Не ја преместувај целта, значи дискусијата беше не-еднаквиот економски развој во Југославија со фокус на Македонија. Не беше за јазици, цркви, итн.. Да се задржиме на единствената точка за материјален развој во твојот коментар а тоа е реизградбата на Скопје после земјотресот.За време на истиот тој комунизам е стандардизиран јазикот и азбукаата со која денес се служиш,
прогласена автокефалноста на Црквата во која одиш на венчавки и крштевки
Скопје е изграден повторно од темел по земјотресот 63та, не дај Боже такво нешто денес да се деси, ќе просиме од ЕУ и НАТО хуманитарна помош од која 80% ќе заврши у џеб на поединци кои глумат патриотишта.
Знаеш дека буквално Скопје било реизградено со просење по целиот свет така? Од тука и доаѓа делот за Град на Солидрарноста. Универзална Сала, МКЦ, болниците се тоа е изградено од странци, според странски проекти. Железничка, Градски Ѕид, дел од болниците повторно странци. И со оглед на тоа какви биле оригиналните проекти, а што се изградило дали се крадело или не ќе оставам на другите да одлучат. Впрочем денешните лопови не се паднати од небо туку се деца и внуци на тогашните властодршци.
Од слични системи, Јереван има метро, а Ерменија нуклеарна централа, Тиблси има метро, Минск има метро, али затоа во Скопје од 1946 до 1990 не можеа ниту стадион еден да изградат, ниту државна болница.
Се прашувам да беше земјотресот во Словенија каква ќе била реакцијата од Југословенската држава, нешто имам сомнеж дека нашите градежни фирми ќе работеле 24/7 во Словенија и тоа од "солидарност".
Последно уредено: