... и не се доискажав, чемер на душа имам кога спомнуваат вака ноншалантно на времиња каде животот го дале за Македонија, онака токму тие кои немаат ни воен рок поминато, ќе речат „што е тоа комитско време“ фати се за работа токму тие од радовишко, за да имаш корени треба да имаш историја, со таква младина нема да има иднина, држава без корени не ја бидува, да не се почитува сопствена историја, била „комитска вечер“, тоа ли пречи да се спомне, не една сто комитски вечери нека има, луѓе изгинаа за ова Македонија што ја усравте надолж и попреку, да се потсетиме:
цитат:
...во
реонот на радовишките села Дедино и Ињево, во мај 1903 година избива тешка битка меѓу турски аскер и чета на Внатрешната македонска револуционерна организација. Четата
била предадена од нејзиниот јатак (Јатаци е историски термин со кој се дефинирале луѓето што им помагале на ајдутите да се засолнат или скријат во времето на Османлиското Царство), а во битката
загинале речиси сите дваесеттина комити.
Наоѓајќи се во безизлезна ситуација,
војводата на четата, струмичанецот Коста Мазнејков, го искористил својот последен куршум за себе за да не падне во рацете на непријателот.
Даскало, како што бил познат Мазнејков, по неколкугодишно бродење по македонските планини, го положил својот живот за слободата на Македонија. Два месеци по неговата и смртта на неговите соборци избувнало Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја.
Коста е дел од генерациите кои во времето на османлиското владение граделе интелигенција која го предводела македонскиот народ во борбата за слобода на татковината и ја создале внатрешната револуционерна организација како сила која самостојноста ја ставала пред сѐ во таа борба.
Тој е врсник на најсветлиот вожд на македонското дело Гоце Делчев.
Роден е во 1872 година во Струмица, во семејството на Ѓорѓи Мазнејков. Семејството потекнува од мегленскиот крај во Беломорска Македонија, од каде што се иселува во Тиквешијата, а оттаму седумте браќа на Ѓорѓи се раселуваат во разни краишта, а некои и надвор од Македонија. Тој дошол во Струмица. Мазнејковци живееле во Чифлик маало, нивната куќа се наоѓала спроти Јурчи бунар.
Поголемиот дел од своето
нелегално дејствување Мазнејков го поминал во радовишкиот крај, каде што бил назначен за војвода на чета. Овде претежно дејствувал во реонот на селата Дедино и Ињево. Овде, во селото Конче, според Маргарита Кирчанова-Мазнејкова и Марија Мазнејкова, имало ковница која војводата Мазнејков ја користел за да ја снабдува организацијата. Во овој период Мазнејков соработувал и со Делчев кој во повеќе наврати доаѓал во овој крај по организациони работи.
Затворен цитат!
и после да не се одржувало комитски средби, „пишала Левица Радовиш“, ама ако се знае историјата на 23 ти Октомври ете државен празник „Ден на Македонска револуционерна борба“ зашто порано да нема спомнување собирање, ако не се спомне и не се одржи средба, ќе кажат зошто нема средба, ако се спомне зошто се спомнува, типични примери на ...ај да не пишувам погрдно!