Треба ли да се укине електронскиот систем „Мој термин“?

Ова не се однесуваше само на кардиолози. Дали таму немаат ни гастро специјалисти? И едно црево, колоноскоп, гастроскоп?
Штип, Струмица, Велес. Сите имаат специјалисти. И не се ограничувај само на гастро, како прееска на кардиологија. Се однесува на сите клиники, поликлиники и специјалисти, а кои ги има и во други градови.
А ако нема апарати или лекари, зборот не е ревизија. Ревизија се користеше за политички затвореници од ОЗНА.
Зборот е нефункционалност.
Накратко, прво мора да се опремат установите, да се екипираат тек после да се воведува ваков систем. Или да се ограничи на само оние служби кои реално функционираат и реално имаат термини.
Ова е како имаш бензин, немаш кола и некој ти вели ај вози ме до...
Не треба да се укине пошто телефонски ќе се јавуваме пак. Треба да се апдејтира и одржува, а тоа захтева пари.
Треба да се направи за итни случаеви да се резервира одма термин. Да не чекаат.
Едниот мој родител меѓу другото (клиники, брза помош), работеше и на интерно во една поликлиника. Беа 2 сестри и 4 или 5 доктори во 2 смени. Ниеден пациент не беше вратен. Немаше мој термин. Кога доаѓаа, им даваа бројчиња.
Прво ни фалат доктори, услови и технологија. Тоа да го средиме, ќе дое до Мој Термин сама работата.
Тоа го велам.
Ете, полека од треба и функционира, доаѓаме до потребни се предуслови.
 
Последно уредено:
иако на прва не изгледа така најголем непријател на обичниот народ (во случајов пациент) е добивањето нето плата, тврдам дека бар 70%од луѓето не се свесни колку ги чини еве на пр. здравственото осигурување годишно.

кога ќе почнеме дирекно од дома да им ги даваме ќе се освестиме и ќе почнеме да бараме одговорност и услуга за парите што ги даваме,

има и др. проблеми на пр. не ти важи дополнително здравствено ако немаш задолжително (никакво) одигурување, исто џабе сум дал 50 пати крв кога и тоа нема никакво значење без она никаквото.

следно многу корисници (пр. договор за лечење на пациенти со косово-никогаш до сега не сум чул наш пациент да користи услуга таму - за обратно да не правиме млабет) а ограничени ресурси и материјални и човечки.

и крајно начукани партиски кадри од портир до директор и резултатите да сме реални и не може да бидат подобри.

п.с за да има корис од било каква реформа треба да имаш совесен и чесен народ кој нема да се бута преку ред секогаш кога ќе му се може, нема да дава мито, ќе почитува термин и кадар...
А НЕ КАКО СЕГА САКАМЕ ДА ИМА РЕД АМА ЗА ДРУГИТЕ ЈАС ДА ПОМИНАМ НА ПОЛЕСНИОТ НАЧИН
 
не е проблемот што има странци корисници дури тоа би било и корисно (ќе има дополнителни пари за опрема, подобри услови, повисокк плати...) но да имаш опрема кадар и слободни термини за сите, да не заборавиме дека и наши прават операции во бугарија,словенија, турција...
 
Абе месец дена бркаме отпусно писмо за еден член, не можеме да го добиеме, вие ми зборите за софистициран и комплексен систем као мој термин. Едноставно не сме кадарни да имплементираме вакви системи да работат ко што треба. И не само во здравство.
Автоматски споено мислење:

ама да има.
За банална операција на познаник му велат минимум 4-6 месеци ќе чека, а за приватно кај истиот доктор уште утре.
Значи за приватни прегледи и операции има и опрема и доктори.
 
Тоа го зборам цело време, имаме и доктори и опрема, дуру и во подруми стојат компјутери и други апарати, ама нема организација....сите удрија на приватно да лапаат пари( еден дел оди и за болницата) и затоа пуштаат по два три термини.
Нека се врати ако не по старо...боље да чекам цел ден со бројче во рака, отколку со месеци да вртам кај матичниот за да го прашувам дали ми фатил термин.
 
не е проблемот што има странци корисници...
Тоа е проблем, немаш ни кадар, ни ресурси, ни опрема, ни можност за задоволување на домашното јавно добро, а сервираш маса за странски државјани.
 
Тоа е проблем, немаш ни кадар, ни ресурси, ни опрема, ни можност за задоволување на домашното јавно добро, а сервираш маса за странски државјани.
На странските државјани им се наплаќа исто како да се македонски државјани.
 
