Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Тој папир од мвр се однесува само во поглед на сообраќајот и воопшто нема врска со другите услови кои треба да ги исполнува објектот. И тој папир сам по себе не значи дозвола за работа туку е само еден од повеќето потребни документи кои се поднесуваат за добивање лиценца.
Другар шталата работела 10+ години со многу пропусти а имала добиено дозвола за работа.
Цело време вина барате во
келнери
шанкери
деца
родители
обезбедување
И тие можеби имаат некоја многу многу многу мала но не е до нив.
 
Wow прв пат по 100г, тоа е супер
Ако тоа вклучува купување гробно место, ковчек,мермерен гроб итд.
Или безпари ке ги отпеат? Што поточно
Гробните места се на товар на КЈП Водовод Кочани, за друго не знам официјално можеби нешто ќе се покрие од донациите.
 
Азбестот е штетен за луѓето што се долгорочно изложени на него и тогаш доведува до мезотелиом, што е најтежок облик на рак на обвивката на белите дробови. Втората болест до која доведува е рак на белите дробови. Третата е азбестоза што претставува слепување на алвеолите во белите дробови и тешко дишење. Изложеноста била кратка, но не можеме да оцениме колкаво е загадувањето што азбестот го направил додека луѓето биле внатре – ни рече доктор Трајковски.

Тек ќе почнат проблемите...

https://www.slobodenpecat.mk/peplos...-kancerogeni-azbestni-chestichki-vo-vozduhot/
 
сите подготовки за погребите ќе ги покрие црквата на нивен трошок.

Еееј дали се озбилни, ова е трагикомедија
Дали се фалат со тоа дека ќе ги покријат погребалните трошоци на жртвите. Со прст немаат мрднато 35 години, џихадистиве од ивз гратис 100.000 куќи им направија или реновираа на шошониве до сега а овие се пердашат дека жртвите немале да плаќаат погреб

Патем мпц е една од главните виновници за духовната состојба во која се наоѓаат Македонците сега, со нивното неработење, неангажираност и незаинтересираност нашиов народ е ментална руина и секоја година е се полошо
 
Се надевам дека ке дојде ден во Македонија да на работна позиција се поставува најстручното лице, без оглед на тоа дали е Македонец, Албанец, Ром, а не по заслуга и аминување од партијата. Зашто таа партија ни еба мајката.

Малку неповрзано, ама пак задира во корупција на некој начин, и политизирање. 95% во Кумановската болница се партиски вработени. Вчера, на дечко алергичен на Аналгин, што и му пишувало во здравствениот картон, му дале терапија која содржи аналгин. Епилогот, фатален. Паднал во анафалектичен шок, од кој не успеале да го реанимираат 3 доктори. Кој знае кога ке ни дојде памет да ставиме стручност пред партија.

Триесет и двегодишен кумановец починал во болница откако примил терапија » KumanovoNews
 
Другар шталата работела 10+ години со многу пропусти а имала добиено дозвола за работа.
Треба да се земи на одговорност тој што таква дозвола издал, односно оние кој му ги давале потребните папири за да добие дозвола. И оние кои биле должни да контролират.
А еве за тоа дека МВР нема вина и разрешувањата биле за да не се влијае на истрагата.... сватил Панче дека шајки во торба не се кријат.
 
Еееј дали се озбилни, ова е трагикомедија
Дали се фалат со тоа дека ќе ги покријат погребалните трошоци на жртвите. Со прст немаат мрднато 35 години, џихадистиве од ивз гратис 100.000 куќи им направија или реновираа на шошониве до сега а овие се пердашат дека жртвите немале да плаќаат погреб

Патем мпц е една од главните виновници за духовната состојба во која се наоѓаат Македонците сега, со нивното неработење, неангажираност и незаинтересираност нашиов народ е ментална руина и секоја година е се полошо
Toa e toa, pravoslavnite vo niedna drzava ne se centralizirana religija i nemaat teokratski drzavi kako Vatikan ili Saudiska Arabija koja ima beskonecno pari od naftata da siri islam.
 
Треба да се земи на одговорност тој што таква дозвола издал, односно оние кој му ги давале потребните папири за да добие дозвола. И оние кои биле должни да контролират.
А еве за тоа дека МВР нема вина и разрешувањата биле за да не се влијае на истрагата.... сватил Панче дека шајки во торба не се кријат.
Ok според тебе кој е главен виновник?
 
Да не се праиме на будали, на сите им е јасно како се добива БИЛО каков документ по партиска линија, особено во помалите градови. Така да, рибата смрди од главата не е џабе кажано.
 
Да не се праиме на будали, на сите им е јасно како се добива БИЛО каков документ по партиска линија, особено во помалите градови. Така да, рибата смрди од главата не е џабе кажано.
Еве @Darling ке ти каже вратарот и обезбедувањето биле криви и шанкерот
 
Ok според тебе кој е главен виновник?
Главен виновник е тој што го раниме со леб и кој бил должен да отиде во шупата и да рече: Шупци, папирите на маса маму ви ебем хоштаплерску, немате ова ова и ова... затворај шупата и сите на суд! Како што сега гледаме дека го прави тоа, од 12 дискотеки кај 3 утврдил дека не ги исполнуваат условите и ги затворил. Ако тоа го сторел минатата недела и ја затворил шупата, немаше да се деси трагедијата.
 
Па така ако се направело и со сите неисправни аутобуси и модуларни болници и со контроли на сите улици немало да има ниту една трагедија. Лесно е генерал после битка да бидеш...
 
Малку неповрзано, ама пак задира во корупција на некој начин, и политизирање. 95% во Кумановската болница се партиски вработени. Вчера, на дечко алергичен на Аналгин, што и му пишувало во здравствениот картон, му дале терапија која содржи аналгин. Епилогот, фатален. Паднал во анафалектичен шок, од кој не успеале да го реанимираат 3 доктори. Кој знае кога ке ни дојде памет да ставиме стручност пред партија.

Триесет и двегодишен кумановец починал во болница откако примил терапија » KumanovoNews
Се е ова точно.
Малце оф топик ќе одам.
Кога се менуваше власта, една моиа познаничка ја гледам на митинг, ја сретнав на работа и викам од кога бе ти по партии и митинзи почна.
Ми вика: морав бе, одам поради детето на сестра ми да го пишат во градинка.
Ете до каде сме.
 
Главен виновник е тој што го раниме со леб и кој бил должен да отиде во шупата и да рече: Шупци, папирите на маса маму ви ебем хоштаплерску, немате ова ова и ова... затворај шупата и сите на суд!

Да, теоретски треба да е така. Но во пракса има една друга ситуација каде што тој што е сопственик на шупата врти 2 телефони, и шупата продолжува да работи без прекин. Да не правиме муабет за уште една ситуација каде што уште пред да влезат таму е кажано да не одат, или па не влегувајте таму тој е од партија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom