newcastle
Shearer
- Член од
- 23 декември 2014
- Мислења
- 496
- Поени од реакции
- 395
По сите предизборни врескања, ВМРО-ДПМНЕ молчеливо (повторно) заврши во прегратката на "непријателот"
Ако ништо друго, барем знаеме каква ќе биде власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ – и кога молчат и кога зборуваат, го кршат Уставот и законите. За нив, правото е само непријатност која треба да се отфрли.
На свечената седница за инаугурацијата на Сиљановска, претседателката првпат проговори и го прекрши Уставот. Наместо да биде симбол на почитување на правото, нејзиниот прв акт беше да го игнорира основниот правен документ. На следната седница при изборот на претседател на Собранието, повторно, гласно и јасно изразија непочитување на правото.
Под превезот на ноќта и молкот на пратениците од владејачката коалиција, а со поддршка на партијата на која ВМРО-ДПМНЕ и го сврте курсот од опозиција во нејзини прегратки, се направи правен преседан, по скратена постапка се донесе системски закон. Додека граѓаните спиеја, вресоците за криминал и корупција замолкнаа. За туркање на агресивни агенди потребни беа повеќе сојузници.
Ова само ја покажува дволичноста и лицемерието на оние кои зборуваат за право и правда, а дејствуваат во спротивност. Сè уште не ја формирале Владата, а лажењето на граѓаните и непочитувањето на владеењето на правото им премина во политички стил.
Недостатокот на транспарентност и отсуството на дебата во нивните одлуки ја разоткриваат вистинската природа на нивната политика – политика на сила, а не на правда. Внимателно ќе ги следиме, нема да заборавиме, и за многу брзо граѓаните ќе ја имаат својата следна шанса да покажат дека не се лесно манипулирани.
-------------------------------------