Ќе ја решам, Стеване, многу лесно и брзопотезно. Топла вода е измислена, и болјер има измислено, само треба да го имплементираме ние во државава. Секој што сака да чува куче, фино лепо ќе оди да си го регистрира, чипира, и документира кучето, дека е негов сопственик. По една година харикирам, ако се залови тоа куче на улица, му прајш чук чук Стојанче на врата, му носиш талонче од 5.000 евра казничка, ако не ја плати во рок од една недела, ќе го стрпаш малце Идриз-бег едно 2 години, и ќе видиш после некој дали ќе му стиска да пушти куче на улица. Ако ти стиска да имаш миленик, имај и чувај го како што се чува. Ако не, немора воопшто да чуваш. Не е задолжително да имаш куче, а и овие помодарците што мислат дека е фенси да имаш миленик, и кога им здосадува го оставаат на улица ќе ја чукнат двапати главата во ѕид пред да се решат да земат миленик.