Локални избори 2025: Кандидати за Град Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Иден градоначалник на Скопје?

  • Орце Ѓорѓиевски (коалиција Твоја Македонија: ВМРО ДПМНЕ, СПМ, ДПСМ, ДС, СНСМ, БНП, ДСР, ПОДЕМ и др.)

  • Амар Мециновиќ (Левица)

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Дрдори за балисти и македонштина, забранува Кутлеш знамиња, се кикоти со Талат Џафери и има НУЛА реални акции во било која средина кај што има Албанци - некаков протест, прес конференција или било што. Да не заборавиме и дека 4 години имаат неколку директори во Град Скопје за кои никој и не знае дека ги имаат - КИЦ, Библиотека и уште 2-3 ако не се лажам.
Те предизвикувам сега ти да најдеш некаква акција на заветните патриоти и либтардите од Бихачка на шпонска територија :D

Може да ни ги кажеш со име и презиме овие директори што ги имала Левица низ годиниве?
Автоматски споено мислење:

Да не е Драган Павловиќ Латас? Уште еден бескорисен и неконструктивен коментар од фан на Левица. Но што друго да се очекува од таква изгубена и заведена душа.
Нема потреба Латас да се докажува по форуми, младите куропушачи треба да ги бранат партиските интереси на вакви места <3 Бидејќи во цело УМС нема некој што може да срочи реченица, се намалува кругот на 2-3 јавни фаци :D
 
Те предизвикувам сега ти да најдеш некаква акција на заветните патриоти и либтардите од Бихачка на шпонска територија :D

Може да ни ги кажеш со име и презиме овие директори што ги имала Левица низ годиниве?
Автоматски споено мислење:

Нема потреба Латас да се докажува по форуми, младите куропушачи треба да ги бранат партиските интереси на вакви места <3 Бидејќи во цело УМС нема некој што може да срочи реченица, се намалува кругот на 2-3 јавни фаци :D
Паркот Украина го смениле во АСНОМ пред две години во Чаир. Уау. Зборувам за реални работи, не за лепенка која сигурно после 2 саати била сменета. Се видоа Левица на протестите против договорот со Бугарија. Еден фрли молотов коктел и камен и одма срипа цело раководство немојте аман луѓе. Другиот ден Апасиев упрпран зборуваше дека се уфрлаат луѓе од тајни служби. Тие што беа уапсени не отиде никој да ги види. Па зошто самиот провоцираш претходно со изјави од типот - сега ќе ги рушиме, излегувајте дојден е крајот? И кога паѓаат луѓе ќутиш. Таков фејк кловн ко Апасиев немало ниту ќе има. Пали само кај 50 годишни навијачи.
За директорите - Тони Димитров (КИЦ) кој беше кандидат за градоначалник на Карпош пред една недела. Панче Велков на музеј на град Скопје, Снежана Стојчевска на Градска библиотека, Сенада Ибраимова заменик директор на Градски паркинг. Плус нели што си вработија свои луѓе овие 4 години. Ама за тоа мукла. Си ќутат и си лапаат парички. Кажаа ли нешто за Град Скопје? Апасиев и лајка на Данела постови нон стоп. Не сум видел дали им лајка и на скопскиот огранок на ДУИ, се е можно со тој лик.
Не знам каква е ситуацијата во УМС, но ти очигледно си запознаен со партиските случувања. Претпоставувам си бил одбиен кога си пробувал да се зачлениш и од таму доаѓа револтот.
 
Добар ден!
Ајде една анализа на избориве и политичката ситуација со посебен осврт на Албанците кои се топ тема на форумов.

Пред изборите Мицкоски (исто како и 2024) постави јасна цел - дефакторизирање на ДУИ, канцер партија, синоним за корупција и насилништво кое го врши под превезот на некаков албански патриотизам и партија која доколку оствареше подобар резултат ќе беше кочничар.
За да ја исполни таа цел најави локално коалицирање со ВРЕДИ во општини каде Македонец едноставно нема шанса да биде градоначалник, а и не бил последниве 12 години - Тетово и Струга, а можеби и Чаир мада за таму не сум сигурен колку играше улога. Ова го направи знаејќи дека партии како Левица ќе го искористат за евтин популизам од типот - ете ја предаде Македонија дрн дрн - иако во сите тие места си има кандидати за советници и не само што има туку ВМРО освои убедливо најголем број гласови и советници од македонска страна.
Мисијата е делумно успешна, затоа што по се изгледа Тетово и Струга нема да бидат веќе на ДУИ. Со падот на Чаир и нејасната ситуација во Гостивар, очигледно е дека и покрај повисокиот број на советници на ДУИ на државно ниво, таа партија е делумно неутрализирана за следниов период.
Е сега за Кичево. Тука си беше јасно од старт - секој си тера засебно па ќе се види на крај. Кичево мислам дека е јасно дека без целосна поддршка на сите Албанци не може да биде победен кандидатот од ВМРО. Со оглед на тоа каква кампања се водеше во албанскиот блок мислам дека би било лудо да гласаат сите за Дехари. Ако тоа се случи ќе биде знак дека омразата е огромна и тука имаме сериозен проблем.
Од друга страна кандидатот од ВМРО е женет со Албанка, нема Н од националист и башка во советот мора соработка ВЛЕН ВМРО за да функционира општината. Ако има два грама памет ВРЕДИ тогаш во најмала рака нема да гласаат и така ќе овозможат да победи Јовановски, што верувам и ќе се случи. И пак да се навратам на Левица и дел од опозиција - за Кичево штама. Со целосна мобилизација благодарение на ВМРО успеа да оствари одличен резултат докторот. Ако сакаше можеше комотно да го препушти на ВЛЕН Кичево кое и онака 16 години го води екс терорист кој неретко сака да ја објавува својата слика во униформа а и не е некој мегалополис од клучно значење.
Тука само ја имаме и несреќната изјава на Касами (која не сум ја верификувал ама ајде да земеме дека е точна) дека ќе ги поддржат ДУИ кај што има Македонци. Касами секако може само во свое име да дава таква изјава. Очигледно е дека човечево не гледа подалеку од носот и е заслепен од национализам. Ја користи ситуацијата за да ќари нешто плус во влада што не е во ред. Во овој поглед не знам ВМРО како ќе изигра после избори ама има потенцијален проблем во коалицијата.
Сега уште да го пројдам македонскиот блок.
СДСМ, ајде да речеме дека уште спаѓа во македонскиот блок, е во слободен пад. Ако не го сменат Филипче, партијата ќе згасне. Толку за нив.
Левица, Димитар Апасиев го достигна врвот пред 2 години. Од тогаш партијата стагнира. Плафон е 70.000-80.000 гласови. Наместо да порасне тој станува се поинфантилен со објавите. Нула визија, нула проекти, чисто јадење трици на социјални мрежи. Тука секако е и лицемерието во стил "ја продадоа Македонија" демек немало кандидати Македонци во Тетово, веројатно советниците не се важат, битно е да има симболичен кандидат Македонец. Не сакам да верувам дека е под нечија команда од надвор или некои сумњиви струи во Македонија ама ако не е тоа, човекот е тотално одлепен и деструктивен.
Нула приговори за тоа што сега земаат плата 2,000 евра ама као знае како живее сиромашниот Македонец. Оди два дена со тротинет на работа, после зима Пежо SUV. Дрдори за балисти и македонштина, забранува Кутлеш знамиња, се кикоти со Талат Џафери и има НУЛА реални акции во било која средина кај што има Албанци - некаков протест, прес конференција или било што. Да не заборавиме и дека 4 години имаат неколку директори во Град Скопје за кои никој и не знае дека ги имаат - КИЦ, Библиотека и уште 2-3 ако не се лажам. Не дека ги урнисаа овие инстутиции ама не сме ни слушнале дека нешто направиле. Само они и ДУИ имаат директори во оваа администрација па вие видете. Левица во моментов има капацитет да привлече автодеструктивни луѓе, очајници и фантазери. За среќа нема многу такви луѓе во Македонија.
Сума сумарум, ВМРО треба да си го истера мандатов кој го добија барем до 2028. Очекувам многу повеќе во следниов период од нив. Ако не, ете избори 2028 па ќе си каже народот. Предвремени избори на кои се надеваат опозициските партии би биле погубни - кочење на Македонија, нови поделби и расправи без потреба. А и дел од луѓево/опозиционерите не ги разбирам, ем нема некоја излезност, ем резултатите се јасни ама пак навиваат да се растури работава, Касами да го заебел "Мицко". И што? Пак избори пак слични резултати само можност ДУИ да се уфрли во влада и овие автодеструктивци да речат - ете ви кажав дека пак ќе коалицираат! Тоа е кусогледо и антидржавно размислување. Не дозволувајте да бидете заведени од луѓе без капацитет, планови и визија.
Ви благодарам на вниманието.
Велиш овие апашиве од Левица имаат библиотека? Знаат они каде лежи паричката, не се будали да се мачат со царина, транспорт и врски, МВР, Мепсо, ЕЛЕМ..... затоа мене ми падна чудно кога одам у библиотека, барам книга ми викаат нема земена е, доаѓа еден млад дечко со брада шуш муш оп истата книга му ја даваат подрака, се сомневам дека тој и воопшто има платено членарина... Не е ова така наивно како што изгледа, сигурен сум дека ова е шема на левица како да го држат народот во незнаење и темница а само нивните да читаат.
Но еве сега се разоткриени.
При толку многу власт и моќ кои ги поседуваат немаат ниту еден проект, немаат изградено ни километар автопат, немаат ниту шајка заковано, ниту една факинг хидроцентрала немаат направено..
И велиш господата место пеш да одат они се возат у Пежо? Место да земат пример од скромноста на другите честити и чесни политичари кои се возат со ЈСП, кои кубурат со платички... они се одадени на хедонизам и расипништво, се возат у Пежо...
 
