На Турција целта му е да осигура некои од полињата со нафта, бидејќи на северот кој е под нивна контрола нема нешто нафта.
Тоа може да е попатна цел, првенствено ова очигледно е договрено меѓу Ердо и екипата на Трамп - пад на Сирија - и се разбира дека ќе има договорено некое плаќање. Веројатно и нафтени извори меѓу другото.
Две работи тука. Прво не ми се верува Русија да остават тек така Асад да падне, и второ Израел исто се подли препредени играчи и не гледам како би и им одговарало Ердо да ја котронтролира Сирија или голем дел од неа (без разлика што се договорени и учествуваат во ова).
Тоа логички. Воено тука Русија ако сака Сирија да преживее ќе мора озбилно да ускочат и потоа да ги подготват за користење дронови и електронско војување. Кажаа дека авиони со ФАБ-ови се праќаат итно во Сирија, претпоставувам голем дел се со кластер муниции. Мислам дека ако сакаат можат ја свртат работата. Без разлика што западните очигледно сакаат да ги расплинат со ова, РФ имаат доволно воен капацитет за да не им страдаат воените напори во Украина и истоврено во Сирија да ги земат работите во контрола.
Тоа не е спорно, спорно е до каде мисли Ердо да иде со ова, и какви ескалации сеуште се во план. Два дена РФ и САА ги мелат во Идлиб, се разбира без поголем ефект пошто - се разбира - Турците лежат ниско таму во моментов и ги оставаат другите муџи да гинат.
Муџиве очигледно се воено спремани за ваква тактика, употребуваат и дронови и за набљудување и за офанзивни дејства (гранати пред се) а Сиријците не се подготвени за такво војување.