Ти одговор веќе, Русија не стави вето на ниту еден договор во ОН, значи одобрува.
На кој договор побратиме ?
Промената на македонското знаме во 1995 година беше усвоена во македонскиот Парламент, не беше усвоена во Кремљ или во Њујорк за да би имала Русија некаков удел во тоа.
Кристално истото ти важи и за Охридскиот рамковен договор во 2001 година, за новите граници на општините во 2004 година, за договорот за непријателство со балкански татарстан во 2017 година, за договорот од Нивици со гејлада во 2018 година.
Русија ја признава Македонија како независна и самостојна држава и ги почитува законските и уставните акти усвоени од страна на македонскиот Парламент, било какво оспорување на било кој од тие документи во Организацијата на Обединетите Нации, во ОБСЕ, во Светската Трговска Организација или во било која друга меѓународна организација би било поткопување на македонскиот суверенитет, а Русија тоа не го има направено од 8 септември 1991 па наваму.
Ако очекуваш Русија да ја брани Македонија од македонските политичари на дебело си згрешил, Македонија не е дел од Руската Федерација или руска територијална област.
Ако Македонците не се способни самостојно да си водат сопствена држава и да си спроведуваат сопствени закони, тогаш воопшто не требало ниту да гласаат за осамостојување на 8 септември 1991.
Но бидејќи на 8 септември 1991 Македонците гласаа за самостојна и суверена Македонија, од тој датум па наваму секоја одлука која Македонците ја направиле во врска со сопственото општествено уредување е нивна и исклучиво нивна одговорност, а не на Русија или на некоја друга држава.
А ако некои македонски политичари биле предмет на поткуп или врбување на странски разузнавачки служби, тогаш останува на Македонците да расчистат со таквите личности и соодветно да ги казнат, а истовремено да направат ревизија на односите со матичните држави на тие странски разузнавачки служби.
Доколку се докаже дека и Русија врбувала македонски политичари за да бидат нејзини кодоши, секако дека ќе треба да се направи ревизија и на односите со Русија. Засега единствено Македонија од 2022 година па наваму и` има дадено причини на Русија за да направи ревизија на нејзините односи со анти-македонската држава.