Ќе го цитирам ова, но се однесува на целиот пост.
Не постои такво нешто како чистење повеќедецениски залихи.
Не жртвуваш десетици и десетици илјади луѓе, економија и се само за да исчистиш залихи. Постојат други начини за тоа.
Ги трошат залихите бидејќи немаат доволно производство, бидејќи се судрија со непријател што го потценија и бидејќи немаат доволно модерни оружја.
Немаше да гледаме рововска војна во стилот на ПСВ, ако имаат доволно Т-90ки и Т-14ки опремени со активна заштита, ако имаа доволно наведувана артилерија, ако имаа Су-57ки итн. Ќе завршеше војната таму некаде крајот 2022 или почетокот 2023.
Но не е дека Русите немаат доволно технологија, не е дека со постарите оружја не се завршуваше работа, проблемот е подлабок (корупција и непрофесионалност пред се), што одеше години пред да се случи инвазијата, сега после и во тек на судирот верувам дека многу работи се сменети.
Орешникот, ќе повторам пак, е оружје чија првенствена и единствена намена е носење на нуклеарни направи. Освен тоа, тоа оружје не го бива за ништо. Можеби има една единствена цел за што може да се искористи со конвенционално полнење, меѓутоа тука завршува неговата употребливост.
Како и сите оружја наменети за нуклеарни напади, така и ова веројатно никогаш нема да биде искористено повеќе.