Прилеп, град на непокорот и народните херои, градот под марковите кули, градот на Крали Марко, градот на Итар Пејо, итн итн.
Не се согласувам дека е најнепосетуван град (можеби за тебе да). Одам во Прилеп барем еднаш месечно на викенд, и можам да кажам дека поминувам прекрасни моменти таму. Има доста добра ноќна забава (ТхеЕнд, Вип, ...), прекрасни кафулиња за денско време, ресторани со одлични јадења (посебно специјалитетот Ширден). Едноставно градот е добар, голем, широк, има доста богата историја, и има што да се види. Е, сега, ситуацијата му е малце економски тешка, бидејќи од град со огромен број на индустрија и фабрики, е сведен на тоа да еден огромен број се невработени. Меѓутоа, се надевам дека и таму ситуацијата ќе се оправи еден не толку далечен ден, зошто се осеќа и таму прилив на странски капитал, посебно од грција.
Добро е споменато, Прилеп има традиционален пиво фест, ако не се лажам некаде во јули беше (секако дека ќе го посетам), и секако ако се има можност треба да се посети за време на 11Октомвриските празници и за време на Прочка (карневали), тогаш мислам дека е најживо во градот.
Да не должам многу, за посета има многу, старата чаршија, Марковите кули, Варош, не многу далеку е прекрасниот манастир Трескавец, а за оние поупорните би им препорачал да отидат на Црна накај Мариово, едно од најживиписните предели во Република Македонија (прилепчани таму одат за 1 мај).
Доста за сега, ако има заинтересирани, ќе разговараме уште. Барем за градовите и селата во Македонија доста знам, доста имам прошетано, и стално има нешто ново да се научи.
Поздрав од мене, одам да работам малце :lol: :lol: