Фан Клуб: Рома

Член од
18 јули 2012
Мислења
1.180
Поени од реакции
748
Имаш кафе и боза ако го тепамо Наполи..
Тешко они да пуштат големо е ривалството помеѓу Неапол и Рим ,глави летале во минатото..Не дека не можеме, со машка игра само до 3 бода..И веројатно како што кажа со 1 нога сме таму во ЛШ..
Pazi zbor ahahha , Napoli e boranija ekipa sezonava , Roma so vakva igra 5 od 5 ima do kraj , me ni 3 cudno i Atalanta da ja nadigrat
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
Pazi zbor ahahha , Napoli e boranija ekipa sezonava , Roma so vakva igra 5 od 5 ima do kraj , me ni 3 cudno i Atalanta da ja nadigrat
Нема лаф уживај..
Да со таа игра ама навратисе наназад прочитај ги моите мислења и се ќе ти биде јасно дека ЛЕ си го зема данокот..
Да игравме од викенд на викенд воопшто не би се секирал..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Добра вест, Ндичка утре прва постава, се било во ред со него, во прав момент бидејќи Смолинг се здобил со ситна повреда. Уште Лукаку да се оправи овие 2-3 дена, па да го гледаме прва постава против Левер.

За со Наполи ќе се ротира, Бове ќе игра прва постава.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
Наполи - Рома
Многу важен натпревар 7 финалиња 5 во Италија до крај..Ајде Рома сега му е мајката..
Најверојатни први 11 доколку Де роси се одлучи за 4-3-3 :
Свилар, Челик, Манчини, Хујсен, Анхелињо, Бове, Кристанте, Пелегрини, Дибала, Азмун,Ел Шарави.

Суспендирани : Љоренте, Паредес.
Повредени : Лукаку, Смолинг.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
Наполи - Рома 2 : 2

Утрово прочитав вест дека ако Аталанта или Рома освојат ЛЕ а бидат 5ти во серија А тогаш и 6тиот ќе оди во ЛШ..
Накратко финалето на ЛЕ ако е Рома - Аталанта тогаш и 6ти да сме секако сме во ЛШ..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Наполи - Рома 2 : 2

Утрово прочитав вест дека ако Аталанта или Рома освојат ЛЕ а бидат 5ти во серија А тогаш и 6тиот ќе оди во ЛШ..
Накратко финалето на ЛЕ ако е Рома - Аталанта тогаш и 6ти да сме секако сме во ЛШ..
ама јас мислам дека ако аталанта освои и заврши 5та а ние 6ти, тогаш како 6ти нема да одиме во ЛШ туку ќе си останат 5 претставника
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
ама јас мислам дека ако аталанта освои и заврши 5та а ние 6ти, тогаш како 6ти нема да одиме во ЛШ туку ќе си останат 5 претставника
И јас така мислев еве од уефа појаснија тоа што јас го напишав..Да навиваме за Аталанта да влезе во финале па ако не сме ние таму секако за нив ќе сме..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Ајде нека ни е честито ЛЕ и следната година, па да ја освоиме веќе еднаш :D

Тоа е што е, можеби со Даниеле од порано ќе собереме повеќе бодови барем против послабите, ама што е тука е...

Една добра вест е што УЕФА ни дозволува ова лето да трошиме за разлика од последните две години, како награда за почитување на правилото последните две години. А веќе од понаредното лето повторно ќе се врати правилото, барем така разбрав:toe:

Ајде вајда новиот дс со Де Роси ќе склопат тим, ќе погодат некое засилување, па од следната сезона да гледаме поконкурентна Рома
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Здраво напатени романисти, почнува новата сезона, а на клубот му фали десен бек за прва постава, лево крило за прва постава и штопер кој ќе ги мења Манчини и Ндичка, а и не знаеме дали нашиот главен играч ќе остане или ќе оди во саудиска Арабија. Прилично тешка ситуација. Единствено нешто за пофалба се припремите кои поминаа одлично, немавме играчи кои играа во завршницата на европското па голем дел од тимот ги поминаа припремите. И засилувањата повеќето од нив ни се тука цел месец.

Кога сме кај трансферите, освен позициите што ги набројав што треба да се потполнат, има многу играчи кои треба да си заминат а имаме проблем да се ослободиме од нив. Карсдорп се пишува дека од инат одбива понуди и решен е да си ја зима платата од 2.3мил па макар цела сезона да седи на трибини. Смокинг освен саудиска Арабија каде тој не сака да оди, никој не го сака со неговата скоро 4мил плата. Абрахам запнал да се дружи со Томори у Милано, а Милан немаат пари да го платат, незнам колку е сериозен интересот на Вест Хем, се молиме да пратат понуда или арабиве да го заведат со над 10мил по сезона, па нека се гони у ПМ. Не сме ние тим кој може да си дозволи замената шпиц после повреда на вкрстени те лигаменти да ти држи плата од скоро 4.5-5мил мора да му најдат решение а да донесат некој си шпиц кој ќе врши работа како замена за Довбик.
Жалевски се држи на стенбај во зависност од тоа дали ќе најдат лево крило, се спомнува Бога, кој сигурно ќе биде апгрејт во однос на Жале.
За десен бек се што се спомнува е во класата на Челик, дали тој арапот или Асигнон, останува да се надеваме дека ќе се погоди. И нормално се зависи од тоа дали Дибала ќе си оди, како што стојат работите ќе си оди а на негово место ќе бараат амф, кој ќе го мења Пелегрини, лево Шарави и Жалевски/Бога, а десно покрај Суле кој имаше одлични припреми и се гледа дека ќе биде протагонист оваа сезона, тука Балданзи ќе улава у комбинација(штета за него, повторно нема да има доволна минутажа).
Средината нема многу промени освен Ле Фее што го донесоа, тип на средњак што ни фалеше и одма се гледа дека добро ни легна, многу трча има, прави клизачи во дефанзива а и има техника во него и знае да се уфрли напред. Како што стојат работиве тој ќе биде прва постава со Паредес, а Бове ќе го мења него, додека Кристанте ќе го мења Паредес. Тука може да има промени Бове да го продадат во последен момент, а да влета една црнчуга од Лестер кој последната сезона имал успешна позајмица во Севиља. Кога сме кај Севиља, од таму го бараме централниот бек Лоик Баде, за кого веќе имаат понуда од 20мил од Штутгарт, ама играчот сака во Рома, ќе видиме нашиве дали им се дава 20мил.

Горе доле тоа е, останува да видиме што сработил нашата легенда Даниеле Де Роси :love: ќе се види оваа сезона дали има предиспозиции да стане одличен тренер. Со моменталната ситуација нема да му судиме и да не фати ЛШ, ама очекуваме офанзивни игра и играчите да даваат 100%. Освен ако до крај не го донесат Киеза(или некој така јак изненадувачки трансфер), тогаш се под фаќање на ЛШ, ќе се смета за неуспех. Али се зависи и од конкуренцијата, три клуба на хартија веќе имаат појаки состави од нас, Интер дури два пати појак, а тука под него се Милан кои се засилија а ништо не продадоа, па Јуве кај кого веќе Копмајнерс и Гонзалес ги ставам како нивни играчи. После ние доаѓаме у кош со Наполи и Аталанта. Аталанта стандард ќе прави проблеми за 4то место до крај на сезона, мораме да бидеме подобри од нив, тоа ќе биде клучно, додека Наполи со Конте се може да очекуваме, способен е да ги стегне и да бидат добри, а ние очекуваме да се распаднат, нешто што може да испадне реално. Такво нешто оставам мали шанси да се случи со Милан и Фонсека или пак Мота со Јувентус и очекувам барем еден од тие два да не им тргне. Поголеми се шансите кај Јуве, нов тренер и смена на 60-70% од првиот тим.

Ова последното беше за во сериа а темата ама ајде тука нека стои :)

Му посакувам на Де Роси многу среќа и успех во новата сезона, дај боже да тргнат работиве и да се покаже како тренер, тогаш клубот би имал светла иднина со таков тренер, а за нас навивачите не постои поидеално од тоа да имаме клубска легенда за успешен тренер !!

Форца Рома:love:
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Бледо издание, можеше да тепаме, имавме неколку шанси, ма да и тие имаа, Миле Свилар одличен, уште не ми се верува дека продолжува со одличните партии од лани.

Новите засилувања беа океј, Енцо ле Фее е тип на средњак што ни фалеше, уште еден таков треба да имаме покрај "статичните" Паредес и Кристанте.. треба да е Бове, ама ...

Довбик имаше убава шанса со глава погоди пречка, имаше добар момент кога на место да ја прими топката ја препушти на Плегрини од што испадна 100% шанда, најдобра на мечот, која Пелегрини не успеа да ја реализира.

Суле е сув талент, нема промашај тука, ќе биде многу добар играч, уште еден таков на левата страна и ќе бидеме многу јаки офанзивно. Одлично инвестирани пари во Суле.

Се знае кај се слабите точки, десен бек со Челик ништо не правиме, незнам и тој Асигњон колку ќе биде подобар, требаше да тргнат по Беланова, ама тоа е ... исто како што спомнав лево крило сме слаби со Жалевски и Шарави, а и средина Кристанте не ми се допаѓа како игра, точно се бори, пресече многу акции, ама многу спор, многу статичен, беше најдобар со Мурињо во таа спора игра на португалецот, ама тука кај Де Роси треба средњаци како Ле Фее, за да бидеме подобри.

Има уште две недели до крај на трансфер периодот, Дибала денес ќе се изјасни дали оди на блискиот исток или останува, од тоа и зависи што ќе пазаруваме во офанзива. И нормално онаа сајлата Абрахам под сместа да се даде, макар и за минимални 15мил, што кур му бараат 25мил, никој нема да им даде, а не го бива ни за замена..
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
Би го простил овој резултат само што е почеток на сезона..Мораше подобро, но со тешки нозе со 3ца новајлии нарочито во нападот толку е..
Јасно беше дека немаше мн шанси да имаме ,Никола тренерот нивни не е бозаџија..
По една пречка на двете страни но шансата за 3 бода беше онаа на Пелегрини тоа е таа шанса што треба да ја убодиш и да ги земаш 3те бода..

Суле енергичен, уште многу ќе докажува детето зошто е тука..
На Артем му треба некој кој ќе го храни со топки во случајов Дибала и некој од лево кој сигурно не треба да е Жалевски кој е играч за серија б ( Сасуоло,Кремонезе пуна капа за него ) ..
Челик само дефанзива нешто мрда напред појма нема изубен во свемирот е..
Енцо за пофалба е..
Исто и Балданзи ми се допаѓаше неговиот пристап..
Да се продаде Бове на Евертон да им се ували ќе биде полна капа..
Кристанте исто така или да се смета за играч од клупа ништо повеќе.
Абра едвај чекам да го видам на островот се надевам Вест Хемовци,Астон Виле и Брентфорди ќе се решат во 5 до 12 за него..
Лево крило,везњак,десен бек и еден одбрана се играчи што мора да се донесат..Абра ако оди ете шанса за уште еден шпиц замена за Артем..

@Boom Shaka Lakka неможам да најдам дали Фридкин го превзеде Евертон ?
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Би го простил овој резултат само што е почеток на сезона..Мораше подобро, но со тешки нозе со 3ца новајлии нарочито во нападот толку е..
Јасно беше дека немаше мн шанси да имаме ,Никола тренерот нивни не е бозаџија..
По една пречка на двете страни но шансата за 3 бода беше онаа на Пелегрини тоа е таа шанса што треба да ја убодиш и да ги земаш 3те бода..

Суле енергичен, уште многу ќе докажува детето зошто е тука..
На Артем му треба некој кој ќе го храни со топки во случајов Дибала и некој од лево кој сигурно не треба да е Жалевски кој е играч за серија б ( Сасуоло,Кремонезе пуна капа за него ) ..
Челик само дефанзива нешто мрда напред појма нема изубен во свемирот е..
Енцо за пофалба е..
Исто и Балданзи ми се допаѓаше неговиот пристап..
Да се продаде Бове на Евертон да им се ували ќе биде полна капа..
Кристанте исто така или да се смета за играч од клупа ништо повеќе.
Абра едвај чекам да го видам на островот се надевам Вест Хемовци,Астон Виле и Брентфорди ќе се решат во 5 до 12 за него..
Лево крило,везњак,десен бек и еден одбрана се играчи што мора да се донесат..Абра ако оди ете шанса за уште еден шпиц замена за Артем..

@Boom Shaka Lakka неможам да најдам дали Фридкин го превзеде Евертон ?
Прво се откажаа ради скриени индиректни долгови на клубот кои првично не биле прикажани(околу 300мил евра), сега последно се спомнува да сакале да купат 30% од клубот и толку знам..


@Scirea што е смешно? има ли некој проблем? :sakasuste:
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Кој хаос и раскол во тимот ц. Ц ц

Де Роси наводно вчера се степал со Кристанте, па демантираа, демек караница, во која и Паредес бил инволвиран. Де Роси претходно имал два состаноци со гркињкава што е ЦЕО каде се расправале. Де Роси со одследиле со Дибала на Инстаграм, а изгледа и Кристанте со Пелегрини, значи пукнала тиквата и во италијанскиот клан/гето во клубот... Ништо не оди ова на добро, сезоната можеби уште сега може да се прогласи за неуспешна...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom