Зошто Бог поставува исти стандарди за различни природни склоности?

  • Креатор на темата Креатор на темата 840223
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2008
Мислења
485
Поени од реакции
480
Зошто, според авраамските религии, Бог ги суди сите луѓе според ист морален закон, кога тие не почнуваат од иста позиција?
Конкретно, зошто лица со различни вродени побуди и психолошки конституции се судени според универзален морален код, кој не ги зема предвид нијансите на нивната природа?

Да земеме како пример лица со хомосексуални побуди. Според традиционалното разбирање на христијанството и исламот, хомосексуалниот акт е грев, а единствено „морално“ прифатливо сексуално однесување е она помеѓу маж и жена, во рамките на бракот. Со тоа, лице кое чувствува длабоко и трајно привлечност кон ист пол, без никакви хетеросексуални побуди, не е повикано да ја регулира својата сексуалност, туку да ја негира целосно. Не е прашање на умереност, туку на апстиненција од секаков интимен однос.
Спротивно на тоа, стрејт лице има можност за исполнување на својата природна сексуална и емоционална потреба преку брак, љубов, семејство. Така, и двајцата се подложни на истиот закон, но само едниот има реален пат за живот со интимност, љубов и смисла во рамките на тој закон. Другиот може да го исполни тоа правило само со жртвување на себеси и своите импулси. Дали тоа е еднаков терен за морална проценка?

Ако законот бара од некого нешто што е природно за него, а од друг бара нешто што значи длабоко самооткажување и живот без елементарна форма на интимна среќа, тогаш тој закон не е еднаков. Тоа не е еднаков тест, туку тест кој однапред е поставен потешко за едната страна. Како тоа корелира со идејата за совршена божја праведност?

Дополнително, не само кај сексуалноста, туку и кај други природни разлики како што се темперамент, склоност кон анксиозност, импулсивност, ниво на агресија, психолошка стабилност. Сите овие фактори влијаат на способноста за „морално“ однесување. Ако религиозниот закон не ги зема предвид овие индивидуални разлики и не нуди соодветна корекција или разбирање за нив, тогаш тој не е праведен судија, туку систем што наградува некој кому на среќа му се паднале правилна телесна и психолошка конституција.
Истото прашање може да се прошири и на други облици на човекова природа:

Луѓе со хронична депресија или анксиозност, на кои верата и радоста не им доаѓаат природно.
Луѓе со импулсивен темперамент или генетска предиспозиција кон зависности.
Луѓе родени во строго индоктринирани средини, без слободен пристап до спротивни идеи.

Ако судењето на луѓето се темели на нивната способност да одолеат на своите побуди, тогаш очигледно е дека некои луѓе се родени со „потешки испити“ од другите.

Ако некој ја следи вистината по цена на целата своја природа – тоа е херојство. Но ако некој друг ја следи вистината затоа што таа се совпаѓа со неговата природа, дали и двајцата ја поминале истата "испитна задача"?
Или, парафразирано: дали е праведно сите да бидеме судени според ист закон, кога тој закон со различна тежина паѓа на различни луѓе?
-----------
Овој познат филозофски аргумент ми е една од дилемите против авраамските религии. Друга дилема неодамна се потсетив дека сум ја разработувал во тема пред неколку години:
 
Прост е одговорот...ние се гледаме како индивидуи а уствари битен е колективниот добробит наспроти индивидуалниот. Сите закони земски и божји(ова е дискутабилно дали има такви) се наменети за колективот да функционира пофункционално и поефикасно.
 
Секој човек мора прво да има уградено морална вертикала како столб..како новогодишна елка(без лампиони)па после полека се надоградува(става еден по еден) и постепено му надоаѓа одговорот(ѕвездата на врвот као круна)..Мојата стои уште ненакитена..
 
Зошто би било праведно сите да бидеме оценувани според исти правила, кога не почнуваме од иста точка? Дури и земните судови признаваат олеснителни околности. Се земаат предвид намерите, поттикот, личната историја, психолошките бариери… А нели еден бог би имал уште посуптилно разбирање за сè што влијае на нечии избори?
Ако некој се бори со импулси кои друг воопшто не ги чувствува, дали тоа навистина е ист терен?
Само покажува дека овие правила се создадени од луѓе со ограничени разбирања за човековата природа, психологија и емоции.
Автоматски споено мислење:

Прост е одговорот...ние се гледаме како индивидуи а уствари битен е колективниот добробит наспроти индивидуалниот. Сите закони земски и божји(ова е дискутабилно дали има такви) се наменети за колективот да функционира пофункционално и поефикасно.
Разбирам што сакаш да кажеш, дека законите треба да служат на колективниот поредок, тоа има логика за општеството, но не и за религијата. Дебатираме во подфорум Религија.
Тоа не важи кога зборуваме за вечен суд или морална проценка на душа?
Самата идеја за индивидуален суд (спасение, осуда, слободна волја) е темел во авраамските религии. Ако сè е само за колективот, тогаш зошто толку се инсистира на индивидуалната одговорност?
 
Зошто би било праведно сите да бидеме оценувани според исти правила, кога не почнуваме од иста точка? Дури и земните судови признаваат олеснителни околности.
Bog priznava olesnitelni okolnosti.
 
Што признава? Од кај знаеш?
Bog e milostiv.
Iako e zabraneto ubivanjeto, a jas moram da ubijam vo samoodbrana, ili vo vojna, a od moja strana ima pokajanie, Bog prostuva.
Bog nema da im sudi na nekontaktirani pleminja od Amazon i na hristijanite na primer na ist nacin. Toa ne znaci deka zakonot e promenet.
 
Во човековата природа е држењето до некои вредности. Хомосексуализмот ги руши тие ствари пошто е деструктивен и неприроден феномен. Содома и Гомора гореле ради педерлук, Рим пропадна ради педерлук, Хитлер дојде на власт ради педерлукот на вајмарците.

И нормално е Господ да ги става у длаболиот котел кога одат спроти природата.
 
Bog e milostiv.
Iako e zabraneto ubivanjeto, a jas moram da ubijam vo samoodbrana, ili vo vojna, a od moja strana ima pokajanie, Bog prostuva.
Bog nema da im sudi na nekontaktirani pleminja od Amazon i na hristijanite na primer na ist nacin. Toa ne znaci deka zakonot e promenet.
Ја утна поентата, аргументирав против различни побуди и различна природа на секоја индивидуа кои не корелираат со поставените правила, тоа е неправедното, тоа што некои индивидуи се создадени со потешки првични услови да ги следат поставените правила.
Ти можеби ќе направиш грев убиство во исклучителна ситуација самоодбрана, но има луѓе со избувлива природа и ментална конституција која секојдневно им предизвикува да се борат со мислите да постапат поинаку од правилата. Значи не е толку за правилата, колку што е за создавањето на секој на нерамен терен за да ги почитува тие правила.

Некому му доаѓа природно да биде мирен и самоконтролиран, додека други се соочуваат со постојан внатрешен конфликт и потреба да се борат со сопствената природа и импулсивни пориви. Тоа што е лесно за еден, за друг е вистински предизвик и може да бара сериозна саможртва за да ги следи тие правила
 
Последно уредено:

Nema nekoj sto nema svoj sopstven vnatresen konflikt i nedostatoci kako rezultat na toa. Sekoj ima svoj predizvik vo ovoj zivot. Terenot sekogas ke bide neramen bidejki nema luge so identicni zivotni prikazni, nekoi sami gi sozdavaat, nekoi okolinata. Pobedata nad sopstvenite impulsi e teska, no ne i nevozmozna, ako se pokaze pokajanie e volja.
Bog e milostiv i milostivo ke sudi.
 
Разбирам што сакаш да кажеш, дека законите треба да служат на колективниот поредок, тоа има логика за општеството, но не и за религијата. Дебатираме во подфорум Религија.
Тоа не важи кога зборуваме за вечен суд или морална проценка на душа?
Самата идеја за индивидуален суд (спасение, осуда, слободна волја) е темел во авраамските религии. Ако сè е само за колективот, тогаш зошто толку се инсистира на индивидуалната одговорност?
Поредокот на земјава е заснован на принципот: страв чува лозје. Не постои суд, сами ќе бираат кај ќе одат душите кога ќе дојде редот.
 
Зошто, според авраамските религии, Бог ги суди сите луѓе според ист морален закон, кога тие не почнуваат од иста позиција?
Конкретно, зошто лица со различни вродени побуди и психолошки конституции се судени според универзален морален код, кој не ги зема предвид нијансите на нивната природа?

Да земеме како пример лица со хомосексуални побуди. Според традиционалното разбирање на христијанството и исламот, хомосексуалниот акт е грев, а единствено „морално“ прифатливо сексуално однесување е она помеѓу маж и жена, во рамките на бракот. Со тоа, лице кое чувствува длабоко и трајно привлечност кон ист пол, без никакви хетеросексуални побуди, не е повикано да ја регулира својата сексуалност, туку да ја негира целосно. Не е прашање на умереност, туку на апстиненција од секаков интимен однос.
Спротивно на тоа, стрејт лице има можност за исполнување на својата природна сексуална и емоционална потреба преку брак, љубов, семејство. Така, и двајцата се подложни на истиот закон, но само едниот има реален пат за живот со интимност, љубов и смисла во рамките на тој закон. Другиот може да го исполни тоа правило само со жртвување на себеси и своите импулси. Дали тоа е еднаков терен за морална проценка?

Ако законот бара од некого нешто што е природно за него, а од друг бара нешто што значи длабоко самооткажување и живот без елементарна форма на интимна среќа, тогаш тој закон не е еднаков. Тоа не е еднаков тест, туку тест кој однапред е поставен потешко за едната страна. Како тоа корелира со идејата за совршена божја праведност?

Дополнително, не само кај сексуалноста, туку и кај други природни разлики како што се темперамент, склоност кон анксиозност, импулсивност, ниво на агресија, психолошка стабилност. Сите овие фактори влијаат на способноста за „морално“ однесување. Ако религиозниот закон не ги зема предвид овие индивидуални разлики и не нуди соодветна корекција или разбирање за нив, тогаш тој не е праведен судија, туку систем што наградува некој кому на среќа му се паднале правилна телесна и психолошка конституција.
Истото прашање може да се прошири и на други облици на човекова природа:

Луѓе со хронична депресија или анксиозност, на кои верата и радоста не им доаѓаат природно.
Луѓе со импулсивен темперамент или генетска предиспозиција кон зависности.
Луѓе родени во строго индоктринирани средини, без слободен пристап до спротивни идеи.

Ако судењето на луѓето се темели на нивната способност да одолеат на своите побуди, тогаш очигледно е дека некои луѓе се родени со „потешки испити“ од другите.

Ако некој ја следи вистината по цена на целата своја природа – тоа е херојство. Но ако некој друг ја следи вистината затоа што таа се совпаѓа со неговата природа, дали и двајцата ја поминале истата "испитна задача"?
Или, парафразирано: дали е праведно сите да бидеме судени според ист закон, кога тој закон со различна тежина паѓа на различни луѓе?
-----------
Овој познат филозофски аргумент ми е една од дилемите против авраамските религии. Друга дилема неодамна се потсетив дека сум ја разработувал во тема пред неколку години:

Ептен си ја развлекол...дај поедностави и посочи прашање или прашања, за кои ќе добиеш соодветен одговор.
Автоматски споено мислење:

Bog e milostiv.
Iako e zabraneto ubivanjeto, a jas moram da ubijam vo samoodbrana, ili vo vojna, a od moja strana ima pokajanie, Bog prostuva.
Bog nema da im sudi na nekontaktirani pleminja od Amazon i na hristijanite na primer na ist nacin. Toa ne znaci deka zakonot e promenet.

На рисјаните, Бог ќе им суди според Новиот Завет.

На племињата од Амазонија и ним сличните пагани и незнабожци, Бог ќе им суди според нивната совест и според нивниот разум.

И на крај...пак ќе испадне дека Бог суди, но суди праведно и коректно, земајќи мноштво нешта во предвид.
 
Ептен си ја развлекол...дај поедностави и посочи прашање или прашања, за кои ќе добиеш соодветен одговор.
Автоматски споено мислење:

На рисјаните, Бог ќе им суди според Новиот Завет.

На племињата од Амазонија и ним сличните пагани и незнабожци, Бог ќе им суди според нивната совест и според нивниот разум.

И на крај...пак ќе испадне дека Бог суди, но суди праведно и коректно, земајќи мноштво нешта во предвид.
Od kaj znajs pak ti, od kade takvi informacii ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom