Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.876
Поени од реакции
12.408
За банките све најлошо. Пошто не гледам некоја регулација на провизии од НБРМ, плаќаме за сенешто. Од фиксна за хипотека, каматата ми ја зголемија двојно. Ја и до оној свет ќе мора да плаќам. За намалување (што не мора да одобрат) бараат пари. Така да, банкстерите уживаат во финансискиот хаос и провизиите од трансакција и од прелет на мува. Каматите се качија наводно ради борба со инфлацијата, пф.

За цените, ова е од 2022, Македонија према Европа
10-3-696x360.jpg

Ова подолу е за споредба Србија-Полска (за Македонија немаше) за јан 2025
Повеќето основни производи се поефтини во Полска. Просечни плати Србија 855е, Полска 1380е.

Македонија во 2022 плаќала осма најскапа струја во Европа

И најголемо покачување на цени на горива према другите европски земји

Немаме организација на потрошувачи и синдикати освен на хартија за да ги заштитат граѓаните од дивеењето на царините, даноците, увозниците и трговците.
 
Последно уредено:

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.407
Поени од реакции
3.214
За банките све најлошо
Џубриња, заедно со нотари , извршители, осигурителни компании - крвопијци . Човек ме прашува, незгодно му било во банката каде му одобриле потрошувачки кредит со животно осигурување да праша дали ќе му ги вратат парите од осигурувањето бидејќи најредовно си ги плаќал обврските. И мене ме интересира таа дилема?:popce:
Или пак договорите да се заверуваат кај нотар со извршна клаузула...нотарите се наполнија ко танкери.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.890
Поени од реакции
116.208
Од фиксна за хипотека, каматата ми ја зголемија двојно.
Како може ФИКСНА камата да ти зголеми некој двојно? Да не не ти е фиксна? Ај прочитај си го договорот уште еднаш и размисли пред да ми реплицираш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.876
Поени од реакции
12.408
Како може ФИКСНА камата да ти зголеми некој двојно? Да не не ти е фиксна? Ај прочитај си го договорот уште еднаш и размисли пред да ми реплицираш.
хипотекарните, за стан, нели имаат првите неколку години период фиксна, потоа променлива. На страна фкисната, променливата ми ја качија на над 7%. Значи од првите неколку години, фиксна што знам колку беше 3.5 негде 3.7 без разлика на кредитна историја, плата кај нив и слично.
Велат дај барање за намалување...и плати си, што не е сигурно дека ќе ја намалат. Зошто ја зголемуваат ако има можност (Дали) да се намали. Тоа се прави лесно со алгоритам за одредени кредити, наместо да ми лапаат плус над 2% повеќе или скоро плус 3000 евра за до крајниот ануитет. Ама од секој таков по 20тина евра...
Згора пак се качени и сефовите.
Сега ги гледам извештаите за 2023. Убави пари земале од провизии и надоместоци, над 11 милиони евра. За 2024 којзнае колку пошто доста качија, на двапати ценовник.
 
Чекај сега, да разјасниме, фиксната ти се покачи или варијабилната? Зашо погоре нешто друго пиша па сега менуваш наратив. Нема правило дека мора да е фиксна кај хипотекарните или станбените, имало и има периоди и производи кај што од старт е варијабилна, зависи од банката и од моментот. Ти фактички си влегол во варијабилен период и затоа ти се зголемила ратата. Во некои банки не се плаќа за намалување, односно се плаќа минимално, 1000/2000 денари зависи од тарифникот, и може да ти намалат 1-2%, зависи колку ти е качена каматата. 3000 пати објаснив погоре, референтната каматна стапка и ЕУРИБОРОТ ги контролира НБРМ, не банките. Значи, ако зголеми НБРМ ќе ти се зголеми и ратата ако си во варијабилен период, ако намали (како што сега во јануар беше случај) ќе ти се намали. За провизиите има тон механизми како да се избегнат и минимизираат али не е овде темата за тоа.
 
па напишав. Отпрвин беше фиксна и дотука се е во ред, а по одреден период променлива. Откога измина периодот со фиксна, со променливата ме одраа.
Значи имаш пример 3 години по 3.7 фиксна. После третата година ти ја кажува каматата на над 7%.
Појасно не гледам како би напишал.
3000 пати објаснив погоре, референтната каматна стапка и ЕУРИБОРОТ ги контролира НБРМ, не банките.
знам многу добро. И камати и провизии и надоместоци контролира. Близок во фамилија 30 години работи во финансиска институција. Многу ми е јасно затоа и зборам, се доближија до начинот на работење на фирмите со брзи кредити.
Глупоста шлагот се барање кое се наплаќа и ред нешта.
Автоматски споено мислење:

само не е тоа што е, само примеров. Дерат во хаосов на секој можен начин, сите. И винкулации и проценки и нотари...човек не живее само за храна и од храна.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.890
Поени од реакции
116.208
па напишав. Отпрвин беше фиксна и дотука се е во ред, а по одреден период променлива. Откога измина периодот со фиксна, со променливата ме одраа.
Значи имаш пример 3 години по 3.7 фиксна. После третата година ти ја кажува каматата на над 7%.
Појасно не гледам како би напишал.
Те молам прочитај го уште еднаш договорот, како ти гласи каматата во варијабилниот дел и напиши овде. Цитирај го тој дел, една реченица е, не е повеќе.

И еве стварно не можам да сфатам зошто си го потпишал договорот ако не ти се допаѓа варијабилниот дел... Или само фиксниот те интетесираше и првите три години супер беше, после све најлошо :icon_lol:
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
507
Поени од реакции
288

Зошто не земиш станбен кредит од друга банка со 10 години фиксна камата, за да го затвориш постоечкиов. Секоја банка дават кредит за рефинансирање. Едино шо ќе изгубиш е 3-5% казнена камата зависно од банката каде шо си, прочитај договор да видиш колку е за рефинансирање од друга банка. Ако се пресметаш убо ќе видиш дека каматата ја ваѓаш првите 2 години ако не и поскоро. Натака цело време си во добивка. Јас пример од рефинансирањето заштедив добра сума пари, шо би ја изгубил ако останев во истата банка каде шо го кренав кредитот. Види си опции поскоро, не плакај скапи камати
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.157
Поени од реакции
19.554
Веро е за бојкот, и тоа да не им стапне човек.
Не е можно толкава разлика на цени споредено со другиве маркети, кам да речеме.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.313
Поени од реакции
3.372
Веро е за бојкот, и тоа да не им стапне човек.
Не е можно толкава разлика на цени споредено со другиве маркети, кам да речеме.
Само селектирано по 1 недела па да видиме тогаш..ова денес не сте ми стапнале ама затоа утре дента со 10 најлони сте излегле од маркет нема никакво фајде..
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.157
Поени од реакции
19.554
Само селектирано по 1 недела па да видиме тогаш..ова денес не сте ми стапнале ама затоа утре дента со 10 најлони сте излегле од маркет нема никакво фајде..
А и ова не го сфатив, еден ден беше бојкотот, што демек за еден ден снемаа луѓето цели намирници па другиот ден полни колички шо носеа ?
Народот е учен на џанк фуд, повеќето глупости јадеме, порано правеа манџи, меселе леб, сега сето полуготова замрзната храна се јади и секакви глупости.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.876
Поени од реакции
12.408
Те молам прочитај го уште еднаш договорот, како ти гласи каматата во варијабилниот дел и напиши овде. Цитирај го тој дел, една реченица е, не е повеќе.

И еве стварно не можам да сфатам зошто си го потпишал договорот ако не ти се допаѓа варијабилниот дел... Или само фиксниот те интетесираше и првите три години супер беше, после све најлошо :icon_lol:
И ај сеа 15-20% нека качат, оти во договорот нема граница.
Остај го договорот, сите договори се исти од сите банки, не сум ја и само ја во прашање, многу добро го знам договорот, ти кажав зошто, како. Најблискиот член од семејството над 30 години работи во една од нив, од Станоевски кога беше гувернер. Не на шалтер. Кредити сум земал од 1991 наваму, вака како последниве години измислени ставки не сум видел. И зашто креваат пример 7 променливата ако можело и 5...ама да си платиш надоместок.
Муабетот беше наназад од некого зашто само трговците кога овие прават стопати повеќе профит. Оти им се може. И никој не ги споменува. И оти нбрм си игра играчки и со профитот, под изговор инфлација. Делат профити и дивиденди од "одржување на сметка", "одржување на дозволен минус", "провизија за траен налог"... и други измислени ставки. Комерцијална 20-25% приходи им се од провизии и надоместоци, не од камати. Од камати 68% е зголемување према 2022, од провизии 11.5% зголемување. 2024 веројатно уште поголеми се процентите. 37% повисоки дивиденди за 2024. Шпаркасе слично, 11 милиони евра само од надоместоци провизии.
Ај да не се правиме слепи при очи кој ја вади маста и од граѓаните и од деловните субјекти. Тој профит не е паднат од небо, од домаќинско работење.
Да смениш банка, да бојкотираш? Слични се сите, ко по договор, олигопол што би рекле. И згора мора да дадеш големи пари за нови нотарски договори, винкулации, проценки чуда.

И никој не ги споменува кредитите на фирмите кои им се потребни заради инвестици, продуктивност..., а индиректно ги плаќаме пак сите ние.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom