Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Со оглед на тоа дека Лидс играат доста брз фудбал, грешка на Керик што го игра Шешко во прва 11-ка. Едноставно човечето ниту покрива одбрана ниту па е нешто добар за дуел игра еден на еден.
Инаку да ве потсетам играме дома, немаме шут во рамки на гол, додека пак Лидс секој напад ни создава 100% шанси сакаш од корна од игра од стоп што и да играат е 100% шанса.
 
И после легендите криви кога критикуват, ќе го победат Арсенал, Ливерпул и ќе изиграт ваква уталмица после ладење јајца 23 дена, пу харам
 
И после не чинел Коби...иако невидлив сепак ваква катастрофа со него во средина не се случуваше.
Инаку до кај е работава со Де Лихт , на човекот да му пресадеа раце, нозе, кичма, глава до сега ќе проодеше и ќе се вратеше во форма да игра фудбал./
 
Овие на курви и пијанка да беа во Ирска? Мазрауи, Јоро, Угарте...

Кукавме Дало да го седнат на клупа, ама Мазрауи е ужасен. Јоро паничи на секоја можна топка. Угарте класика. Целиот тим како на апчиња за смирување. Бавно, летаргично.

Лидс без двајца од најдобрите играчи. Брука.
 
Лидс ни се шетаат во 16ник. Тотален распад во одбрана, Јоро не знае каде тера, Касемиро е поспор и од судијата, Мазрауи и Шо изгубени во простор.

Угарте е без дилема најлошиот фудбалер во овој тим. Мува без глава без топка, очаен со топка. Најобичен пас не знае да даде.

Амад е неинтелигентно теле и никогаш не ми бил за прва опција на крило. Една иста му е цело време и нема никаков осет за центаршут или пас. Шешко исто не е за првотимец.

Мотивација нула, а имаа(т) златна шанса да отидат на 10 бода од Челзи и практично да се со едната нога во ЛШ наредна сезона. Во второ ако планираат да играат вака умрено, нема потреба ни да излегуваат на теренот. Нека си се истушираат и дома.
 
Касе не дојден на утакмицава, Угарте не е дојден во универзумов. Задњата летворка на чело со Шиљо ужасна. Средината со нападот несинхоринизирани. Шешко неупотреблив надвор од 16. Бруно се изгуши со сите. Статични и мртви.
 
Ехх ги чекаме 20 дена да се вратат да играат фудбал и прикажуваат ваков хорор на домашен терен. Тотално непочитување кон фановите кон клубот и сите кои им даваат поддршка. Арам да им се парите што ги земаат, од прв до последен.
 
Back
На врв Bottom