Зборувам за лицемерие. Зошто не излезат Левица и да кажат имавме 4 директори во администрација на најдобрата градоначалничка Данела и еве што направивме. Да дадат отчет. Ако сега ќутат замисли што би правеле со нешто поголемо.
А за Пежото не викам дека е луксузна кола, туку Амар се вози во автобус и вика ќе го средам ЈСП они не го средуваат пошто се богати капиталисти и не се возат во автобус.
Автоматски споено мислење:

Да, звучи како Златев.
Може звучи, ама не личи.
 
Господине, не знаев дека има правило каков треба да биде мојот прв пост? Читам подолго време на форумот и се решив да напишам мој коментар за политичката ситуација. Ова се мои ставови и размислувања, ако имате нешто конкретно да коментирате, повелете или уште подобро, напишете го вашиот став за ситуацијата. За кого гласавте, за кого да се гласа, кои се решенијата, како ја гледате иднината?
Чекај малку, не иде тоа така. Си се учленил и трк првиот пост на политика. Од кај те знаеме, може си некој шпион од Софија или крадец од Багдат! Иди прво таму на темите за снаа и свекрва, зошто жените изневеруваат, дали е битна големината... вежбај малку со тетките па после со тек на време полека ке се префрлиш на политика,
 
Добар ден!
Ајде една анализа на избориве и политичката ситуација со посебен осврт на Албанците кои се топ тема на форумов.

Пред изборите Мицкоски (исто како и 2024) постави јасна цел - дефакторизирање на ДУИ, канцер партија, синоним за корупција и насилништво кое го врши под превезот на некаков албански патриотизам и партија која доколку оствареше подобар резултат ќе беше кочничар.
За да ја исполни таа цел најави локално коалицирање со ВРЕДИ во општини каде Македонец едноставно нема шанса да биде градоначалник, а и не бил последниве 12 години - Тетово и Струга, а можеби и Чаир мада за таму не сум сигурен колку играше улога. Ова го направи знаејќи дека партии како Левица ќе го искористат за евтин популизам од типот - ете ја предаде Македонија дрн дрн - иако во сите тие места си има кандидати за советници и не само што има туку ВМРО освои убедливо најголем број гласови и советници од македонска страна.
Мисијата е делумно успешна, затоа што по се изгледа Тетово и Струга нема да бидат веќе на ДУИ. Со падот на Чаир и нејасната ситуација во Гостивар, очигледно е дека и покрај повисокиот број на советници на ДУИ на државно ниво, таа партија е делумно неутрализирана за следниов период.
Е сега за Кичево. Тука си беше јасно од старт - секој си тера засебно па ќе се види на крај. Кичево мислам дека е јасно дека без целосна поддршка на сите Албанци не може да биде победен кандидатот од ВМРО. Со оглед на тоа каква кампања се водеше во албанскиот блок мислам дека би било лудо да гласаат сите за Дехари. Ако тоа се случи ќе биде знак дека омразата е огромна и тука имаме сериозен проблем.
Од друга страна кандидатот од ВМРО е женет со Албанка, нема Н од националист и башка во советот мора соработка ВЛЕН ВМРО за да функционира општината. Ако има два грама памет ВРЕДИ тогаш во најмала рака нема да гласаат и така ќе овозможат да победи Јовановски, што верувам и ќе се случи. И пак да се навратам на Левица и дел од опозиција - за Кичево штама. Со целосна мобилизација благодарение на ВМРО успеа да оствари одличен резултат докторот. Ако сакаше можеше комотно да го препушти на ВЛЕН Кичево кое и онака 16 години го води екс терорист кој неретко сака да ја објавува својата слика во униформа а и не е некој мегалополис од клучно значење.
Тука само ја имаме и несреќната изјава на Касами (која не сум ја верификувал ама ајде да земеме дека е точна) дека ќе ги поддржат ДУИ кај што има Македонци. Касами секако може само во свое име да дава таква изјава. Очигледно е дека човечево не гледа подалеку од носот и е заслепен од национализам. Ја користи ситуацијата за да ќари нешто плус во влада што не е во ред. Во овој поглед не знам ВМРО како ќе изигра после избори ама има потенцијален проблем во коалицијата.
Сега уште да го пројдам македонскиот блок.
СДСМ, ајде да речеме дека уште спаѓа во македонскиот блок, е во слободен пад. Ако не го сменат Филипче, партијата ќе згасне. Толку за нив.
Левица, Димитар Апасиев го достигна врвот пред 2 години. Од тогаш партијата стагнира. Плафон е 70.000-80.000 гласови. Наместо да порасне тој станува се поинфантилен со објавите. Нула визија, нула проекти, чисто јадење трици на социјални мрежи. Тука секако е и лицемерието во стил "ја продадоа Македонија" демек немало кандидати Македонци во Тетово, веројатно советниците не се важат, битно е да има симболичен кандидат Македонец. Не сакам да верувам дека е под нечија команда од надвор или некои сумњиви струи во Македонија ама ако не е тоа, човекот е тотално одлепен и деструктивен.
Нула приговори за тоа што сега земаат плата 2,000 евра ама као знае како живее сиромашниот Македонец. Оди два дена со тротинет на работа, после зима Пежо SUV. Дрдори за балисти и македонштина, забранува Кутлеш знамиња, се кикоти со Талат Џафери и има НУЛА реални акции во било која средина кај што има Албанци - некаков протест, прес конференција или било што. Да не заборавиме и дека 4 години имаат неколку директори во Град Скопје за кои никој и не знае дека ги имаат - КИЦ, Библиотека и уште 2-3 ако не се лажам. Не дека ги урнисаа овие инстутиции ама не сме ни слушнале дека нешто направиле. Само они и ДУИ имаат директори во оваа администрација па вие видете. Левица во моментов има капацитет да привлече автодеструктивни луѓе, очајници и фантазери. За среќа нема многу такви луѓе во Македонија.
Сума сумарум, ВМРО треба да си го истера мандатов кој го добија барем до 2028. Очекувам многу повеќе во следниов период од нив. Ако не, ете избори 2028 па ќе си каже народот. Предвремени избори на кои се надеваат опозициските партии би биле погубни - кочење на Македонија, нови поделби и расправи без потреба. А и дел од луѓево/опозиционерите не ги разбирам, ем нема некоја излезност, ем резултатите се јасни ама пак навиваат да се растури работава, Касами да го заебел "Мицко". И што? Пак избори пак слични резултати само можност ДУИ да се уфрли во влада и овие автодеструктивци да речат - ете ви кажав дека пак ќе коалицираат! Тоа е кусогледо и антидржавно размислување. Не дозволувајте да бидете заведени од луѓе без капацитет, планови и визија.
Ви благодарам на вниманието.
Петар Арсовски, ти ли си.
Све политиколози еј.
 
Чекај малку, не иде тоа така. Си се учленил и трк првиот пост на политика. Од кај те знаеме, може си некој шпион од Софија или крадец од Багдат! Иди прво таму на темите за снаа и свекрва, зошто жените изневеруваат, дали е битна големината... вежбај малку со тетките па после со тек на време полека ке се префрлиш на политика,
Да да изгледа такво правило има :)
Автоматски споено мислење:

Петар Арсовски, ти ли си.
Све политиколози еј.
Не бе тој не беше за СДС? Како и да е, ми годи што ме споредувате со некој аналитичар. Ви благодарам.
 
Зборувам за лицемерие. Зошто не излезат Левица и да кажат имавме 4 директори во администрација на најдобрата градоначалничка Данела и еве што направивме. Да дадат отчет. Ако сега ќутат замисли што би правеле со нешто поголемо.
А за Пежото не викам дека е луксузна кола, туку Амар се вози во автобус и вика ќе го средам ЈСП они не го средуваат пошто се богати капиталисти и не се возат во автобус.
Автоматски споено мислење:

Може звучи, ама не личи.
Најдобрата градоначалничка Данела си ја понудија и избраа точно познати луѓе. Не е тоа така одамна за да заборавиме. А за тоа дека беше најдобра до сега и Скопје е вака убаво, не е само нејзина заслуга, мораме да ги признаеме и огромните заслуги на советот на чело со Трајко кој и беше огромна поддршка и сигурен сум дека без таа поддршка резултатите ни оддалеку немаше да бидат овие.
 
