Христијан Мицкоски пред некој месец јавно сподели дека ДУИ со структури на СДСМ ќе работат на дестабилизација на Македонија и рушење на новата влада.
Ова беше едно од тие сценарија вчера на службите. Членови и симпатизери на ДУИ инфилтрирани во маса да предизвикаат инциденти, за да се предизвика инертна реакција кај спротивната етничка група и да дојде до инциденти и политички препукувања, за да се удри врз рејтингот на новата влада.
Ги имаат новите анкети опозиционерите. ВМРО веќе е 3:1 наспроти СДСМ, ВЛЕН е веќе во водство спрема ДУИ, ЗНАМ стабилен, Левица во пад.
Освен меѓуетнички инциденти и ниски страсти оваа власт не може да се турне на друг начин. Тоа им е јасно на СДСМ и ДУИ. Веќе и удба службите се дебело размрдани во МВР и дел од нив се сменети од функции. Мицкоски најави набргу дека јавно ќе сподели докази, видео и аудио снимки на кои бил следен тој и неговото семејство од страна на службите.
Албанците имаат право да си слават свои празници. Сеедно дали национални или верски. Како што и сите дијаспори во странство слават во туѓи земји.
Работа на МВР и Министерот не е да се водат по емоција, туку по закони и устав. Не може полиција да удри на толпа заради инфилтрирани поединци. Поединците треба да се детектираат и санкционираат т.е. да пропејат кој им диригирал да прават инциденти.