UEFA Champions League - Season 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата ComfortablyNumb
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Вкупно гласачи
    207
  • Гласањето е завршено на .
Многу јак аргумент, мора да се признае :icon_lol:
И Нотингем Форест (2 пати европски прваци), Астон Вила (европски првак) и Лидс (полуфинале ЛШ) денес не се ни сенка од тоа што некогаш биле.
Добро, дај ми го најакиот аргумент како примера е подобра лига од англиската еве, до сега апсолутно ништо не рековте, само пукате со ќорци.
И тие тимови што ги наброја сега, Валенсија сонува да биде во иста финансиска ситуација како нив, за да се врати на стари патеки, а они не се никаков фактор во ПЛ, во битка за висок пласман, а притоа стојат 2-3 класи погоре во поглед на функционирање од тим како Валенсија.

Но небитно, ако ПЛ не е најдобра, значи според тебе примера е подобра, на кој основ? Ќе забагираш кога ќе треба Реал Мадрид да ги користиш како главен аргумент, ама ќе те оставам ете, да кажеш на која основа Примера е подобра во моментов од ПЛ, и во последниве 5-6-7 години небитно.
 
дај ми го најакиот аргумент како примера е подобра лига од англиската еве
Секако фудбалски секогаш биле пред Англија а тоа што финансиски си пати и финансиски фер плеј тоа е сосема друг муабет.
Нема нафташки клубови во Ла Лига и се fan owned така и во Германија и во Италија.
Технички и Џирона и Алмерија се водат у полу превод нафташки клубови ама сепак неможат да оперираат како клубови во Англија пример што може.

Да не се игнорира фактот дека премногу играчи и таленти во Англија што се директива се дојдени од Шпанија.
Се нема Англиски тренер што ја има освоено Премиер Лигата? Самиот фудбал што се форсира денешно време се знае од каде доаѓа.
Пеп со Сити нема потреба да се збори мислам или па Клоп на кој тим ја има базирано играта што ја играше Пул?
Кога ги носел на тим билдинг да ја гледаат Барса? :pos:

Така да еден Бетис со буџет на Форест мамата ќе им ебе на еден топ 6 тим од Англија. Многу аспекти наведе ти и затоа се сложувам ама тоа е.
За некого е досаден ама тоа е правиот фудбал што сам по себе доминира кога е највеќе потребно.
Тоа што вријат пари и е x10 гледана Премиер не ја прави сама по себе најдобра према мене. Се работи за вкус и нема никогаш да има конзесус за тоа.

На крај краева Шпанија од секогаш како држава па дури и тие шизофрениците во Баскија и моиве Каталонија си имаат посебна политика за фудбал
сакал нејќел биле доминантни во спорт дали се работи само за Реал или не. Реал се разбира во таква политика секако и МОРА да биде центар внимание.
Реал може да се каже дека неможе никогаш да пропадне бидејќи самата држава си стои позади тој клуб и затоа и ќе биде репер тоа е просто реалноста.
 
Бетис мамата ќе им ја ебе на екипа од топ 6. Океј, ги видовме со Челзи во финалето.

Еден Јунајтед кој е мртов ги испердаши лани Сосиедад и Билбао.

3 екипи има во Ла Лига, другото е боранија последните 5год.
 
Добро, ок, сега кој е аргументот дека примера е пред ПЛ, не ми е јасно најискрено, мене тоа ме интересираше ако веќе сте со таков став, аргументирајте го, толку ли е тешко?
И пак ќе речам, зашто е ова воопшто битно? Ништо не ви мења вас, на никој ништо не му мења, тоа тежиште според мене моментално е на островот, најмногу зашто финансиски многу подобро котираат таму тимовите, значи не 2 или 3, или 1, него многу повеќе, и тоа е случај со години веќе, така да нормален тек на нештата е таа лига да предничи пред останатите. Не било тоа од секогаш случај, ама моментално е, ете, според мене и повеќето на темава.

Али како и да е, може да се аргументира зашто тоа не е случај исто така, ама сега за сега не начекав некој стабилен аргумент, форум е, разменуваме мислења, терајте со ставот дека е подобра примера никој не ве смета за глупи ама барем понудете некои факти зашто би било тоа така.

А не Бетис, и Џирона може да го земе скалпот на некој од топ 6 тимовите во ПЛ, реков, фудбалот е таква игра, уникатна и затоа се разликува од другите и затоа се смета за најдобрата споредна работа на светот, баш ради фактот што оној кој е многу многу послаб на хартија, може да го земе скалпот на некој кој е 100 пати појак и 250 пати побогат. Тоа во ракомет е сведено на минимум, такви примери, во кошарката исто, каде ако има огромна разлика во квалитет, од 100 пати, 99 пати ќе победи оној кој е многу појак.

Многу пати низ нетот се врти онаа слика од статистиката меѓу Селтик и Барселона, со еден единствен шут од корна мислам и 15% посед ги добија дома, овие 20 шута имаа и 20 шанси без да дадат гол на крајот. Вакви примери во фудбалот многу ќе сретнеш, тоа е и убавината на овој спорт и затоа е и број 1 глобално, ко ние кога ги репнавме италијанците од нигде никаде, им напраивме едно аааајт, до ден денес не можат да се соземат што ги снајде тогаш, a беа и актуелни европски прваци тогаш.
 
Бетис мамата ќе им ја ебе на екипа од топ 6. Океј, ги видовме со Челзи во финалето.

Еден Јунајтед кој е мртов ги испердаши лани Сосиедад и Билбао.

3 екипи има во Ла Лига, другото е боранија последните 5год.
Се работи за буџет како што пишав. Факт е дека Сити и Челзи многу правила заобиколија и повеќе клубови се приватни во Англија.
 
Дај боже сите термини тогаш да се :)
 
Стално во ЛШ кога игра Реал се дешаваат чудни работи на терен, несфатливи, очекувам Ноер да добие мозочен удар и да се избаци напред како шо си знај и да ја промаши цела топка која ќе резултира со гол за Реал :)
 
Кимих не научи корнер да изведува и не научи
 
Уу Кариус момент, која среќа има Реал ццц
 
Кој ќе ги застани овие Баерн оваа сезона ? Нешто како Псж лани, рутинирано ќе се прошетаат до титула, со Компани на чело :D
 
Back
На врв Bottom