Во советот има 45 члена, 16 се од ВМРО-ДПМНЕ. За ситуацијата се виновни сите, но пред се Данела која е тотално забегана. Нејзиниот избор е голем минус за Мицкоски иако навидум изгледаше како добар потег во 2021 година - привлекуваше неутрала, што во моментот беше потребно, плус беше предложена од стопанска комора а СДС мораше да падне после 5 години ужасна власт. Тоа беше дилот, ама испадна дека женава е катастрофа.
Другото може да иронизираш колку сакаш.
 
Паркот Украина го смениле во АСНОМ пред две години во Чаир. Уау. Зборувам за реални работи, не за лепенка која сигурно после 2 саати била сменета. Се видоа Левица на протестите против договорот со Бугарија. Еден фрли молотов коктел и камен и одма срипа цело раководство немојте аман луѓе. Другиот ден Апасиев упрпран зборуваше дека се уфрлаат луѓе од тајни служби. Тие што беа уапсени не отиде никој да ги види. Па зошто самиот провоцираш претходно со изјави од типот - сега ќе ги рушиме, излегувајте дојден е крајот? И кога паѓаат луѓе ќутиш. Таков фејк кловн ко Апасиев немало ниту ќе има. Пали само кај 50 годишни навијачи.
За директорите - Тони Димитров (КИЦ) кој беше кандидат за градоначалник на Карпош пред една недела. Панче Велков на музеј на град Скопје, Снежана Стојчевска на Градска библиотека, Сенада Ибраимова заменик директор на Градски паркинг. Плус нели што си вработија свои луѓе овие 4 години. Ама за тоа мукла. Си ќутат и си лапаат парички. Кажаа ли нешто за Град Скопје? Апасиев и лајка на Данела постови нон стоп. Не сум видел дали им лајка и на скопскиот огранок на ДУИ, се е можно со тој лик.
Не знам каква е ситуацијата во УМС, но ти очигледно си запознаен со партиските случувања. Претпоставувам си бил одбиен кога си пробувал да се зачлениш и од таму доаѓа револтот.
Не беше само лепенка, има протест и држеше говор оној битолчанецот од црвената младина.

Панче Велков не е член на Левица, туку е назначен по иницијатива на Левица. Човекот целосно го заслужува местото, доктор на науки, цел живот посветен на црквите и нивна заштита, има одено да предава на странски факултети итн. Дај боже сите директори да се вакви. Што ќарила Левица од неговото поставување за директор?
Сличен профил е и Антонио од Карпош. Беше главен во сектор за култура на Левица, ама директор на КИЦ стана уште претходно. Исто така со соодветно образование во струката.
Снежана исто така беше доста активна во најразни области поврзани со водење на библиотеката. Истата беше исклучена од Левица и бараа да ја сменат од директорка поради тоа што стана алчна за паричка. Нешто што ретко кој друг го направил.

Сите овие директори се луѓе кои беа посочени од Левица и се веќе изградени за тие позиции. Не се луѓе од сосема трета професија партиски ставени да водат клучни сектори, а немаат поим од проблематиката.
Да не коментираме што ќор денар нема во овие сектори, казна е да те стават да ги водиш.

Да, се испичија од Левица на протестите и прв бев што критикував овде. Изгубија многу приврзаници ради тоа. Не се спремни за ништо радикално на улица, фала богу, ама спремни се институционално да водат битки и да говорат јавно за сите проблеми. Не можеш да знаеш дали ќе ги решат, затоа што никогаш немале власт за да дознаеме.
Бидејќи активни одев на протестите, на истите ДПМНЕ присуствуваа колку да не дозволат да се радикализираат. Одеа колку да се каже и нивни рекетари им бранеа на луѓето да вадат провокативни пароли контра Бугарија. Им го дрпаа од раце паролите.

