The family matriarch, 98-year-old MaeDell, has not had an easy life.
www.today.com
Во Светото Писмо, Бог (мислам дека) на ниедно место не ги криви жените за моменталната состојба, туку само мажите, дека мнозинството тогаш, а и денес се мажи што ги носат одлуките во општеството и искрено мажите општо гледано, сме за никаде. За ова нема потреба да се коментира. Мажите едноставно не си ја прифаќаат улогата во животот. А жените се олицетворение на мажите. Јас сум во Германија ама планирам во иднина да се вратам во Мк и да живеам настрана од родниот град, во близина на градот, ама не во градот. Моментално развивам нешто онлајн и ако тргне и се средат работите, најверојатно ќе се вратам. Затоа и не се замарам многу многу да се средам и да останам во странство. Иронија, сакав нешто да почнам онлајн со другари од Мк, им објаснив што како, демек блиски луѓе, имам доверба да почнеме нешто заедно и НИКОЈ не прифати, а добив стандардно глупи изговори - ми е мака брат, после работа гледам фудбалите, сериите ми се навечер, немам време, ова она, дрн, дрн јариња... И се откажав.
Инаку, тие што одат Германија или било каде во странство, ретко одат во конкретната држава поради државата, туку најчесто одат дека имаат можност да одат во држава што е подобра од Македонија. Нив не ги интересира многу многу наталитетот во државата кадешто одат, дека најчесто нема да го живеат животот на Германците, туку гледаат да си го средат и стабилизираат нивниот. Познавам едно 10тина парови од Мк што се преселиле во странство и во странство добиле деца и сите кажуваа дека не планираат да имаат деца во Македонија. Значи иако се во Германија, не го живеат животот на просечен Германец и ги немаат неговите погледи.
Од каде пари за 18 месечно породилно отсуство ? Кој ќе го плати ? Виделе како е некаде на запад и се занесуваат, а не разбираат дека таму на запад веќе има изградена држава со економија што може тоа да си го дозволи. Нека воведат таква глупост и кај нас ќе почнат да доаѓаат од блиски исток, не ни бега тоа.
Државата има пари да се среди, само треба правилно да се трошат. И 3 години по дете да се дава отсуство и да се дава месечен додаток пример до 18 години, џабе е. Тие се ептен глупави мерки. Нека власта воведи правна држава, нека го олесни општо животот на граѓаните, па ќе има промени. Пример Сингапур. Им дава високи плати на функицонерите и на администрацијата, ама корупција = бесилка. Интересно за Сингапур, по површина е колку Скопје а има 10 пати повеќе жители. Според ова значи дека во Скопје нема доволно згради