Тоа е проблем, немаш ни кадар, ни ресурси, ни опрема, ни можност за задоволување на домашното јавно добро, а сервираш маса за странски државјани.
не е проблемот што има странци корисници дури тоа би било и корисно (ќе има дополнителни пари за опрема, подобри услови, повисокк плати...) но да имаш опрема кадар и слободни термини за сите, да не заборавиме дека и наши прават операции во бугарија,словенија, турција...
чесно би било да го цитираш и другиот дел во кој кажувам и под кои услови!

На странските државјани им се наплаќа исто како да се македонски државјани.
така е затоа што има потпишано штетен по нас договор за меѓусебно признавање на здравственото осигурување
 
тогаш како ние праќаме и плаќаме наши осигуреници по болници низ светот?
ќе користиш туѓи ресурси но и ќе си платиш но под пазарни услови и секако приоритет се знае кој има.
 
тогаш како ние праќаме и плаќаме наши осигуреници по болници низ светот?
ќе користиш туѓи ресурси но и ќе си платиш но под пазарни услови и секако приоритет се знае кој има.
Праќаат по болници во светот ако овде во Македонија не може да се изврши операцијата. Фондот за здравствено ги плаќа тие пари.
Ете јас сум немал никакви врски ниту познаници, па ме испратија така одлучил конзилиумот. Единствен недостаток беше што се чекаше долго за одобрување 3-4 месеци.
 
Дали можеби треба да се укине задолжителното здравствено осигурување? Сакаме капитализам, треба да живееме во капитализам, а ова е една од најнекапиталистичките мерки во светот. Зошто некој да плаќа за услуга која никогаш нема да ја искористи? Или зошто да плаќам за услуга која не ја користам, а кога ќе ми затреба, да не можам да ја искористам? Оној што сака да продолжи да плаќа нека продолжи, а оној кој не, парите се негови, нека ги алоцира онаму каде што си сака. Еве, најбазично, немале вакцина против тетанус, луѓето сами си ја купуваат!

Сите аргументи биле ставени на маса, денес не ми треба, уште можеби ќе ми треба, солидарност, јавно добро, лични финансиски средства...нема да навлегувам со дискусија зад логиката на оваа мерка т.е. политика.

Сега, простор за алтернативи не е оставен (приватното е само дополнително), затоа што нема ни реална потреба! Онака, чисто провокативно мислење, пошто нели, државата ни мисли најдобро и она секогаш е во право. Затоа сме дојдени до оваа состојба, ништо не се инвестира во здравство, и често сме украсени со епитетот „најлошо" проследено со зборовите: „здравство во Европа". А пази, се зема наменски кредит и за инвестирање во здравството!

Ако веќе си го обврзал да плаќа, треба да ги анулираш сите бариери со цел граѓанинот лесно да дојде до услугата за која уредно и редовно си плаќа.

1.500 пациенти, со 230 работни дена (со одземен годишен одмор) годишно, се 6,5 пациенти на ден. Башка активна е картата "врски", оној кој нема врски, и не е приоритетен или "приоритетен", или достојно ќе си чека или ќе си умре чекајќи. Никого нит индиректно напаѓам, нит пецкам, нит провоцирам, нит нервирам, само гласно размислувам за проблемите кои први испливуваат на површина при размена на само неколку мислења. Реалноста е таа, вината е наша.

Здравствениот систем ни е поставен на многу погрешни постулати. Вака поставен, не може да биде јавно добро во буквална смисла на зборот. :)
Не ,ти ќе ме расплачеш...
 
чесно би било да го цитираш и другиот дел во кој кажувам и под кои услови!

така е затоа што има потпишано штетен по нас договор за меѓусебно признавање на здравственото осигурување
Не ми текнува која година се направи новиот закон за наплата на здравств.услуги на странци по цена како што е и за наши држајвани, ама пред тоа им се наплаќаше од редовната цена помножена 2,5 пати.
 
Не ми текнува која година се направи новиот закон за наплата на здравств.услуги на странци по цена како што е и за наши држајвани, ама пред тоа им се наплаќаше од редовната цена помножена 2,5 пати.
Ова не е точно, странски државјани плаќаат иста цена како наши неосигурани државјани. Значи доколку сакаш некоја интервенција/лек на приватно, исто ќе платат и странските и нашите. Со здравствена партиципација е друго, и тоа не им следува на странски државјани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom