- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 6.960
- Поени од реакции
- 23.836
Тоа дали била чистена од нив или не е само претпоставка и е теорија форсирана на интернет. Они тврдат не, непознати луѓе тврдат да. Твое е на кому ќе веруваш.Болно е кога е изненадно, од нигде никаде. Како изненадна смрт кај млад човек без сериозни заболувања.
Овој бил прашање на време кога ќе направи пиздарија, која патем била чистена од истите тие што искочија на прес да плачат вчера.
Замисли да возиш 2-3 години константно без возачка, да пиеш, да се дрогираш, да дилаш дрога и да те фаќа полиција, каде се очекува да завршиш? Или под земја или во затвор, сигурно не на Харвард.
Може и се обиделе да разговараат со него ама овој зелен у главата.
Не можам за ова да тврдам, ама ми изгледа дека се родители кои го размазиле детево. Може ете погрешиле во тој смер и создале татина принцеза место маж, ама не може да им се земе за зло. Намерите не им биле лоши. Не изгледаат на параспур родители или токсична фамилија. Крај краева овој е полнолетен. Можел комотно и да живее сам и да рента кола па пак да направи исто срање. Плус се гледа дека знае да хасла и мислам дека многу работи има правено без да знаат родителите.
Ако размислуваме со ладна глава, ова сепак не е убиство со умисла и како такво треба да му се даде втора шанса.Знам дека не е човечки, ама дебилот ке излезе од затвор. Фросина нема да стане од гроб. Немам трошка симпатија за родителиве, тие се директно виновни за ова што се има случено. Не му го давале возилото, сам го зимал. Не пиел претходни 7-8 месеци? Важи.
Криво ми е само што никој од новинарите не стана и не ги праша, како ви успеаа до толку да ви избега воспитувањето на детето, што направивте лик кој не размислува за последиците на своите дела?
Да, згрешил. Да, треба да лежи подолго за да се стави крај на сите вакви инциденти (или пак да се намалат барем) ама не може овој да го ставаме во ист кош со луѓе кои решетале без да им трепне око и направиле триста срања пред да бидат затворени.
Да не забораваме какви ликови се шетаат слободни и никој ништо не им може. Овој не припаѓа на исто место со тие таквите и ваквите заслужуваат втора шанса колку и да звучи погрешно ова во овој момент додека е тазе дешавкава.