Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
МИЛЕНА ГАЛАБОВСКА ИЛИЕВСКИ доктор на медицина во ПЗЗ 17-Oct-2025
ВЕСНА ТРАЈЧЕСКА ЛОКВЕНЕЦ спортска медицина 21-Oct-2025
МАРИЈА АНАСТАСОВА дерматовенерологија 27-Oct-2025
МАРЈАН РОГЛЕВ доктор на медицина во ПЗЗ 27-Oct-2025

... денес, лиценците им се неактивни на првите две, а до понеделник и вторите доктори, дали јавно ќе „условува“ Лекарската комора, како во случај со докторот Игор Кузмановски три месеци обука со ментор или? :kafence:
 
Ќе кажам нешто што веројатно мнозинството нема да се сложи но обновување на лиценца е одење до ЛКМ и плаќање Х денари, од целава драма со неврологов ова е најмал проблем. Нема ниту испит, ниту тестови, ревизија некаква... само одиш (на 7 години), уплаќаш и тоа е тоа. Во ред треба да се обрне внимание но не е дека ако му истекла лиценцата наеднаш заборавил да работи тоа што работел 30 години.
 
... смислата е постојана едукација, новитети во здравството со посетување на стручни предавања, учество на стручни конгреси, вебинари, се активности на секој вработен доктор во својот работен век да собира бодови (предавања, 2, 3, 5 бода зависно, европски стручни конгреси 10 бода, светски стручни конгреси 15 бода ) за да не плати 1000 евра за повторно полагање за обновување на Лиценцата, за обични смртници доктори тие се многу пари, ама за за тие ВИП што приготвуваат ноншалантно 20 г кокаин за шмркање, што е за нив да доплатат уште 2,3 х за Лиценцата!
 
... смислата е постојана едукација, новитети во здравството со посетување на стручни предавања, учество на стручни конгреси, вебинари, се активности на секој вработен доктор
Џабе е, ти си пример дека сите тие вебинари "едукации" и не знам што, не те научиле што е тоа: медицина базирана врз докази.
 
... а ти си пример, дека повеќе од десет реда текст немаш веќе капацитет да читаш и дочиташ, а тоа за медицина заснована на докази важи за препорака и примени две, три бустер дози антиковид вакцина посебно оние од Фајзер и Астра Зенека или не? :confused:
 
:popce: :facepalm:
1760872336791.jpg
 
МИЛЕНА ГАЛАБОВСКА ИЛИЕВСКИ доктор на медицина во ПЗЗ 17-Oct-2025
ВЕСНА ТРАЈЧЕСКА ЛОКВЕНЕЦ спортска медицина 21-Oct-2025
МАРИЈА АНАСТАСОВА дерматовенерологија 27-Oct-2025
МАРЈАН РОГЛЕВ доктор на медицина во ПЗЗ 27-Oct-2025

... денес, лиценците им се неактивни на првите две, а до понеделник и вторите доктори, дали јавно ќе „условува“ Лекарската комора, како во случај со докторот Игор Кузмановски три месеци обука со ментор или? :kafence:
Само ако се на црта
 
Последно уредено:
... смислата е постојана едукација, новитети во здравството со посетување на стручни предавања, учество на стручни конгреси, вебинари, се активности на секој вработен доктор во својот работен век да собира бодови (предавања, 2, 3, 5 бода зависно, европски стручни конгреси 10 бода, светски стручни конгреси 15 бода ) за да не плати 1000 евра за повторно полагање за обновување на Лиценцата, за обични смртници доктори тие се многу пари, ама за за тие ВИП што приготвуваат ноншалантно 20 г кокаин за шмркање, што е за нив да доплатат уште 2,3 х за Лиценцата!
Човек случајно ќе направи 20 бода годишно, лесно се стигнува не до 20 туку до 40 а дел од поените се префрлаат за наредната година. Тие предавања може да бидат интересни каде што ќе се научи нешто ново но најчесто се состојат од три чина - потпишување или по ново од лани со ЛКМ картичките куцање, зјапање во ѕид еден час додека предавачите ги фалат производите на организаторот и трка кој прв ќе стигне на ред за скара да гнете.
 
Зошто докторите некако избегнуваат да дадат упат за снимање,специјалист.
А ако прашаш за некој понапреден тест за крвна слика одма велат тоа оди само приватно.
За лекови препишуваат само основни.А во некои лекови и нема баш некоја разлика,без разлика приватно или државно.
И све стално е супер а кога нешто не штима одма велат,каде си до сега...или ам ова ти е хронично "нормално" е да е вака.
Прмер за постара особа 140/90 бил нормален притисок.
Па сега гледам и по аптеките, одма сакаат да ти понудат нешто на "природна" база. Што е без ефект и 2-10х поскапо од тоа што е стварно лек.
Ако дојде нешто посериозно најверојатно ке мора да се отиде во приватна болница.
Па си велам јас нешто грешам или каде одат парите ,многу од болниците во лоша состојба,без опрема?
 
За "снимање" и специјалист можеби така изгледа, дека не даваат упат, оти тешко се наоѓаат термини за истите. Еве конкретно за специјалист се отвораат термини на месечно ниво, но постојано МЛ треба да прати за да го закажи тој термин инаку веднаш се пополнуваат, а за снимање зависно од населеното место, доколку не постои приоритет, се чека и со месеци поради ограниченоста на ресурсите, односно достапните апарати. Секако тука игра улога и тоа доколку треба да се издаде тој упат, односно дали има причина, индикација итн.

Во однос на постарите особи, нормалните вредности на крвниот притисок се поместуваат со стареењето. Пример, според европски препораки, кај 80+ особи, <150/80ммХг можи да се смета за нормален крвен притисок, секако зависно и придружните заболувања кај особата.

За аптеките, во последно, особено големите ланци на аптеки, си фураат производи за кои тие се ексклузивни застапници и на тој начин дури и влечат некаков процент.

За посериозно обично секогаш има место во болниците, меѓутоа факт е дека терциерното здравство е преоптеретено со банални случаи, кои треба да се решаваат во пониските нивоа на здравствена заштита, а тешките случаи да се препраќаат таму.
 
Значи горе долу нашето здравство си функционира добро?
 
Не реков дека функционира добро, туку дека постои дефицит на кадар, апарати и добра стратегија/менаџирање за се да функционира подмачкано, без немање термини, места и чекање со месеци.

Воедно, се злоупотребуваат ресурсите, и од едни те исти луѓе кои се точкаат по ординации, а кои верувај ме немаат реален проблем. Значи секој ден се во ординација, бидејќи таа им е успат до пазар или продавница, а не дека имаат акутна или хронична состојба.
Немој да ме сфатиш погрешно, но ваквата пракса, според мене и те како има влијание дали би имало време и ресурси да се укаже помош на некој што навистина му треба.
 
Еве она за кое пишував лани ова време. Софијанова година и пол нецела откако е субспецијалист по педијатриска неврологија е претставник и самопрогласен лидер на детската неврологија на Македонија.:pos:Во меѓувреме имаш кадри кои со ова се занимаваат скоро 30 години, ама оваа е претставник од Македонија. И после ќе ти излезе некој од овие на медицински по телевизии и ќе зборува за меритократија и како требало да изградиме меритократски систем. :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom