Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.714
Во ред, еве, јас ќе ја копирам содржината од посочениот ти допис:

„...не можам да разберам која е таа желба за пишување на форумот без амбиција за една креативна дискусија.Јас пишивам едно, ти пишуваш нешто сосема трето како одговор.
...или во недостаток на аргументи, пробуваш да деградираш или минимизираш
...искрено,ова е мојата последна реплика на твоите коментари :)„.

Еве ја содржината од тојот последен допис (до мене):

...одговори ми те молам, зошто мора една религија да биде исправна и света, а сите останати религии не?
...зарем не се навидовме колку пакост и несреќа таквиот став носи?
...или најлесно е да се покаже со прст на виновникот
...различностите се богатство а не анатема, и се додека плукаме на се што "не е наше" ќе гледаме само несреќа и човечки страданија.„

А еве ги одговорите:

- Еден Е Бог, Творец на се‘ видливо и невидлово. Од Него, како извор на вистината, можеме да очекуваме едно и само едно религиозно учење, кое Он го прати(л) до родот човечки, на кого му е создател. Наспроти живиот Бог, постои уште еден лик, херувим во Небесната хиерархија, кој откако посака да стане бог, почна да лаже. Што мислиш, кој од наведените два ликови кажува една а кој повеќе вистини?
- Па тоа е целта на „авторот„ на повеќето религии, преку кои „авторот„ Му се одмаздува на Бога, удирајќи по човекот, кого Бог го смета за свое врвно дело.
- Да, најлесно е да се покаже со прст „на другиот„ (таа грешка веќе ја сторија Ева и Адам и истата таа грешна ја наследивме до ден-денешен). Тоа посочување „со прст„ мора да биде и основано и оправдано.
- Различностите (меѓу народите) се последица на Божјата интервенција меѓу луѓето, мешајќи им ги јазиците, за да не разбират едни со други. Тоа само по себе не е проблем, затоа што преку Синот Божји, дојде и спасението за сите народи, секако, оние народи кои Го прифатија Месијата за свој Бог и Спасител. „Различноста„ како „сентиментален„ став, сама по себе е безвредна во духовноста. Сам Бог допушта различности (меѓу народите), што не значи дека сите тие се пречка или проблем пред лицето Божјо. Бог го сака родот човечки па затоа Го прати Свјот Единороден Син на Земјава. Синот Божји не ги гледа(ше) луѓето „на лице„, туку „по срце„.
...зошто тогаш не се превземаат заеднички иницијативи помеѓу верските субјекти?
...или тоа само декларативно стои, а вистината ја гледаме сите секојдневно :)
...го разбирам твоето верољубие, но не ја разбирам немоќта да се признаат фактите кои тука многупати се набројани
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.010
Поени од реакции
4.193

- Постојатат „иницијативи„ помеѓу различните религии, кои завршуваат во тежок идолатриски циркус, неприфатлив за живиот Бог, Кој познава една вистина а не многу (религиозни) вистини, ставени „на купче„. На пример, Папата Војтила ги има собирано поглаварите на практично сите религии по Земјава, на зедничка молитва, со името на „мирот„ (имаш видео-записи на „ЈТ„ од тие собиранки). После тие средби, сите религозни поглавари си одат „по дома„ и се‘ останува како што било претходно. Религиите се до таа мерка различни по суштина, што се неспоиви дури и на ниво‘ од „НЗС„.
- Да, таа намера за соединување на сите религии за сега е само декларативна, позната и како „екуменизам„ (кај рисјаните) односно како „синкретизам„.
- Фактите се веќе познати. Дури е и добро што религиите се неспоени во една, оти во моментот кога ќе се „спојат„, тоа спојување само по себе ќе биде показател дека е дојден крајот на Светов и дека антихристот ќе биде последниот владетел на Земјава, кој ќе владее преку една, компилирана религија, наменета за сите.
 
Последно уредено:

