Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Буквално им е во програма дека ќе воведат една изборна единица, дека ќе го намалат парламентот на 90 пратеника. Патем во програмата им стоеше и дека само две нови министерства ќе отворат Спорт и Енергетика. Они на тие две додадоа и уште едно за шиптaрите ( Европски Прашања) + го поделија Информатика и Администрација на две министерства.
Значи програмата на старт може да служи за тоалетна хартија?
 
Значи програмата на старт може да служи за тоалетна хартија?
Програмата им беше насловена 1000 и кусур (не ја знам точно бројката). Мислиш дека е реално таа бројка да се спроведе?

А во однос на тоа гласањето од вчера, гласаа од ДУИ или само од коалицијата? Војводата Тачи гласал?
 
Програмата им беше насловена 1000 и кусур (не ја знам точно бројката). Мислиш дека е реално таа бројка да се спроведе?

А во однос на тоа гласањето од вчера, гласаа од ДУИ или само од коалицијата? Војводата Тачи гласал?
Гласал и војводата :D
 
Условиве на Левица се, ќе бидеме со вас ама една изборна единица. Ќе бидеме со вас ама нашата платформа каде што сакаме прогресивни даноци и оданочување на поповите. Некако условиве им се ко да се кралеви, а не партија со 6 пратеници. У превод, не сакаме да бидеме со вас и да соработуваме.
Прогресивен данок не е лоша идеја, не затоа што идеолошки се согласувам но апашите во македонија премногу искрадоа од сиромашниот народ што го подружувам тоа оданочување, на сите од устата им извираат зборовите правда, еднаквост пред секои избори а ништо на дело, кај нас 30 години има чиста експлоатација.
Плус со тоа повеќе ќе се полни буџетот и нема тие дебели моржови да кријат пари под перници.
 
Последно уредено:
И што ќе добиеш за возврат од прогресивен данок? Не бе озбилно со моменталната поставеност на апаратот, што бенефит ќе биди еден @брмбрм од прогресивен данок?
 
@kano Прошли пат ме забораии бе браД, зошто гласавме за ВМРО? Зошто мојот првичен глас за Левица беше глас во „бунар“.
За другар ми прашувам.
 
Види ги овие умрениве од Алфа бе:)))

Исполнето првото ветување на ВМРО-ДПМНЕ: Изгласана реорганизацијата на македонската Влада

Абе Кани чоече го снема. Не дека беше нешто ултра забавен за читање, али сепак.
Серизен ли си? Абе луѓето работат а државата пари нема, не само што нема туку е и заглавена во долгови, ете кажав погоре, поефикасно полнење на касата.
Што доби овој народ што богаташите се ослободени од плаќање на 300 работи. Со тој профит што го прават од експоатиран народ што направија ново? апсолутно ништо, се сончаат по одмори на занзибар.
 
кој си гласал за европски фронтови и сили ќе си иде во ЕУ, кој гласал за Милошевиќ ко нас ќе иде во Северна Кореја

Засегнатите страни тоа го знаеле барем од 11 септември 2023, додека ЕУ бирократите и понатаму продолжија да ги влечат за нос неискусните македонски политичари.

1717855032955.png
1717855738804.png

Кипарскиот преседан: молдавскиот, украинскиот и грузискиот случај

11 септември 2023 година

од Олександра Задесенец, Истражувачки асистент

Денеска, кипарскиот преседан, кој подразбира стекнување статус на членка на ЕУ и покрај тоа што се наоѓа во средината на замрзнат територијален конфликт, се повеќе се наведува како пример за политичка одлука која покажува патека за новите земји-кандидати за ЕУ со такви нерешени прашања.Преку овој преседан, можно е да се идентификува маршрутата за унапредување на кандидатурите за ЕУ на Украина, Молдавија и Грузија без целосно решавање на нивните тековни територијални конфликти, отстранувајќи го де-факто ветото на Русија врз формалната политичка и економска интеграција на трите земји со Западот.

Кипарскиот преседан, кој предвидува членство во ЕУ во замрзнат територијален конфликт, некои го сметаат за политичко решение за новите земји кандидати за членство во ЕУ со нерешени територијални прашања. Причината за заедничките проблеми на Молдавија, Грузија и Украина е истата: агресијата на Русија, која го наруши територијалниот интегритет на овие држави. Затоа, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, се осврна на кипарскиот преседан во контекст на конфликтот во Придњестровје во Молдавија. На вториот Самит на Европската политичка заедница, тој изјави дека молдавскиот пат кон ЕУ останува независен и незасегнат од споровите во Приднестровје. Молдавија има потенцијал да постигне сличен подвиг како Кипар, кој успеа да се приклучи на Европската унија и покрај неговите територијални проблеми.

 
Последно уредено:
Серизен ли си? Абе луѓето работат а државата пари нема, не само што нема туку е и заглавена во долгови, ете кажав погоре, поефикасно полнење на касата.
Што доби овој народ што богаташите се ослободени од плаќање на 300 работи. Со тој профит што го прават од експоатиран народ што направија ново? апсолутно ништо, се сончаат по одмори на занзибар.

Држава нема пари затоа што властите ги крадат не дека успешниот плаќа помалце. Ако тоа не си го сфатил што праиме муабет овде незнам. Артан Груби со два саата школо да му купиме уште некое Ауди и уште некој локал у центар на Скопје. Која будала наивна си ти.
 
А ме занима Стојанче Ангелов кај е сеа да се јави, да каже нешто?
Или Солза Грчева... Павле Трајанов со Жоро.
Мн џавкаа пред избори. Да се стави крај на ДУИ, незнам ти што.
А сега после 2 недели? #како до сега а?
Ниски играчи... мизерија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom