Сакам да споделам она што ми се случи: завршив со антибиотикот, и требаше да одам на контрола кај докторот
Ми беше кажано да му се јавам и да одам околу 18 часот, бидејќи тогаш завршувал со смена. Во 15 часот одам на ручек пауза и добивам повик да се симнам што е можно побрзо бидејќи докторот завршувал со преглед на последниот пациент.
Не ни дојадов од ручекот, само испив едно кафе набрзинка и 3 чаши вода. Се симнав и пред ординација испив уште 4 чаши вода, за да може да ми се наполни бешиката и колку толку да може да ме види на ехо. Ме прими и се што му кажав околу симптомите беше искрено: дека дел се повлекле, дека успевам да преспијам преку ноќ без да станам да мочам, сабајле после првото мочање после 10 минути пак ми се моча, дека жесток алкохол страшно ме тригернува и една чашка ме тера да одам по 5 6 пати во вц во рок од саат време, единствено ми останува болката на левиот тестис - повремено, и болка во долниот дел од кичмата, после станување од спиење, која поминува со раздвижување. Промени имав и во столицата, искачањето надвор ми стана малку потешко, иако секогаш пазев да имам нормална и редовна столица, пазев на храна. Негова препорака да прекинам со Таниз. Кажувам дека сум почнал и вежби за истегнување да правам, кои имам впечаток дека ми помагаат. Вели тоа е, ќе си пазиш на сите аспекти и повремено ќе се гледаме кога ќе ти се влоши состојбата.
Тоа е впрочем простатитисот хроничен/CPPS (синдром на хронична пелвична болка) , кој има таква несреќа да го закачи ќе си го носи цел живот. Е сега, спомнав дека испив 7 чаши вода, и тоа ладна вода многу, а не ми дојде нагон за мочање за да направиме урофлоу, тоа е јачина на млаз. Го прашувам за цистоскопија, вели сега за сега нема потреба. Вели, дојди утре за урофлоу.
Ко за беља, мислам од ладната вода, или не знам што беше, ми се тригернува пак мочањето, и мочам на секои 10 минути како ненормален, по некои минимални количини. Не можев ни наредниот ден да отидам на урофлоу, од проста причина што не можам да соберам доволна количина за убаво да се измери.
Ми доаѓа одмор. Мочањето ми се средува после 2 3 дена од прегледот, и си викам ќе одам на одмор па после ќе праам уро2, сакам раат да бидам. Патувам во среда сабајле, а во понеделникот имам секс, а напален сум ненормално, зашто сум го немал десетина дена, така се погоди женски период. Таа вечер имам 3 пати секс, и после 3. оргазам осеќам како некој да ми ги извади тестисите низ абдомен, оргазмот беше пресилен но и болен. Во истиот момент болката од стомакот и тестисите ми се префрли на левиот дел од кичмата, кај бубрезите. Доаѓаше во бранови, од посилно кон се поинтензивно. Отидов на мочање, мочав двапати, и во урината имаше крв и страшно ме болеше. Животот ми се скрати, и мислев дека којзнае што имам и дека дошло време да умрам. Плачев како мало дете, не за мене или било кој, туку за ќерка ми. Болките не се смируваа со часови а јас повеќе не можев ни да мочам, иако имав нагон, пиев многу вода. Жена ми инсистираше да одиме на лекар, не сакав. Ми даде еден дијазепам, и некако заспав. Станав, болката ја немаше, меѓутоа кога мочав, ме болеше, крв немаше, млазот слаб. Жена ми ме масираше да одиме на лекар, меѓутоа јас не сакав.
Се сомневав на камен, песок, меѓутоа и читав дека при претерани ејакулации, може да се јави крв во урина, дури и во сперма. Некако се тешев сам дека не е нешто, иако чувството во мене беше траорно, со дел од себе мислев на најлошото. Може да замислите со какво чувство отидов на одмор.
Таму решив да пијам многу пиво, и да јадам лубеница цело време, ама пиво и лубеница во огромни огромни количини, покрај другото лубеница и поради ликопенот. Првите 2 дена без секс, после ми исчезна болката и ми се регулираше млазот, па се фрливме на секс, по 2 пати дневно. Оргазмите ми беа појаки него икад, а ерекциите како на 20 годишен. Последните 2 дена од одморот буквално немав никакви симптоми, ама ни процент, ни дел, буквално здрав скроз.
Се вративме дома и во глава имав мисла дека пак ќе ми се врати проблемот. Од овие 7 8 месеци колку што го имам, вкупно имав 5 6 денови без ниеден симптом. Меѓутоа, ок бев. Едно сабајле станав да мочам, и во сред мочање, односно при крај, како да ми застана нешто кај главичката. Остана таму, и почна да пецка, не некоја голема болка, ама пецкаше. Си помислив, толку беше, еве пак по старо. И си легнав. Рано беше, 6 ипол, презаспав. Се разбудив пак околу 10,отидов на мочање пак, млазот пак слаб, и како што мочав, осетив нешто како да ми поминува и исфрлив нешто темно кафено - црно, удри на шолјата, се залепи на кратко и падна во водата. Млазот се нормализираше. Не можев да ставам ракавици и да го бркам во мочките, за да видам дали е камен, си реков нек си ебе матер.
Еве веќе скоро недела немам никакви симптоми, мочам нормално, со нормални млазови, 3 пати во ден, и можам да држам во себе колку што треба, нема пецкања, нема ургенции, нема болки.
Ако останам вака ок, на лекар нема да одам. Едноставно, скептик сум веќе, не дека не знаат, туку така, реда ради те гледаат, строго според книга. Не зимаат во предвид дека секој е различен, има и една изрека во медицина - дека 2 и 2 не се секогаш 4, ама нив како да им се. Повеќе верувам на своето тело и на тоа јас што ќе истражам, бидејќи за себе само јас можам најубаво и најквалитетно да се грижам.
Ми останува прашање дали сите тие симптоми можеа да бидат од камен /песок во бубрег /уринарни патишта и да траат со месеци.
Како и да е, продолжувам со лубеница секојдневно, Пролом вода и комбинација од турмерик /бибер/маслиново масло, како антиифламаторно средство.