Тие што ги браниш се 30 години на власт. Ете чекам да ми дадеш едно патриотско дело кое го направиле.
1. Дали застанаа зад луѓето кои ги насамарија да влезат во собрание?
2. Дали застанаа зад луѓето кои ги наместија да бидат нападнати на Кале?
3. Дали некогаш отишле во посета на повредено македонско дете во етничка тепачка,како Грујо што одеше во Чаир кога некој шпон го погодија со камен на лизгалиште? Дали некогаш го кренале гласот на оваа тема, освен Дарко од Бутел?
4. Дали го поставија Талат за министер и ги тепаа децата што излегоа да протестираат за неговото назначување?
5. Дали ги згаснаа сите патриотрски навивачки групи затоа што не можеа да ги контролираат?
6. Дали ги поништија хашките случаи?
7. Дали за партиски интереси на Мијалков и ахмети го организираа Смилковци и после ги тепаа децата што протестираа пред влада?
8. Дали ги избркаа младите од Македонија со тотална партизација на секој сектор?
9. Дали се коалициони партнери со шпонски партии веќе 30 години?
10. Дали активно агитираа да се гласа за учкар во Тетово? А претходно за учкарката Теута?
11. Дали немаме владение на пола држава и дали некојпат ќе гукнат што шиповите ја исекоа пола Македонија?
12. Дали свесно го оставија Скопје затрупано со говна, за да бидат спасители по доаѓањето на Орце?
13. Дали ти и свињенко добивте награда за згаснувањето на сите можни протести поврзани со Кочани?

Левица не е патриотска партија, никаде немаат таков наратив. За разлика од некои други.
 
Последно уредено:
Во советот има 45 члена, 16 се од ВМРО-ДПМНЕ. За ситуацијата се виновни сите, но пред се Данела која е тотално забегана. Нејзиниот избор е голем минус за Мицкоски иако навидум изгледаше како добар потег во 2021 година - привлекуваше неутрала, што во моментот беше потребно, плус беше предложена од стопанска комора а СДС мораше да падне после 5 години ужасна власт. Тоа беше дилот, ама испадна дека женава е катастрофа.
Другото може да иронизираш колку сакаш.
А со тоа 16 члена се правиш недоветен или мене ме правиш улав? Не си ти од тука, беше у подрум? Трајко го избра Левица и сдс?
 
Панче Велков не е член на Левица, туку е назначен по иницијатива на Левица. Човекот целосно го заслужува местото, доктор на науки, цел живот посветен на црквите и нивна заштита, има одено да предава на странски факултети итн. Дај боже сите директори да се вакви. Што ќарила Левица од неговото поставување за директор?
Сличен профил е и Антонио од Карпош. Беше главен во сектор за култура на Левица, ама директор на КИЦ стана уште претходно. Исто така со соодветно образование во струката.
Снежана исто така беше доста активна во најразни области поврзани со водење на библиотеката. Истата беше исклучена од Левица и бараа да ја сменат од директорка поради тоа што стана алчна за паричка. Нешто што ретко кој друг го направил.

Сите овие директори се луѓе кои беа посочени од Левица и се веќе изградени за тие позиции. Не се луѓе од сосема трета професија партиски ставени да водат клучни сектори, а немаат поим од проблематиката.
Да не коментираме што ќор денар нема во овие сектори, казна е да те стават да ги водиш.

Да, се испичија од Левица на протестите и прв бев што критикував овде. Изгубија многу приврзаници ради тоа. Не се спремни за ништо радикално на улица, фала богу, ама спремни се институционално да водат битки и да говорат јавно за сите проблеми. Не можеш да знаеш дали ќе ги решат, затоа што никогаш немале власт за да дознаеме.
Бидејќи активни одев на протестите, на истите ДПМНЕ присуствуваа колку да не дозволат да се радикализираат. Одеа колку да се каже и нивни рекетари им бранеа на луѓето да вадат провокативни пароли контра Бугарија. Им го дрпаа од раце паролите.

Тие што ги браниш се 30 години на власт. Ете чекам да ми дадеш едно патриотско дело кое го направиле.
1. Дали застанаа зад луѓето кои ги насамарија да влезат во собрание?
2. Дали застанаа зад луѓето кои ги наместија да бидат нападнати на Кале?
3. Дали некогаш отишле во посета на повредено македонско дете во етничка тепачка,како Грујо што одеше во Чаир кога некој шпон го погодија со камен на лизгалиште? Дали некогаш го кренале гласот на оваа тема, освен Дарко од Бутел?
4. Дали го поставија Талат за министер и ги тепаа децата што излегоа да протестираат за неговото назначување?
5. Дали ги згаснаа сите патриотрски навивачки групи затоа што не можеа да ги контролираат?
6. Дали ги поништија хашките случаи?
7. Дали за партиски интереси на Мијалков и ахмети го организираа Смилковци и после ги тепаа децата што протестираа пред влада?
8. Дали ги избркаа младите од Македонија со тотална партизација на секој сектор?
9. Дали се коалициони партнери со шпонски партии веќе 30 години?
10. Дали активно агитираа да се гласа за учкар во Тетово? А претходно за учкарката Теута?
11. Дали немаме владение на пола држава и дали некојпат ќе гукнат што шиповите ја исекоа пола Македонија?
12. Дали свесно го оставија Скопје затрупано со говна, за да бидат спасители по доаѓањето на Орце?
13. Дали ти и свињенко добивте награда за згаснувањето на сите можни протести поврзани со Кочани?

Левица не е патриотска партија, никаде немаат таков наратив. За разлика од некои други.
Значи можеш и нормално да комуницираш. Тоа ми се допаѓа.
Во ниту еден момент не реков дека не се соодветни ниту дека краделе или не знам што, туку дека е факт дека имаат директори а се кријат. Зошто е криењето? Дај да видиме што направиле во овие институции. Некоја револуција? Ги направи сите дека као имале врска со Левица ама не биле баш од Левица. Димитров е кандидат за градоначалник на Карпош. Што повеќе?
За протестите горе-доле делиме мислење и јас присуствував не знам можеби 6 пати од 10 колку што беа вкупно ако не се лажам. Факт е дека немаше потреба од радикализација, требаше масовност што делумно се исполни. И ми беше ќеиф што дојдоа заедно тогаш Левица и ВМРО иако Левица доаѓаа по организирано за да остават некаков впечаток веројатно, што од оваа временска перспектива ми буди сомневање за мотивите. А да кажеш дека ВМРО доаѓале само за да не се радикализираат е чиста лага. Па да не доаѓаа ВМРО протестите ќе беа посетени од 100 луѓе и ќе имаше контраефект. Вака таман си беше.
Е сега за тие што "биле 30 години на власт". Ова ви е замка во која паѓате сите од Левица. Ко прво се сменија многу гарнитури и групации и да речеш 30 години се истите луѓе е смешно. Бранко и Љубчо исти беа? Па дури и од иста партија земи ги - Бранко, Бучко, Шеќеринска, Заев или Љубчо, Груевски, Мицкоски? Истите луѓе се? Исти политики? Не. И за градоначалници има голема разлика - Пенов, Трифун, Коце, Шилегов, Данела. Секој си тераше некои свои политики и сега ти викаш исти се. За прашањата кои ти се сугестивни ај на кратко.
1. Искрено не знам што се случи и кое беше сценариото таму. Само знам дека 90% од луѓево што се во затвор од тогаш му веруваа тогаш на Груевски сега на Мицкоски. Тоа е доволно за мене. А сега некој искача без везе и вика каде се да ги ослободите а тој од затвор праќа ФБ статус Напред ВМРО. Мислам смешен муабет.
2. Кале не беше местенка, туку тежок инцидент. Можно е на своја рака некој од ВМРО или некоја струја да смислила такво нешто не викам не.
3. Не. За тоа се согласувам. Ако не друго треба да не се дига џева и од другата страна. Сега делумно ми личи дека е така.
4. Ова 2012 други луѓе. Иначе бев на тој протест.
5. Да. Иако тоа има позитивни страни, сепак мислам дека повеќе се негативни и не требаше да постапат така. Сега веќе не е многу важно пошто не ни има толку многу млади луѓе особено не по навивачки групи а и други времиња се.
6. Не. Но за чудо некој од надвор ги држи отворени тие прашања па може да се деси и чудо.
7. Не. Си има пресуди или на буревесник му веруваш?
8. Делумно да. Иселувањето е проблем за цел балкан па и источна европа.
9. Дали има друга опција? Ако има повели кажи ја. Само немој муабетот на Апасиев те молам. И јас со 6 пратеници ќе вртам секакви муабети.
10. За Теута не памтам не беше таа во време на СДС? За Касами го прават по цена на својот рејтинг а против ДУИ. Тетово одамна има Албанец градоначалник. Јас да сум жител на Тетово не би го гласал Касами.
11. Треба.
12. Не. Делумно имаат вина поради војната со Данела ама не очекуваа дека од другата страна ќе има некој доволно луд да го прави ова што го прави Данела. Секој нормален ќе си поднесеше оставка уште пред 2-3 години ама она одбра друг пат. Жената не е со сите, потврдено од секој советник во град Скопје а и вработен. А муабетот дека намерно го затрупале Скопје со ѓубре за да испаднат херои е без врска. Па нема човек што не се лути и на ВМРО ради ова. Значи или мисли дека е ВМРО криво или делумно криво. И како тоа им оди во корист кога и онака беа во водство претходно?
13. Јас и Миленко? Не го познавам Миленко и не знам каква врска би имал он со Кочани и протестите. Човеку избори имаше во Кочани и ги виде ли резултатите? Или и ти си од оние забегантуси што не биле никад во Кочани ама ги колне и ги нарекува глупаци затоа што мнозинството гласале за ВМРО? Луѓето таму си знаат кој и каква вина има за тоа. Нормално за оваа опозиција пробуваше и ќе пробува да ќари некој поен од протести и незадоволство. Тие само така можат да успеат преку играње на емоции како со Тамара или Нешкоски и на крај од се тоа испадна големо ништо.

