Невработеноста во Македонија !

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Невработеноста кајнас е затоа што вработувањето кајнас е со врски и партиски и такви дебили кои незнаат два збора да кажат што завршиле факултет на фон со крадени пари и кои се вработени со дебели врски нив не им е гајле за држававата и не им е гајле дали му намалил плата на некој со една мизерна плата кој сонеа гледа фамилија и тн.
Дури не се средат некои работи во држава уште полошо ке биде :toe:
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Ne se site isti na FON sto neznaat dva zbora da svrzat, ima i mnogu popametni od drugite fakulteti, no ne mi e toa poentata, eve jas diplomirav na FON pred 2 ipol godini, barav rabota vo administracija no za tamu treba partiska kniska i mnogu debeli vrski, barav i na drugi mesta no nisto. Posle toa odev na kursevi po angliski jazik, se zapisav na kurs po marketing menadzment, zavrsiv kurs po germanski jazik no seuste sum nevraboten. Sea na kraj zedov licenca za obezbeduvanje na imot i lica i gledam kako stoi rabotava kaj nas, ako nemas partiska kniska i dobri vrski za da te pikne nekoj negde nema idnina vo drzavava. :nenene:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ne se site isti na FON sto neznaat dva zbora da svrzat, ima i mnogu popametni od drugite fakulteti, no ne mi e toa poentata, eve jas diplomirav na FON pred 2 ipol godini, barav rabota vo administracija no za tamu treba partiska kniska i mnogu debeli vrski, barav i na drugi mesta no nisto. Posle toa odev na kursevi po angliski jazik, se zapisav na kurs po marketing menadzment, zavrsiv kurs po germanski jazik no seuste sum nevraboten. Sea na kraj zedov licenca za obezbeduvanje na imot i lica i gledam kako stoi rabotava kaj nas, ako nemas partiska kniska i dobri vrski za da te pikne nekoj negde nema idnina vo drzavava. :nenene:
a pilotska dozvola???.....imas???...po moznost CPL so ICAO compliant foreign multi-IR to JAR IR-SPA-ME , so upisano preobuka za De Havilland Buffalo??? :)
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Брат немам но планирам да полагам и за авион, али џабе ти е додека не ја променат политиката тие што се на власт и претходните се исти де !
Прееска гледав на најди работа бараат пилоти, па ако си невработен пробај си ја среќата. :helou:
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Невработеноста паѓа само статистички

Според Државниот завод за статистика, во декември лани невработеноста се намалила за 3,7 отсто и покрај постојаниот пад на индустриското производство и затворањето погони и фирми поради економската криза Државните институции не може да се договорат дали невработеноста во земјава расте или опаѓа. Според последните податоци што ги објави Државниот завод за статистика, на крајот од минатата година невработеноста се намалила за 3,7 отсто, а Агенцијата за вработување пресметала дека во декември имало 0,8 отсто повеќе лица без работа отколку во претходната година.

Така, повеќе од 40.000 лица станаа невидливи за Државниот завод за статистика, која објави дека во декември имало 298.873 невработени лица. Агенцијата за вработување изброи дека кај неа се регистрирани 341.295 лица. По долго време, тоа беше првпат Агенцијата за вработување да објави пораст на невработеноста. И покрај континуираниот пад на индустриското производство и затворањето погони и фирми поради економската криза, статистиката покажуваше континуиран пораст на вработеноста.

Двете државни институции постојано излегуваат со различни информации за бројот на невработените во земјава, поради што практично е невозможно да се одреди колку точно лица во земјава немаат работа. Од Државниот завод за статистика и Агенцијата за вработување објаснуваат дека различните податоци се должат на различната методологија на пресметка. Статистика ја мери фактичката состојба, а Агенцијата за вработување ги брои сите што се забележани во административните документи.

Во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се сомневаат во бројките на двете институции. За синдикалците е несфатливо како може статистиката да покажува пад на индустриското производство, а истовремено зголемување на бројот на вработените во индустријата.

- Само во текстилната и металската индустрија во последните неколку месеци беа затворени 10.000 работни места, така што бројката е многу поголема. Дури ни државните институции не можат да се договорат колку невработени има во земјава и не ја кажуваат точната информација бидејќи е поразителна. На бројките од Агенцијата за вработување се додадат уште најмалку 30.000, ќе се добие вистинската бројка - велат во Сојузот на синдикатите.

Оттаму тврдат дека намалувањето на невработеноста се должи на бришењето од списоците за евиденција на невработените, кои наводно не ги исполнувале условите, што е вештачко зголемување на вработеноста.

Според Државниот завод за статистика, на крајот од минатата година стапката на невработеност била 32,2 отсто, со што е една од највисоките во регионот. Единствено повисока стапка на невработеност има Босна и Херцеговина, каде во ноември изнесувала 42,4 отсто. Од земјите во регионот, Бугарија е во најдобра положба со стапка од 9,13 отсто. Следат Словенија со 10,3 отсто, Црна Гора со 11,17 отсто, а Албанија во септември имала стапка на невработеност од 12,76 отсто. Нешто поголема е невработеноста во Хрватска и Србија, каде стапките се 16,7 и 16,6 отсто.

Во Македонија минатата година најмногу откази беа поделени во металската, текстилната и кожарската индустрија. Последниве месеци многу сопственици на фирми што добија казни од Управата за јавни приходи по различни основи, се пожалија дека ќе мора да отпуштат дел од вработените бидејќи казните се преголем товар за нив. Последните информации за бран отпуштања доаѓаат од угостителите, кои трпат последици од забраната за пушење. Неодамнешната анкета покажа дека 59 отсто од сопствениците на угостителските локали веќе отпуштиле или планираат да отпуштат работници, а 29 отсто ќе донесат таква одлука во следните неколку месеци.


извор:Дневник

Интересантно:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Невработеноста во Македонија според државниот завод за статистика во второ тромесечие на 2013 година падна на 28,8.

Знаете како падна да не навлегувам. Она што јас го приметив е масовното иселување од Македонија. Според пописот во 2002 година Македонија брои 2 022 547 население. Денес Македонија има 1 668 423.
Фрапантна бројка од 354 124 Македонци минус, иселени.
Благодарение на заложбите на нашите влади, бројот на иселени лица од ден на ден се зголемува. Во 2013 тоа темпо е најголемо, а по укинување на забраната на бг граѓани за работа во Еу во Јануари 2014 бројката ќе се дуплира.

Тогаш невработеноста ќе падне на 5%. Има надеж значи.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Денес Македонија има 1 668 423.
Ако ги погледнеш податоците ќе видиш дека вработеноста статистички се зголемила од 38.8% на 40.7%. Тоа се грубо околу 20.000 нововработени.
Е сега во приватиот сектор, пред се во Бунарџик и другите зони има максиму 5.000 нововработени.
Останатите 15.000 најверојатно се во јавна администрација и јавни претпријатија.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Ако ги погледнеш податоците ќе видиш дека вработеноста статистички се зголемила од 38.8% на 40.7%. Тоа се грубо околу 20.000 нововработени.
Е сега во приватиот сектор, пред се во Бунарџик и другите зони има максиму 5.000 нововработени.
Останатите 15.000 најверојатно се во јавна администрација и јавни претпријатија.


И околу 1000 се иселиле :) , само чудното е дека излегват 10 000 повеќе работно активни од минатата година . То треба да значи дека имаме многу добар наталитет :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Некако активните многу разлики од година во година. Како да масовно умираат се иселуваат па се враќаат, воскреснуваат...чудно ова за една година разлика да е 70.000 активно.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.996
Поени од реакции
7.152
Сеедно, плус-минус проценти, едно е јасно, а тоа е дека тонеме. Само што нормално никој нема да го открие јасно и гласно, туку ќе се маскира со статистики колку може и не може. Тие што си имаат плати убави, убаво си живеат, а тоа се 5-6 проценти од народот, другите кој ги шиша, се снаоѓаат како знаат и умеат. Ја видовте пирамидата на богатството во светот на нашиве сајтови се вртеше деновиве? Па истото тоа може да се примени комотнокај нас, само треба бројките да се намалат пропорционално.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
И заборајв да спомнам уште еден интересен факт :) од тие што имаат само средно образование 20 % се невработени и исто тие што имаат високо образование се 20 % невработени. Значи шансите да имаш работа со и без факултет ти се скоро исти :)
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Не разбирате вие. Ова глупости,не се точни бројкиве. :tapp:
Нека се јави @ valvoline да ни објасни како ни е убаво во мк на сите и како со неповторливиот вкус на динчињата и сирењето ќе го дочекаме нареден месец !
 
Член од
27 октомври 2013
Мислења
20
Поени од реакции
28
Спасувајтесе додека можете нема иднина во македонија и што е најтрагично допрва ситуацијата ќе се влошува ! Има да биди онаа српската " ко преживи причаче " а тоа се должи политичарите ( арамиите) кој го дерат сопствениот народ до коска ! И уште потрагично е што кога сме биле под ропство не дереле други до коска а сега не дерат нашите! Болно е кога сопствениот народ си го убиваш ( не буквално) го цедиш до гола кожа !само нека се продолжи вака и така го имаме статуст " куртон од држава"!
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.754
Поени од реакции
4.242

Според сегашниот тренд ако паѓа од 1 до 1.5% на годишно ниво за 5 години се очекува невработеноста да биде околу 6%.

Ништо чудно и побрзо да паѓа со оглед на старото население (се пензионираат а некој треба да ги замени) + младите што бегаат надвор
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.924
Невработеноста во Декември 2024 е 12.3%

Според сегашниот тренд ако паѓа од 1 до 1.5% на годишно ниво за 5 години се очекува невработеноста да биде околу 6%.

Ништо чудно и побрзо да паѓа со оглед на старото население (се пензионираат а некој треба да ги замени) + младите што бегаат надвор
Пред се затоа што младите а и постарите бегаат надвор. Денес не може да најде работа само оној на кого не му се работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom