Јасно е дека нашата бројка ќе претрпи ваков бродолом, со оглед на ситуацијата во клубот. Пола сметаат дека треба да се бојкотира и не гледаат поента на одење на трибина, другите не, трети што се навлекоа на другарството од минативе години едноставно се без мотив за одење. Пак ќе кажам, не е разочаруваењето од играта и резултатите, туку безизлезната ситуација во која управата, тренерот и дел од играчите ни се практично противници. Ставањето на Седло за тренер мислам дека ја прели чашата кај повеќето.
Требаше масовност кога прв пат се почна со јавно скандирање против Миленко и компанија, ама повеќето се откажаа уште претходно, никој не сака да биде сведок на ваков циркуз. Другите кога видоа дека ништо не вродува со плод, лека полека го намалуваат бројот на натпревари за присуство. Ни пресот во кој јавно се нападна владејачката партија не помогна за да се направат промени.
Во моментов сме ставени во ситуација како БББ и Гробари, а тоа скоро ги распадна овие две групи, а не па нас што сме бројно играчка за нив.
По мене, бидејќи сите (легални) начини за барање промени се веќе исцрпени и како што се очекуваше бевме ставени на игнор, апсолутно нема потреба да се оди на стадион и да се дава поддршка за некој што не те сака. Или некоја комбинација ко БББ, да се навива масовно на други спортови (ракомет/кошарка), за да се направи уште еден притисок на фудбалот или како Гробари домашните средби одат на бојкот, ама гостувањата да бидат масовни. Дури кај нив беше и подобра ситуацијата, имаа клинч со одредени луѓе од управа, кај нас самите фудбалери (дел од нив) што треба да ги бодриме не изиграа педерски и не не сакаат на трибини.
И во ваква ситуација се тера солидно за македонски услови. Цела организација на корео и слично е на стенд бај, што е нормално кога во моментов ја водиме најважната битка на оваа генерација.
Од ова или ќе излеземе појаки со страшна бројка или пак ќе се падне на нивото со свадбарите. Се мислам дека ќе бидне првото