приватни лица. Оваа компанија беше ќерка фирма на Јандекс со седиште во Холандија :icon_lol:Оваа е таа либерализација нели? Трансфер капитал од Русија за кој одговараше некој демократски систем. Секако. Со почнување на СВО, почнаа да мелат ореси и продава магла со што компанијата се подели на две компании. Тие од Холандија ги превзедоа стартапите што ги имаа на запад и клауд компаниите во Финска и се трансформираа. Рускиот дел вусшност беше она најбитното. Јандекс во русија има
-Пребарувач, Јандекс сеарч
-Такси, Јандекс гоУ
-Достава, Јандекс маркет и храна
-Мапи, 99% се користи во Русија. Дури веќе и во Турција,Белорусија и Азија се користи.
- Алиса, ова е аналог на Алекса на амазон. И речиси секој дом во Русија го поседува.
-Мометално градат совие ЛЛМ модели кои на руски јазик се покажуваат посупериорни ЧетЏПТ.
-Развиваат клауд услуги. Јандекс клауд

За се ова тебе потребен ти е интелектуален капацитет за да можеш да го развиеш. Интелктуална суперионрост надвор од секторот на ресурси.
Интересно е како после повлекување на западните играчи од гигантов. Компанијава успева да го зголеми профитот за 40% во 2025.


Понатака тука се Вајлдбериес и Озон. Аналог на Амазон. До таа мера се развија што доста влијаат врз економијата на Русија.
Овие се развија во таа смисла што покрај емаркети, прераснаа во конгломерати со услуги во банкарскиот сектор, градежништво. Осигурителни услуги. Та мислам една од нив исто клоуд платформи создаваше.

Овие се чисто приватни компании.

Можам уште да пишувам за Руските аналоги што се појавија после 2022. На САП, Оракле, Мајкрософт.
Ако продложам уште за Старкофе, Вкусно и точка и тн. Ќе треба до утре да пишувам.

Поентата ми е дека многу искривена реалност се продава на запад за реалната ситуација во Русија.
Не го говорам ова само низ призмата на некоја пропаганда туку како човек кој буквално ги користи овие услуги кои ги наведов погоре.

Од реалниот живот на обичниот Рус. Подобро се живее сега отколку пред 2022. Платите се доста повисоки. Секако воен конфликт не е желба на никого, но реалност а дека Украина се користи за дестабилизација на Русија.
Малиот бизнис годинава ја почуствува кризата. Економијата се успори, и воведоа некои нови давачки со кои да се чуствува притисок. Не е никако идеално. Никој не сака драконски мерки, но реално државата е под хибридна војна од Нато. Неможеш ти да очекуваш слобода кога ти вршат терористички напад во Москва, со координација на Телеграм. Дуров испадна продадена душа, и нека биде благодарен што брат му е толку паметен инаку ќе продаваше биткоинти на јоутјубе. Мене малце ми е бош кога луѓе кои својот капацитет и капитал ќе го изградат во една земја пример како Русија, серат после по земјата во која создале капитал и изградиле нешто.
Младите луѓе го имаат тој луксуз да можат да живеат низ Азија додека имаат бизниси во Русија. До таа мера што доста програмери работат од ОАЕ, Виетнам,Турција, Бали, Тајланд,Србија, Ерменија,Грузија и тн. Пљукаат по општеството од Русија ама јадат леб и се платени доста добро од Руските компании. Тоа е тој бренјфак. После 2022 околу 600.000 Руси ја напуштија Русија. До крајот на 2025 околу 400.000 веќе се вратија во Русија. Некои останаа во земјите што ги наведов ама бизнисите сеуште им се во Русија. Пример имам пријатели во Аргентина кои продаваат продукти од Кина во Русија преку маркетните платформи кои ги наведов погоре. За да ти можеш да живееш во Аргентина, треба бизнисот доволно добро да ти оди во Русија. Ако Русија е пропадната нема вакви бизниси да се успешни.

За обичниот Русин најважно беше да се исконтролира инфлацијата. Сега доста ќе зависи од геополитиката. Доколку не ја притискаа Русија воено, нормално ќе имаше повеќе простор за вложување во капитални инвестиции, кои сега ќе треба да се одлучуваат по приоритетот. Да не заборавиме дека Русија сега треба да вложува во новите територии кое што веќе го прави.


Ти одговарав по цитатите кои ги имаше пишувано. Поради тоа вака е структуриран текстот.
 
Коректно. Се слагам со тебе и за воени интервенции и империјализам, и за работнички права, али ако велам дека Русија оди во лош правец, тоа не значи дека тврдам дека западот оди во добар. По мене и западот оди во лоша насока, али темата на дискусија овде е Русија заради тоа и постот се фокусира на неа. За разлики/сличности меѓу двете земји може да зборуваме, али тоа би било друга тема.
- такво нешто не напишав
-да темата е за Русија, но од текстот се добива впечаток дека на западот течело мед и млеко, дека нешто битно фали во анализата.... односно споредувањето фали...
 
За тебе просперитетна ера за Русија е период на стотици илјади убиени руси, повредени и раселени? Интересен здрав разум. :zver:
Просперитет е, и тоа апсолутен, затоа што се живи сеуште да се борат па уште можат и да се развиваат од секој аспект. И затоа што не се победени па да бидат балканизирани и уништени во бескрајни цивилни војни меѓу составните делови, додека западните олигарси им ги експлоатираат ресурсите (кои ги имаат јебено многу).

Ова не е успех кога против нив водат војна едни САД заедно со ресурсите на цело едно НАТО, и топтан комплет сите вазали на САД??

Смешен муабет ми е малце ова. Подбрани се пред камери луѓе кои направиле милијарди од државата. Еден од дечкиве на твоето видео што е "јавно подбран" е Олег Дерипаска. Видеово е од пред 15-20 години. До ден денес он е еден од најбогатите луѓе во Русија, може да не купи во пакет со Грција и Албанија. Што сака авторот да каже со ова? Карани се на ТВ? Во ред, еве Трамп викаше Маск дека бил клошар на твитер. Не капирам што е поентата.
Поентата е дека не ја креира државната политика. Не ја контролира државата, туку државата го контролира него.

Ако зумираш во левото око на Чарлс ќе видиш пирамида со око, што е...
Додека ти се обидуваш во полето на хуморот, истовремено заедно со сите нас трпиш економски и секакви последици од олигарсите баш како Ротшилд. Тие ги поставуваат политичарите во државите како САД кои ги почнуваат војните и прават срања. Тие ги компромитираат и контролираат политичарите (и не обавезно по тој редослед). Тие ја контролираат надворешната и секаква та политика, од социјален инжинеринг до контролирање работите како војната сега во Украина и во Иран.

Тоа се олигарсите на запад. Во контраст - во Русија Дерипаска е сеуште богат, и ќе биде богат сѐ додека е корисен... Но Дерипаска не поставува лидери и политичари, не креира надворешни политики. Итн. И што е најважно - не подведува политичари и јавни личности со силување и убивање деца, дури со канибализам на истите деца.

Ако ова не можеш да го разбереш како реалност, покрај сите работи кои буквално ти ги туркаат во фаца - и инфантилно повторуваш наративи со „олигархијата во Русија“, тогаш дефинитивно си многу корисен...
 
Апропо Дерипаска или Абрамович или .....
Неколку пати го спомнав примерот со разводот на Роман.
Се збореше дека тежи милијарди, така?
Разводот се случи во Англија, жена му доби околу 100 милиони. Има различни верзии за сумата, но ориентационо е толку. Ете колку вреди лично еден тајкун.
Тоа е тоа, тие се само менаџери на народните богатсва. Лично имаат колку сакаат да потрошат, но со себе ништо нема да однесат. Ниту нивните фамилии, освен тие неколку стотици милиони.
За човек, па и каков да е аналитички ум, со знаење на историја и економија, да може да ја анализира Русија, треба да поживее таму.
Не мора како руски пензионер или работник, може и туристички.
Без одблизу да го видиш тој свет, секоја анализа е ала Чат ЏПТ одговор. Збир на разноразни информации собрани по интернет.
 
Дури ни ЏПТ не дава онакви еднострани ставови.

Интересно е како и ОК ликови имаат такви еднострани ставови, многу е видлива таа потсвесна ама голема необјективност што повеќето ја имаат за сите што не се во западниот табор.
 
Друго ми беше муабетот со ЏПТ. Платформата со тенденциозни потпрашања и податоци, можеш да ја наведеш на одговор каков што си имал ниет да добиеш.
 
Исто е и со западот, човек мора да поживее за да сфати за што се работи
Јас сум 7 год на запад и сум прилично разочаран, баш поради тие „демек еднакви можности“ и не сум задоволен
Јас немам гајле, ама за партнерката е малце проблематично - остана без работа баш поради наведеното

Тоа што Хари сака да го каже теоретски е така ама во пракса не е баш

Треба километарски постови да пишувам како х-от ама тоа од понеделник здравје, па може некоја споредба да се направи

@Harry the dog
Ти живееш/си живеел на запад ако не се лажам, или?
 
Back
На врв Bottom