...не треба да бидат споени,треба само да научат да се почитуваат
...наместо да бараат слабости и разлики, треба да бараат заднички допирни точки
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.010
Поени од реакции
4.193
...не треба да бидат споени,треба само да научат да се почитуваат
...наместо да бараат слабости и разлики, треба да бараат заднички допирни точки
- Почитта која православната вера и Црква ги упатуваат кон другите релгии не се состои во компромисно прифаќање на различните учења (кои не не‘ водат кон ист бог!), туку во почит кон слободната волја, која ја имаат и припадниците на другите религии, а која (волја) им е/ни е дадена од ист Творец. Се‘ друго, секој друг облик на почитување „на другиот„ е обично ласкање и лажење на самиот себе.
- не се работи за барање слабости, туку за начинот на кој се исповеда вистината, односно лагите. Заеднични точки меѓу религиите има, ама тие не се засновани на нивните доктрини, туку на „пуката„ сентименталност (душевност), која сама по себе не раѓа вистинити учења. Суштински, религиите се премногу различни за да имаат барем грам од нешто заедничко.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.714
- Почитта која православната вера и Црква ги упатуваат кон другите релгии не се состои во компромисно прифаќање на различните учења (кои не не‘ водат кон ист бог!), туку во почит кон слободната волја, која ја имаат и припадниците на другите религии, а која (волја) им е/ни е дадена од ист Творец. Се‘ друго, секој друг облик на почитување „на другиот„ е обично ласкање и лажење на самиот себе.
- не се работи за барање слабости, туку за начинот на кој се исповеда вистината, односно лагите. Заеднични точки меѓу религиите има, ама тие не се засновани на нивните доктрини, туку на „пуката„ сентименталност (душевност), која сама по себе не раѓа вистинити учења. Суштински, религиите се премногу различни за да имаат барем грам од нешто заедничко.
...токму во таа потреба туѓото да се суди и одценува ги прави меѓурелигиските односи секогаш напнати и на штета на обичните верници.Кога зборувам за меѓусебно почитување мислам на неосудување, неодценување и неетикетирање. Секој да си го оди својот пат, без да си сметаме едни на други :)
...немој да ми речеш дека не е возможно едно такво однесување кога и сам знаеш дека сум во право
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.010
Поени од реакции
4.193
...токму во таа потреба туѓото да се суди и одценува ги прави меѓурелигиските односи секогаш напнати и на штета на обичните верници.Кога зборувам за меѓусебно почитување мислам на неосудување, неодценување и неетикетирање. Секој да си го оди својот пат, без да си сметаме едни на други :)
...немој да ми речеш дека не е возможно едно такво однесување кога и сам знаеш дека сум во право
- улогата од религиите не е состои во изјавување пацифистички пораки кон другите религии. Религиите имаат свои доктрини, како погледи кон Светот и кон животот и кон начините на кои тие доктрини се спроведуваат во реалното живеење и оттаму произлегуваат и нивните неизбежни несогласувања. Напросто, вистината и лагата се неспоиви и кога-тогаш ќе се „поткачат„.
- Православната вера и Црква велат дека вистината (за Бог, за Светот и за животот) и‘ се откриени во полнота од Бога токму нејзе, така на нема потреба од барање нечии слабости, кога само по себе се подразбира дека совршеното учење нема слабост, а другите учења се само обиди за постигнување на некаква духовност. Црквата е должна да го брани своето учење, а тоа бранење се постигнува со докази и со споредби, не со меѓусебно барање слабости.
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.714
- улогата од религиите не е состои во изјавување пацифистички пораки кон другите религии. Религиите имаат свои доктрини, како погледи кон Светот и кон животот и кон начините на кои тие доктрини се спроведуваат во реалното живеење и оттаму произлегуваат и нивните неизбежни несогласувања. Напросто, вистината и лагата се неспоиви и кога-тогаш ќе се „поткачат„.
- Православната вера и Црква велат дека вистината (за Бог, за Светот и за животот) и‘ се откриени во полнота од Бога токму нејзе, така на нема потреба од барање нечии слабости, кога само по себе се подразбира дека совршеното учење нема слабост, а другите учења се само обиди за постигнување на некаква духовност. Црквата е должна да го брани своето учење, а тоа бранење се постигнува со докази и со споредби, не со меѓусебно барање слабости.
...денеска читав дека католичката црква има за една година 400.000 истапувања на верници од црквата само во Германија
...добро е што во православната црква такви статистики не се можни од нецрквени инстанци.Така можат божјит деца да живдат уште во "облаци" дека се најбројни со верници
...ме разбираш ти мене убаво што и зошто пишувам, нели?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.010
Поени од реакции
4.193
...денеска читав дека католичката црква има за една година 400.000 истапувања на верници од црквата само во Германија
...добро е што во православната црква такви статистики не се можни од нецрквени инстанци.Така можат божјит деца да живдат уште во "облаци" дека се најбројни со верници
...ме разбираш ти мене убаво што и зошто пишувам, нели?
- Зашто не сум зачуден? Западот започна да се расхристовува и расцрковува уште во славниот ренесанс и се чини дека тој „тренд„ никако не запира. Атеизмот е само врв на тоа откажување на западните луѓе од Христа Бога.
- во православието јасни се многу нешта, како на пример, дека изјаснувањето за православен е чисто статистички податок за потребите од пописот од населението, што значи дека оние поединци кои се изјаснуваат за православни а во Црква влегуваат само на Божик и Великден, лажат дека се православни. Православните Цркви не „идат„ на квантитет, туку на квалитет. Не секој кој е крстен и влегол во Црквата истовремено е и православен верник во полна смисла на тој израз.
- Да, поприлично добро разбирам која ти е намерата во мислата (а немерата ти е ем напаѓачка ем релативизирачка...), ама се чини дека ти уште помалку ме разбираш што ти одговарам. Напросто, не можеш да го надминеш своето овосветовно размислување и да прејдеш на духовно.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.187
Поени од реакции
9.798
- Западот започна да се расхристовува и расцрковува уште во славниот ренесанс и се чини дека тој „тренд„ никако не запира. Атеизмот е само врв на тоа откажување на западните луѓе од Христа Бога.
Имаш ли едноставен одговор, зошто се случува тоа расхристовување( прв пат го читам тој збор некој да го употребува)?
Навистина, луѓево се венчаат во црква, крштеваат деца и толку од верата.
Не разбирам, ем не веруваат ама пак тераат адети :toe:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.010
Поени од реакции
4.193
Имаш ли едноставен одговор, зошто се случува тоа расхристовување( прв пат го читам тој збор некој да го употребува)?
Навистина, луѓево се венчаат во црква, крштеваат деца и толку од верата.
Не разбирам, ем не веруваат ама пак тераат адети :toe:
Расхристовувањето и расцрковувањето во западна Европа (кај римо-католиците) е почнато со воведувањето на новотарии во учењето од Црквата и со тек од време, како бројот од тие новотарии се зголемува, римската Црква го напушта традицоналното учење кое е наследено од Апостолите Христови и почнува да се раководи според новотариите.

Новотариите се засновани на човечки мислења, кои се вметнати во учењето од Црквата и практично го заменија учењето од самата Црква. Оттаму доаѓа денешното несогласуање меѓу Римската Црква и источната православна Црква, затоа што првата се води по новотариите, а втората се води според непроменетото учење од Апостолите Христови.

Кај римо-католиците, Папата е поглавар и авторитет на нивната Црква. Кај православните, Христос Бог Е поглавар и авторитет на источната Црква.

Терањето адети, без да се познава посуштински нивната улога во животот, е само прост механички чин, кој станува бесмислица.
 
...а нема да го наведеш одтуѓувањето на црквените службеници и "слуги на Бога" од се што е Христово, и што е најлошо од самите верници?
...човечки " 'рѓи" јас би рекол, никако неможе без злоупотреба на позицијата на моќ. Едноставно, таа болест на човека е неизлечива :)
...а кај православните поглаварите се...што?! Немој само да ми кажеш дека живеат аскетски и со безпрекорен морал?!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.771
Поени од реакции
11.833
Терањето адети, без да се познава посуштински нивната улога во животот, е само прост механички чин, кој станува бесмислица.
Што на големо се практикувуа во Македонија.

Ракот на христијанството се адетите
(мешањето на христијанско учење со духот на нацијата и учења кои биле затекнати тука како пракса кога дошло христијанството), самото се јаде од внатре и луѓето немаат време да се заморуваат со догми секојдневно. Само за големи празници кога сите трубат колку Македонецот е христијанин, полни цркви - а потоа полни кафани и кафичи со месишта и алкохол!
Така се разводенува и се избегнува догмата, со дела, со волја за живот :)

Така и треба - човекот кога ќе намириса слобода, нема назад во прангите на догмата и тажните проповеди на свештениците. :coffee:
 
Лаик

Калдераш
Член од
4 август 2018
Мислења
1.461
Поени од реакции
3.191
@Хептаграм XI ти си по овие рабоќе..Преска спомна оцет на друга тема па ме потсети на крстот со четири оцила..Нешто повеќе инфо ако може кој тоа го прави српскиот народ мајмуни и шимпанза цело време..

81QBPJUet5L._AC_SL1500_.jpg
 
Последно уредено од модератор:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.010
Поени од реакции
4.193
...а нема да го наведеш одтуѓувањето на црквените службеници и "слуги на Бога" од се што е Христово, и што е најлошо од
- Да, можам и тоа да го наведам па дури и го посочувам кога разговарам со верници на верски теми.
Автоматски споено мислење:

...човечки " 'рѓи" јас би рекол, никако неможе без злоупотреба на позицијата на моќ. Едноставно, таа болест на човека е неизлечива :)
- Има “секаков народ“ дури и во Црквата Христова, а лек(ар) за сите нас (и нив) е само Христос.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.771
Поени од реакции
11.833
@Хептаграм XI ти си по овие рабоќе..Преска спомна оцет на друга тема па ме потсети на крстот со четири оцила..Нешто повеќе инфо ако може кој тоа го прави српскиот народ мајмуни и шимпанза цело време..
Оцет што му дадоа на Исус да проба, јер - така треба!
Инфо за што бараш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom