Добро бе друже ако кај вас се платени помалце не значи дека сите ги плаќаат помалце, за тоа пишав има од до. Економисти у јаки фирми си пишал, а ИТ у јаки фирми? И неможеш да ми споредуваш хирузи што работат трети смени празници недели, ај тогаш и за нафтени платформи да збориме.
Ете направи ти анализа да видиш каде ИТ се најплатени професии во државите.
ИТ во јаки фирми тука земаат од 150-250к (АУД) и тоа луѓе кои се маестро во својата професија, и не само што се нашле тука, туку луѓе кои се собирани од цел свет. Економисти ми се однесуваше во финансиски институции (не само банки).
Затоа и ти споредив со другите инженери, не со хирурзите, и пак рударски, машински, електраши, градежници, се подобри. Единствена област во ИТ која знае да има апла јаки плати (заслужено) се луѓе што се апла добри во internet security.
Земји каде навистина ти е платен ИТ ти се: САД (и генерално се почнува од таму), Швајцарија, Холандија, Скандинавските (особено Шведска), па после тоа ти доаѓаат Канада, Австралија, Германија, Израел, Англија, Ирска и тн. НО, она што пробувам да ти го објаснам е дека во сите овие, платите и на сите други инженери се во истиот, или сличен ранг.
Во ИТ во овие земји апла отскокнуваат генијалци, луѓе кои ти ги измислуваат овие продукти за кои паѓа на газ цел свет, за жал ваков кадар немаш во Македонија.
Иновации зборам на ниво на индустрија, вие колку сте направиле иновации како фирма?
Чекај малку сега, нели требаше да се добро платени програмерите оти прават иновации, затоа те прашав, каде се иновациите? Еве овде ова не пишува дека програмерите водат по патенти, па да се најплатена индустрија во светот:
We've added another data set—patent data—to our platform. Here, we used it to investigate which sectors have the most patents.
www.beauhurst.com
Не реков дека имаме ние иновации, ти се запна, ние имаме наши продукти, но не ги сметам за иновации, ниту пак сум се обидел да патентирам и да си губам време, во некои сегменти сме подобри од слични решенија, но далеку од тоа дека би го нарекол за иновација (премногу лошо користен збор е ова, особено по порталите, али добар е за маркетинг
)
Еве пример computer vision ти е апла жешка тема во моментов, решивме да правиме R&D во ова и веќе работиме одреден период, но и да сакаме да прошириме тим во Македонија речиси и да нема кадар што воопшто работи на оваа тема, а не пак да треба да не води во изработка на напреден продукт кој не постои на пазарот. Веќе склучивме договор со консултанти кои би ни помагале во одредени сегменти, но ниту еден не е ниту од Македонија, ниту во Македонија. Бугарите пример во оваа индустрија се понапред барем 5 години од нас, иако сме едни до други.
Материјата со која работиш постојано се менува, да не речам од месец во месец, а да не збориме од година до година, постојано имаш нови major, minor & patch releases на фрејмворци да речеме. Доктор, психијатар и економист тешко дека треба да учат постојано to keep up.
Сетот на вештини со кои треба да располагаш за едно работно место е флуиден, не постои јасно оццртана граница - ко ти само ова и ова ќе го работиш, ако нешто не рaботи give it to the it guy, кај другиве професии ова не е така.
Тоа не значи дека е направена иновација, туку дека се подобрени продукти кои биле пуштени на пазарот иако си имале проблеми/несовршености.
Во секоја индустрија има промени, можеби не на вакво ниво како тука, но еве земи еден механичар или попрецизно мехатроничар, секоја година излегуваат по 20-30 нови модели на возила, секое носи различни сензори, секое има различна архитектура, секое има различен софтвер. Не случајно и овие не се нафаќаат да поправаат секакви модели, така и во ИТ, ќе специјализираш само на неколку работи и ќе работиш со нив, некогаш ќе има помалку работа, некогаш повеќе, но во таа ситуација измените не се до толку големи.