Како бе не е патриотска партија Левица? Нели објавите се дека "треба да се удри против балистите и врховистите" дека "ВМРО ја предал Западна Македонија", дека се "слуги на балистите"?

И за крај, да резимираме. Пробуваш да ставиш знак равенство меѓу СДС и ВМРО и тоа не само сега него последниве 30 години што не е вистина. Тоа е наратив на Левица за да придобие гласови. Зборуваме за ова ВМРО и оваа влада и овие градоначалници.
Во однос на тоа што направил ВМРО за Македонците т.е. оваа влада, за почеток не се зборува за Бугари во устав секој ден и Бугарите не се внесени ниту пак ќе бидат внесени. Сети се со претходната влада како беше. Не убедуваа дека биле администратори и факт е дека ако не беше ВМРО ќе поминеше глатко и таа промена. Исто и за ДУИ. Викавте мора да влезе, ете не влезе во влада што само по себе е успех. Не дека со тоа се смирија одредени иридентистички струи кај Албанците туку барем сопреа таквите муабети и непрестајните нереални барања на сите албански партии кон Заев и Таче од типот учење албански во музичко школо во Прилеп, националност во извод од матична книга на родени и што уште не.
Сите овие работи се сопрени не затоа што тоа е македонски национализам, туку тоа е реалност која ја разбираат и повеќето Албанци. Тие се 20-25% и ќе добијат толку. Не може да делиме пола пола од власта. За се друго ги имаат истите права. Разликата меѓу оваа власт и претходната е што има стабилно мнозинство. ВМРО е јасен победник кај Македонците и уцените не палат. Секако единствена уцена може да биде предвремени парламентарни заради излегување на Албанците од власта. Но, што ќе постигнат со тоа? Политичка криза. ВМРО пак ќе добие глатко.
СДС буквално опстојуваше преку милоста на албанските партии. Само со силен и јасен победник кај Македонците може да има баланс и некакво спокојство.
Секое добро.
Автоматски споено мислење:

А со тоа 16 члена се правиш недоветен или мене ме правиш улав? Не си ти од тука, беше у подрум? Трајко го избра Левица и сдс?
Ти се правиш улав изгледа. Каква врска има Трајко? Тој е изгласан на почеток. После некој месец се растури коалицијата. Значи да се соберат 23 советници од било кои партии можеа да го сменат и да носат какви сакаат одлуки. Зошто не се собраа? Никој немаше мнозинство.
 
Последно уредено:
Пробуваш да ставиш знак равенство меѓу СДС и ВМРО и тоа не само сега него последниве 30 години што не е вистина.
Баш напротив, тоа е најголемата вистина меѓу вистините. Ако не го гледаш тоа или си слеп или свесно бираш да се преставиш како таков.
 
Изгубија 33% поддршка за година ипол. Една градоначалничка без политичка моќ, која патем баш тие ја изгласаа ги дупи(а заради нив и цело Скопје) 3 години, па држава ќе воделе.
Порано барем се викаше ВМРО можда народот го влечат по автобуси, прават демократски прекршоци, ама барем за да сработат ги бива 10 пати повеќе од СДС. Незамисливо ми е дека Грујо и цела негова гарнитура, со 58 пратеника и приврзок ЗНАМ би си дозволиле градот да тоне во ѓубре и една Данела да го дупи како ќе стигне. За невадење градоначалници во Тетово, Струга, Гостивар и пушење на Албанци да не зборувам.
Плус никаков притисок немаат од надвор, САД се тотално повлечени од Балкан, ЕУ се замара со Украина, малку и тие да ги притиснеа(што кога тогаш бар од страна на ЕУ ќе бидне) уште полоши резултати ќе имаа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom