Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.388
Најидеално сценарио за светот е демократите да прават ујдурми и да избие граѓанска војна и да се испотепат меѓу себе.

Јас очекувам Трамп да победи оти мислам дека ги фатија неспремни 2020 со полнењето на кутиите, сега веројатно имаат добра анализа направено од партијата, па ако треба и они да дополнат на истиот начин ако треба.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.870
Поени од реакции
4.998
Најидеално сценарио за светот е демократите да прават ујдурми и да избие граѓанска војна и да се испотепат меѓу себе.

Јас очекувам Трамп да победи оти мислам дека ги фатија неспремни 2020 со полнењето на кутиите, сега веројатно имаат добра анализа направено од партијата, па ако треба и они да дополнат на истиот начин ако треба.
Да им предложиме „бугарски воз„?...:unsure:
„Нашата земјата„ изобилува со такви ујдурми.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.388
Да им предложиме „бугарски воз„?...:unsure:
„Нашата земјата„ изобилува со такви ујдурми.
Они ги имаат сите неправилности од целиот свет заедно, само шо кај нив тоа се вика демократски изборен процес.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.296
Поени од реакции
11.594
Немој само да слушнам дека сме глупа нација што и магаре да ни кандитираат ќе гласаме. Еве ви доказ од современата УСА, каде едно 50%+- ќе гласаат за магарица.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
За сите што прашувате кога ќе се знае победникот, доколку резултатите се навистина тесни како што предвидуваат прогнозите, тешко дека пред четврток кај нас би можеле да имаме официјално прогласен "President-elect". Она што е речиси сигурно дека вечерва американско време (утре сабајле македонско) е дека Трамп би имал добро водство пред Камала во речиси сите свинг држави (наводно немал пак предвреме да прогласува победа, мада чисто сумњам). Тоа е бидејќи гласовите во малите места и гласовите од изборниот ден први се бројат во најголемиот број на држави. Е веќе од утре попладне македонско време (претпоставка, не ме држете за збор) би можело да се знае дали Камала ќе има доволно гласови од раното гласање, како и гласањето по пошта за да ја надомести таа разлика.

Претходниот циклус прогнозата ми беше точна (единствено Флорида и Џорџија ги погрешив), за оваа буквално е лотарија, има премногу можни сценарија. Јас некако се одлучив за оваа варијантаЧ Screenshot 2024-11-05 235252.png

Ако Ен Селзер и овој пат погоди за Ајова, макар и тесна победа за Трамп не поголема од 3% колку што е маргина на грешка, тогаш таа жена треба да ја прогласат за светец. Каков политички земјотрес беше саботата вечер, тоа беше шоу. Од МАГА хероина до пред само неколку дена, Трампистите бараа да оди во затвор.

Во однос на Северна Каролина, единствено разликата во трката за гувернер е преголема за да се претпостави дека би имало толку "split tickets", и покрај што речиси сите прогнози му даваат минимална предност на Трамп. Невaда ќе ми беше црвена, како и Ајова, ама прогнозата на Ралстон во последен час ме премисли. Во Пенсилванија можно е да биде потесно и од пред 4 години кога Бајден тепаше со само 1.2%. Мичиген можат Муслиманите со нивната опсесија со Палестина да ја зезнат Камала и да гласаат за Џил Стајн (или да не излезат воопшто). Додека Висконсин со исклучок на Обама победите, од 2000 наваму секогаш била разликата помала од 1%:
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
“This is happening in real time. If you haven’t voted yet, we will contact you,” a Harris field lieutenant told CNN.

Мартин Протугер вајбс.
Не постои изборен молк и агитацијата е дозволена се' додека не се затворат гласачките места. Тоа пракса повеќе од век таму.

Дури и т.н. поткуп на Маск за да гласаат за Трамп (милион долари по гласач во организина "лотарија"), судот засега го прогласи за легален, иако изгледа ќе оди да се утврдува на повисоки федерални судски инстанци. Затоа и се оптимисти во таборот на Трамп за Пенсилванија, токму поради селењето и активностите на Маск таму.
 
Член од
1 јуни 2024
Мислења
16
Поени од реакции
70
Screenshot_2024-11-06-00-45-14-192_com.android.chrome-edit.jpg
Исто и во Аризона, штела или некој почнува да плаче ќе видиме...
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Што е работава со Флорида што е волку тесно?
Прво затвараат гласачките места без северозападна Флорида, а потоа во северозападна Флорида, кога гласовите за Трамп нагло се зголемуваат. Иако Флорида од пред 4 години е сигурна Трамп држава, а посебно со изборите од пред 2 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom